Култура
Монти Пајтон пак заедно во сф – комедија
Членовите на некогашниот „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“ (Monty Python’s Flying Circus) ќе ја снимат научно-фантастичната комедија наречена „Апсолутно ништо“ (Absolutely Anything), пишува во четвртокот интернет изданието на магазинот Variety.
Членовите на некогашниот „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“ (Monty Python’s Flying Circus) ќе ја снимат научно-фантастичната комедија наречена „Апсолутно ништо“ (Absolutely Anything), пишува во четвртокот интернет изданието на магазинот Variety.Режисерот на филмот, во кој компјутерската технологија ќе биде поврзана со играните кадри, ќе биде еден од членовите на групата – Тери Џонс, заедно со Тери Гилијам со кој во 1974 година го снимија филмот „Монти Пајтон и Светиот Грал“ (Monty and the Holy Grail). Сценариото Џонс и Гевин Скот го пишувале последните 20 години. Продуцент ќе биде Мајк Медавој, задолжен покрај за „Житието на Брајан по Монти Пајтон“ (Monty Pythons Life of Brian), и за „Островот на проклетите“ (Shutter Island ) на Мартин Скорсезе,. „Црниот лебед“ (Black Swan) на Дарен Аронофски и „Зодијак“ (Zodiac) на Дејвид Финчер.„Тоа, во крајна линија, не е филм за ’Монти Пајтон’, но, секако, смислата за хумор ќе биде во тој стил“, ги цитира весникот зборовите на Џонс.Режисерот уверува дека ѕвездите на „Пајтон“, Тери Гилијам, Џон Клиз и Мајкл Палин веќе се согласиле да учествуваaт во проектот, а сега продуцентите се убидуваат да го убедат уште и Ерик Ајдл.Сите тие ќе глумат вонземјани коишто доаѓаат на Земјата, и од љубопитност одлучуваат да му дадат на еден земјанин способност да ги исполнува сите желби. Покрај тоа, во филмот ќе има и куче коешто зборува и со пророчки способности, за што се преговара со Робин Вилијамс.„Тери Гевин создаде уникатна фарса – а јас сум во тоа откако ги разбрав сите серијали на ’Пинк Пантер’, вели Медавој.Неговиот претходен филм, екранизацијата на класичната бајка „Ветер во врбите“ (The Wind in the Willows), Тери Џонс го сними во 1996 година. Во последниве години тој е зафатен со пишување книги, а заедно со Ен Дадли ги направија оперите „Приказната на Докторот “ (The Doctor’s Tale) и „Бувот и мачката“ (The Owl and the Pussycat), како и варијацијата на „Оревокршачката“ во хеви метал обработка.Комичарите од „Монти Пајтон“ последен пат се појавија заедно на фестивалот во Аспен (Aspen Comedy Festival) во 1998 година, кога кај себе ја имаа урната во којашто, како што тие тврдеа, се чува пепелта на починатиот член на групата Греам Чепмен.Апсурдниот хумор на „монтипајтоновниците“ се прослави низ целиот свет благодарејќи на телевизиското шоу „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“ коешто се емитуваше на BBC во периодот од 1969 до 1974 година. Потоа тие ги снимија филмовите „Монти Пајтон: А сега нешто сосема друго“, „Смислата на животот по Монти Пајтон“, „Монти Пајтон и Светиот Грал“, „Житието на Брајан по Монти Пајтон“. Паралелно, групата настапуваше на концерти, издаваше музички албуми, книги, постави мјузикл. Но, и покрај својот успех, во 1980-тите групата се распадна, а поголемиот дел од нејзините членови продолжија со соло кариера. Во 2009 година, Клиз, Палин, Џонс, Ерик Ајдл и Гилијам ја добија наградата BAFTA.Датумот на конечната реализацијата на „Асполутно ништо“ сé уште не е определен, но почетокот на снимањето е закажано за пролетта./крај/вар/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.
Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.
Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.
Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.
„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.
Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.
Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.
Култура
Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија
Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.
Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.
Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.
Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.
Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.
Целосна ПРОГРАМА
Култура
Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо
Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.
Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.
Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

