Култура
Балканот е плодна почва за филмаџиите
Мила Тураљич, 32-годишната српска режисерка, смета дека најдобрите времиња на филмот во земјите од поранешна Југославија. Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Македонија, Црна Гора и Косово, допрва доаѓаат, пишуваше последните денови од минатат година International Herald Tribune.
Мила Тураљич, 32-годишната српска режисерка, смета дека најдобрите времиња на филмот во земјите од поранешна Југославија. Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Македонија, Црна Гора и Косово, допрва доаѓаат, пишуваше последните денови од минатат година International Herald Tribune.
Може да се рече дека голема група алентирани млади режисери од регионот имаат свое влијание во меѓународните филмски кругови… Но, регионот, исто така, ги привлекува и филмските режисери од странство. Режисерското деби на Анџелина Џоли, филмот „Во земјата на крв и мед” за војната во Босна и Херцеговина во деведесеттите години од минатиот век, делумно беше снимен во Босна, пишува весникот.Според авторот на написот, војните од 1990-те што ја распарчија Југославија, исто така. ја уништија и филмската индустрија.Странските режисери престанаа да доаѓаат, освен позначајните исклучоци како Емир Кустурица, а и локалната филмска индустрија пресуши.Сега, кога регионот е релативно стабилен и повеќето од земјите од поранешна Југославија се движат кон Европската Унија, филмската индустрија повторно оживува.„Чувствувам дека ова е време на големи случувања тука во смила на изразувањето“, рече Теона Стругар Митевска, македонска режисерка чиј последен филм „Жената што си ги избриша солзите”, ќе почне да се прикажува на фестивалите во почетокот на 2012 година.„Долги години поминувавме низ војни и правевме филмови за војните, но сега, сè повеќе зборуваме за други нешта. Стануваме поуниверзални во поглед на пораката”, дополнува тругар МитевскаВесникот забележува дека копродукциите за снимањето на филмовите имаат смисла, бидејќи во земјите како БиХ и Македонија недостига инфраструктура, вклучувајќи опрема, екипа и објекти за пост-продукција.Како што расте домашната филмска индустрија, така се зголемуваат и странските продукции. Барем засега, снимањето во повеќето држави од поранешна Југославија е поевтино отколку во држави како Унгарија или Романија, а со тоа што Хрватска и Србија неодамна воведоа даночни олеснувања за странските филмски продуценти, снимањето на еден филм во регионот може да биде уште поевтино, наведува Internatioonal Herald Tribune.Македонските продуценти, исто така, се надеваат наскоро да добијат нов закон за даночни стимулации, а владата неодамна објави план за инвестирање во филмско студио. Исто така, се разговара и за креирање на регионална база на податоци што ќе им олесни на странските продуценти да лоцираат домашни актери, да најдат екипа и објекти за продукција во различни држави./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.
Култура
Концерт на Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и Дино Имери во Музејот на македонската борба
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од: Бетовен, Шнитке, Шуман, Дебиси, како и композиции од Имери Илкоска, носејќи свеж и современ израз во концертната вечер.
Концертот е со слободен влез, претставувајќи ретка можност за љубителите на класичната музика да доживеат висок уметнички квалитет и инспиративна интерпретација.

