Контакт

Култура

„Денови на македонската култура“ во Естонија

Објавено пред

Македонскиот министер за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Естонија ќе присуствува на манифестацијата „Денови на македонската култура“.

dobivaj vesti na viber

Македонскиот министер за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Естонија ќе присуствува на манифестацијата „Денови на македонската култура“.

Предвидено е во рамките на манифестацијата министерот за култура денеска во Талин, во концертната сала „Нокиа“, да се обрати пред почетокот на концертот на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“.

Според најавата, Канчевска ќе присуствува и на изложбата „Ин ситу“, која во организација на Музејот на современата уметност ќе прикаже дела од современото македонско сликарство.

Манифестацијата „Денови на македонската култура“, која за првпат се одржува во оваа балтичка земја, беше отворена во Националната библиотека на Естонија со изложбата „Македонски народни носии и везови“ на Музејот на Македонија, а во сабота ќе биде заокружена со настапот на светски познатиот македонски диџеј Кирил Џајковски.

Презентацијата на македонската култура во Талин претставува извонредна можност за презентација на еден мал, но значаен сегмент од македонските културни вредности како нераскинлив дел од европскиот културен мозаик. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Премиерен концерт на Лука Шестак во Македонска Филхармонија

Објавено пред

На 19 октомври, сабота со почеток во 20.30 часот како дел од европската турнеја во Големата Сала на Македонска Филахармонија за прв пат во Македонија ќе настапи германскиот пијанист Лука Шестак.

dobivaj vesti na viber

Пијанист и композитор, кој е светски признат по својата виртуозност, комбинирајќи класична музика со џез, поп, блуз, фанк, хип-хоп и електронски стилови . Со неверојатни 30+ милиони прегледи на неговиот You Tube канал, а воедно и добитник на меѓународни престжни награди во областа на музиката слободно може да се каже дека ѕвездата е родена.

По неговото издание во 2020 година на синглот „Right or Wrong“ за Sony Music, Шестак се враќа до неговите корени со албумот „Lighter Notes “ со кој и премиерно ќе се претсави на македонската публика.

„Во текот на годините, мојата музика беше под влијание на џез, фанк, поп, блуз, хип хоп и електро битови. Со „Lighter Notes“ сакав да создадам албум кој ги прикажува овие влијанија, но не е „вообичаениот“ албум со џез звук што може да се очекува“, ќе изјави Шестак.

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков се сретна со министерката за култура на Црна Гора, Вујовиќ

Објавено пред

На маргините на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Тамара Вујовиќ.

dobivaj vesti na viber

На средбата, министрите се согласија дека соработката во областа на културата меѓу двете држави е на одлично ниво, со можности за нејзино унапредување. Во тој контекст беше истакнато и значењето на потпишаната Програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за периодот 2023 – 2026 година, која ќе овозможи интензивна соработка, особено на полето на музичко-сценската дејност и во филмската дејност.

Министрите се согласија дека репродуктивни уметници и ансамбли редовно гостуваат на позначајните фестивали и манифестации во двете земји. Со оглед на тоа што во Црна Гора сè уште не се воспоставени одредени институции, министерот Љутков предложи гостувања на сродни институции од земјава, со што ќе се овозможи претставување на македонската култура и традиција во Црна Гора.

Љутков и Вујовиќ споделија и свои мислења околу начинот на функционирање на министерствата, при што министерот Љутков ја информираше министерката Вујовиќ за проширувањето на надлежностите на Министерството во областа на туризмот.

Црногорската министерка побара помош од македонска страна за соработка на полето на заштитата во смисла на размена на искуства, студентски престои од оваа област.

Министрите се осврнаа и на соработката на мултилатерален план, при што министерката Вујовиќ го покани министерот Љутков да присуствува на министерскиот состанок на иницијативата КОМОКОСЕЕ на крајот на ноември.

Прикажи повеќе...

Култура

Две награди за „Молкот на сирените“ на интернационалниот филмски фестивал во Тетово

Објавено пред

Играниот филм „Молкот на сирените“ во режија на Газменд Нела ја имаше Македонската фестивалска премиера на 23-ти септември во рамките на 13. Интернационален филмски фестивал во Тетово ОДА, каде жирито на натпреварувачката програма Cine Balkan Panorama му ги додели наградите: најдобар режисер и најдобар актер за остварувањето на Сунај Рача.

dobivaj vesti na viber

Месецов, „Молкот на сирените“ доби уште две награди: Најдобар балкански филм и Најдобар актер, исто така на Сунај Рача, на 16 издание на Интернационалниот филмски фестивал во Приштина – ПриФест.

„Молкот на сирените“ имаше Светска премиера на 20-ти октомври минатата година, во официјалната програма на реномираниот интернационален филмски фестивал во Сао Паоло.

Приказната го следи Авни, сообраќаен полицаец во мало гратче во Косово. Тој и неговиот колега Гезим примаат ситно мито од возачите кои ги сопираат поради пребрзо возење. Една вечер, мислејќи дека ја прават вистинската работа, спроведуваат во полициска станица меѓународен обвинител, кој претходно се обидува да им побегне, возејќи под дејство на алкохол и со торба полна со готовина во автомобилот. Авни и Гезим се вплеткуваат во случај на корупција од голем размер.

Нашата истакната актерка Амернис Нокшиќи толкува една од главните улоги, а во филмот играат и: Сунај Рача, Рина Красниќи, Алмир Суходоли, Кумрије Хоџа, Нана Лимани.

Режисерот, Газменд Нела се потпишува и како автор на сценариото, а свој авторски придонес во филмот дадоа: кинематограферот Стефан Кути (Швајцарија), монтажерот Феликс Сандри (Швајцарија), компзиторот Борис Гетаз (Швајцарија), Филип Сиомпи (Швајцарија) како дизајнер на звук, сценографијата е на Влатко Чачоровски во соработка со Арбен Шала (Косово), костимографијата е на Иса Бушарла (Швајцарија) и Мрика Келменди (Косово).

„Молкот на Сирените“ е копродукција помеѓу: Фрејм, Иконе Студио (Косово), Алва Филм (Швајцарија), Скопје Филм Студио и Албаскај (Албанија), со поддршка од: Косовскиот Кинематографски центар, Швајцарска федерална канцеларија за култура, Свис Филмс, Лотери Романд, Швајцарска Радиотелевизија, Агенцијата за филм на Северна Македонија. Продуценти на филмот се Валон Бајгора, Арбен Шала, Брита Ринделауб, Томас Рајхлин, Томи Салковски, Паскал Семини, Газменд Нела.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

(Видео) Американците објавија снимка од пресретнувањето на руските авиони, за малку ќе дојдеше до несреќа

Северноамериканската воздушна и вселенска одбранбена команда (НОРАД) објави видео од ескадрила ловци пресретнувачи Ф-16Ц, кои доживеаја инцидент на небото во...

Македонија55 минути

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на...

Свет2 часа

(Видео) Тројца загинати, 15 повредени во напад со нож во Шангај

Три лица загинаа, а 15 се повредени во напад со нож во супермаркет во Шангај вчера, јави државната новинска агенција...

Свет3 часа

(Видео) Нападната американската воена база во Багдад

Неколку ракети Какуша беа истрелани ноќеска врз воена база во која се сместени американските сили во близина на меѓународниот аеродром...

Свет3 часа

Израелците го нападнаа главниот град на Сирија; Државната телевизија: Убиена е наша водителка

Тројца цивили загинаа, а девет се ранети во израелски напад врз главниот град Дамаск, објавија рано утринава државните медиуми, повикувајќи...

Македонија3 часа

Земјотрес со јачина 3.2 почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија20 часа

Застарува затворската казна за Груевски за набавката за „мерцедесот“

Експремиерот Никола Груевски се спаси од затворската казна за случајот „Тенк“ бидејќи на 4 октомври поминуваат шест години од правосилната...

Македонија21 час

МВР жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација, за Тошковски – подгревањето на меѓуетничките тензии е реалност на која работаат службите

Обидите за подгревање на меѓуетничките тензии се реалност за која надлежните служби проследуваат соодветни информации, рече денес министерот за внатрешни...

Топ21 час

Ужасен улов во Вардар: рибар од Тетово, наместо риба, извлекол торба со мини

Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен и морничав настан вчера додека бил на риболов. Според информациите од полицијата, тој...

Македонија21 час

Се соочивме со деструктивна опозиција, имаа осум години за балансерот, Законот за јазиците, а сега ја злоупотребуваат судската власт : Меџити за првите сто дена Влада

Демократско правило е првите сто дена да ѝ се дадат на новата власт да ги постави луѓето и да почне...

Македонија23 часа

Во јавните набавки има корупција, која е последица на политичките интереси, во цените има големи разлики, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите...

Македонија24 часа

Без знаци на живот утрово пронајдена планинарка, извести ЦУК

Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик...

Свет1 ден

Путин: „Ќе ги постигнеме сите цели, вистината е на наша страна“

Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе на Русите годишнината од обединувањето на ЛДПР, Керсон и Запорожје. „Диктатурата во Киев...

Македонија1 ден

„Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече будали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“. СДС упорно продолжува да...

Свет1 ден

Празни улици и страв кај граѓаните на Бејрут: по бомбардирањето, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште

По израелското бомбардирање минатиот викенд, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште. Многумина ја поминаа...

Европа1 ден

(Видео) Украина: Русите утрово го нападнаа Киев со дронови, сите ги соборивме

Русија рано утринава изврши неколку напади со беспилотни летала врз Киев, а единиците за противвоздушна одбрана успешно го бранат градот,...

Европа1 ден

Нови детали за смртта на Алексеј Навални: се појавија тајни документи

Рускиот портал „Инсајдер“, кој е на списокот на странски агенти, денеска објави стотина документи што содржат информации поврзани со смртта...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот предизвика катастрофални поплави во Америка, најмалку 90 загинати

Ураганот Хелен, кој на крајот на минатата недела ги опустоши југоисточните сојузни држави на САД, предизвика катастрофални поплави од Флорида...

Европа2 дена

(Видео) Избори во Австрија: крајната десница на прагот на победа, но никој нема да се приклучи на владата со неа

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата е на пат да победи на изборите. Според проекциите на резултатите, партијата предводена од Херберт...

Топ2 дена

Со скалпел го исекол на вратот и увото: обид за убиство на малолетник во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член...