Култура
Во Бразил откриена најстарата карпеста уметност во Јужна Америка
Бразилски и американски археолози во внатрешност на една пештера во Бразил открија карпесто сликарство – петроглиф чијашто старост се проценува на 10 илјади години, што го прави најстариот примерок од уметноста од овој вид во Јужна Америка, се вели во написот објавен во списанието PLoS One.
Бразилски и американски археолози во внатрешност на една пештера во Бразил открија карпесто сликарство – петроглиф чијашто старост се проценува на 10 илјади години, што го прави најстариот примерок од уметноста од овој вид во Јужна Америка, се вели во написот објавен во списанието PLoS One.Се верува дека предците на Индијанците од Северна и Јужна Америка продреле на просторите на Новиот свет преку теснецот меѓу Чукотка и Аласка пред околу 16 до 15 илјади години. Во тој период тие успеале да ја уништат локалната мегафауна – мастодонти и други големи животни – и се раселиле на сите тритории на двата континента. Тие оставиле малку траги во вид на погребни предмети или слики, поради што нивната култура и традиции остануваат мистерија за археолозите.Тимот археолози предводен од Валтер Невес од Универзитетот во Сао Паоло, во Бразил, од 2002 до 2009 година вршеше ископувања во пештерата Лапа ду Санто, 30 километри северно од бразилскиот град на Бело Оризонте.Оваа пештера е дел од карстот Лагуа Санто, синџир од пештери други вдлабнатини во карпите, којшто опфаќа вкупно околу 1.300 квадратни метри. Во оваа област, научниците често наидуваат на коски од древните животни и луѓе, како и карпести „живописи“ на ѕидовите од засолништа.За време на екстракција на почвата од дното на пештерата, Невес и неговите колеги откриле многу траги од огништа, остатоци од храна и мали парчиња од ислужени алатки со кои се користече дамнешните жители на Лапа ду Санту. Соодносот на изотопите на јаглерод во органските траги од човековото живеење во пештерата укажуваат на тоа дека првите луѓе тука пристигнале пред околу 10 илјади години.На крајот на ископувањата археолозите откриле на еден од ѕидовите на засолништето петроглиф – цртеж врежан директно на карпа. На малата „слика“ со димензии 20 до 30 центиметри на праисторискиот уметник насликал фигура на човек, методично изработена со длабење многу дупки во цврстиот ѕид на пештерата.Човекот има две раце со три прста на секоја од шаките, големи нозе и глава во форма на буквата „С“. Главниот лик на уметникот претходник на современите Индијци, веројатно, бил маж, на што укажува хипертофираниот (пренагласениот) фалус во долниот дел од „делото“. Научниците пресметале дека древниот уметник ја завршил сликата пред околу 9,3 до 10 илјадни години.Слични насликани фигури беа претходно пронајдени во другите делови на пештерскиот комплекс Лагуа Санта, како и во други пештери во Северна и Јужна Америка. Сепак, овие петроглифи се малку помлади од пронајдокот на Невес и неговите колеги – нивната старост е меѓу девет и две илјади години.Со други зборови, оваа форма на уметност била многу популарна меѓу древните народи и нивните потомци, преживувајќи илјадници години и бил раширена низ целиот континент. Истражувачите веруваат дека ширењето на слични форми на карпестата уметност покажува дека древните Индијци ги разменувале не само тајните на производството на алатките, туку исто така и културните и религиозните сознанија./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Љубов, серенади и поезија во срцето на Дебар Маало
Општина Центар и годинава е домаќин и покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, која се одржува по повод празникот на виното и љубовта, во организација на здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите од Општина Центар.
Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, каде што градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, симболично закрои лозово гранче и испрати порака за љубов и мир.
„Центар ќе продолжи да ја поддржува оваа прекрасна традиција, која нè враќа во старите убави времиња на серенади, поезија и романтика. Дебар Маало и денес е место каде што се негуваат дружењата, уметноста и културата. Наша обврска е да ги чуваме овие вредности и да ги пренесуваме на идните генерации“, рече Герасимовски.
Програмата продолжи со поетски рецитал, староградска музика и прошетка низ дебармаалските улички и ресторани. Со поддршката на ваквите културни настани, Општина Центар ја потврдува својата посветеност на зачувување на традицијата, културното наследство и автентичниот боемски дух на Дебар Маало.
Култура
Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата
Кога уметноста и хуманоста ќе се спојат, резултатот е вистинско ремек-дело.
Полна сала, насмевки и громогласен аплауз во Театар Комедија го одбележаа изведувањето на претставата „Олд Сејбрук“, првата за која компанијата Mozzart им делеше бесплатни билети на граѓаните.
Со оваа фантастична комедија започна проектот „Театарот на хуманоста“, кој има двојна цел – да им овозможи на љубителите на театарот да уживаат во претстави без да купуваат карти, а истовремено да поттикне хуманост преку донации за Банката за храна на Македонија.

Посетителите добиваа флаери со број за донации, а секоја испратена порака значеше бесплатен оброк за оние кои не можат да си го дозволат.
„Прекрасно е што секој има можност да дојде и да ја погледне претставата, а истовремено да направи добро дело,“ порача актерката Маја Љутков, која ја толкува една од главните улоги во претставата.
Од компанијата Mozzart велат дека ова е само почеток: „Успешно ја започнавме реализацијата на проектот ‘Театарот на хуманоста’. Целта е љубителите на театарот да уживаат во културни содржини, а истовремено да донираат за хуманитарни цели. Првата претстава помина одлично, а веќе се подготвуваме за следната,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Фактот дека картите беа поделени за само половина час зборува за огромната љубов на граѓаните кон театарската уметност. Токму затоа Mozzart најавува уште неколку бесплатни претстави, продолжувајќи да ја поддржува културата и хуманоста.
(ПР)
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.

