Култура
„Фани мани“ во Театар 007

Во текот на ноември, како дел од редовниот репертоар на независната театарска сцена Театар 007, ќе биде поставена култната комедија „Фани мани“ од Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски, а премеирата се очекува набрзо.
Во текот на ноември, како дел од редовниот репертоар на независната театарска сцена Театар 007, ќе биде поставена култната комедија „Фани мани“ од Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски, а премеирата се очекува набрзо.По пауза од речиси пет години, љубителите на мајсторските комедии повторно ќе имаат можност да уживаат во несекојдневните ситуации и комични сплетки од претставата „Фани мани“, овојпат како дел од репертоарот на Театар 007, кој работи во рамките на Универзална сала – Скопје. Оваа претстава чија премиера беше пред безмалку десет години и во продукција на приватниот театар на комедијата „Истриони“ сé уште е голем предизвик за македонската публика. Хуморот и најразличните комични ситуации во оваа претстава, веќе десет години успешно ги споделуваат со публиката доајените на македонското актерство Благоја Чоревски, Марија Кондовска, Владимир Ангеловски, Катерина Коцевска, Ванчо Петрушевски, Лазе Манаскоски, Димче Мешковски.Театар 007, како независна продукција која работи во рамките на Универзална сала – Скопје, со оваа претстава уште еднаш ја потенцира важноста за постоењето на независните театарски продукции во Македонија, кои се мета на многубројната публика. Претставата „Фани мани“ ќе биде само уште еден сегмент од различноста која ја нуди репертоарот на Театар 007, покрај веќе постоечките „Магија еделвајс“ од Дејан Дуковски, „Игра“ од Данил Хармс, „Ќелавата пејачка“ од Е. Јонески, „Отпушоци“ од Н. Аманити и првата УВ претстава за деца „Сината птица“ од М. Метерлник. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.