Контакт

Култура

Шон Пен добитник на наградата на нобеловците

Објавено пред

Американскиот актер Шон Пен е овогодинешниот добитник на наградата „Peace Summit“ којашто ја доделуваат добитниците на Нобелова награда за мир.

Американскиот актер Шон Пен е овогодинешниот добитник на наградата „Peace Summit“ којашто ја доделуваат добитниците на Нобелова награда за мир. Актерот наградата ја добива за придонесот во опоравувањето на Хаити по разорниот земјотрес од 2010 година. Шон Пен наградата ќе ја прими на 12-от светски самит на добитниците на Нобелова награда за мир, кој ќе се одржи следниот месец во Чикаго на кој меѓу другите ќе бидат присутни и Далај Лама и Лех Валенса. Актерот соопшти дека е почестен со оваа награда. Шон Пен веднаш по земјотресот на Хаити допатувал во земјата и воспоставил хуманитарна организација којашто денес се вика „J/P Haitian Relief Organization“. Таа помогнала и сé уште помага на десетици илјади луѓе околу лечење, живеење и школување. Секоја година на светскиот самит добитниците на Нобелова награда за мир избираат човек од светот на забавата и културата кој се залага за човековите права и ги шири начелата за мир и солидарност во светот, а така придонесува за развој на меѓународното општествено право. Послените пет години оваа награда ја добија Роберто Баџо, Ени Ленкос, Боно Вокс, Џорџ Клуни и Питер Габриел./крај/хи/км



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Премиерно прикажување на дигитално реставрираната верзија на „Мирно лето“

Објавено пред

Синоќа во летното кино на Кинотеката, со свечена церемонија беше претставена дигитално реставрираната копија на македонската филмска комедија „Мирно лето“ на Димитрие Рули Османли.

На летната кинотечна сцена, токму со филмот по кој таа го носи името, директорот на Кинотеката Владимир Ангелов го претстави и веќе добро познатиот проект под име „Сезона на класични филмови“ (Season of Classic Films), кој веќе втора година по ред се организира од страна на Асоцијацијата на европски архиви ACE (франц: Association des Cinémathèques Européennes – ACE; анг: Association of European Cinematheques), каде што Кинотеката е членка уште од 1998 година. Во оваа ексклузивна ревија на архивски и реставрирани филмски класици вклучени се и филмските архиви од Брисел, Амстердам, Париз, Осло, Торино, Лозана, Болоња, Берн, Франкфурт, Будимпешта, Лисабон, Прага, Барселона, Даблин, како и филмските архивите од Загреб, Белград, Атина, Тирана, Софија.

„Целта на оваа иницијатива координирана од ACE и финансиски поддржана од програмата MEDIA на Европската комисија е да се доближи европското филмско наследство до публиката и да се запознае младата популација со она што за постарите претставува „филмска класика“, што повеќе луѓе да погледнат што повеќе наслови од европската филмска ризница – со проекции во живо и он-лајн, со лајв стрим пренос – а филмските архиви и институции да ги споделат со светот своите реставрирани филмови“, рече на почетокот на поздравната реч Ангелов.

Освен присутните гледачи кои го исполнија дворот на Кинотеката, проекцијата на „Мирно лето“ можеше да се следи и он-лајн преку лајв стримингот на Фејсбук и Инстаграм профилите на Кинотеката, како и од јутјуб каналот.

Филмот „Мирно лето“ нема целосни оригинални негативи, туку само позитив 35-мм копии кои останале од кино-дистрибуцијата во минатото, кои денес не се технички соодветни за проекции. Затоа тимот на Кинотеката – Игор Старделов, филмолог-советник и раководител на Архивот, Александар Трајковски, филмолог и Тихомир Кашмицовски, филмски техничар – го надгледуваа процесот на скенирање на интернегативи во 2К-резолуција, кои беа обработени од лабораторијата „Клик филм“ во Загреб, Хрватска. Звукот исто така беше дигитално обновен и завршен е новиот 2K мастер, од кој сега се достапни DCP и други дигитални верзии за прикажување и архивирање.

Изминативе месеци Кинотеката редовно на своите профили на социјалните мрежи постираше линкови од проектот „Сезона на класични филмови“, кои можеа бесплатно да се гледаат и тоа неколку денови по ред, збогатени со он-лајн дискусии, експериментални музички настапи како илустрации на некои од филмовите, видео-приказни за процесите на реставрација… Националните Филмски архиви/Кинотеки самостојно одлучуваат не само кој наслов ќе го прикаже во рамките на проектот, туку и со какви придружни содржини ќе го збогати искуството на гледање филмски класици.

На 16 јуни (среда) во 20 часот, Кинотеката на Македонија ќе го прикаже првиот македонски игран филм „Фросина“ на Воислав Нановиќ во летното кино и он-лајн.

Проектот на европските кинотеки започна со Југословенска кинотека во декември со немиот филм ГРЕШНИЦА БЕЗ ГРЕВ (Грешница без греха, 1930) на Коста Новаковиќ, потоа следуваше проектот на Филмотеката на Валенсија (Шпанија) – САНЗ И ТАЈНИТЕ НА НЕГОВАТА УМЕТНОСТ (Sanz y el secreto de su arte, 1918) на Максимилијано Тус и Франциско Санз (Maximiliano Thous & Francisco Sanz). До крајот на јуни 22 Кинотеки, члени на ACE, ќе ги претстават класичните филмски бисери од нивните (каталогот на „Сезоната на класични филмови“ можете да го симнете ТУКА).

Во духот на ведрина што веќе 60 години го емитува комедијата МИРНО ЛЕТО, публиката имаше можност да го проследи получасовниот концерт на квинтетот на пејачот Џон Илија Апелгрин, кој е и внук на актерот Илија Џувалековски, еден од главните ликови во филмот (Харалампие). Вокалистот Апелгрин, Гордан Спасовски – пијано, Кирил Туфекчиевски – контрабас, Гоце Стефковски – тапани и Кире Кузманов -алт саксофон исполнија неколку домашни и странски евергрин мелодии од втората половина на минатиот век, кога е создаван МИРНО ЛЕТО.

Ангелов ги пренесе срдечните поздрави од филмскиот сценарист и романсиер Томислав Осмални, син на Рули, а меѓу присутните беше и Димитар Рули Османли Помладиот, внукот на режисерот, како и наследниците на учесниците во МИРНО ЛЕТО.

Публиката во летното кино и гледачите на он-лајн преносот можеа да го проследат и десетминутното видео-обраќање на д-р Атанас Чупоски, филмолог-советник во Кинотеката, кој исцрпно ги запозна гледачите со историјатот на филмовите ФРОСИНА и МИРНО ЛЕТО. Со низа детали и по некоја анегдота Чупоски на гледачите им ги презентираше историските и естетските аспекти на овие пионерски наслови во македонската кинематографија.

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со претставата „Кец на десетка“ ќе гостува во рамките на манифестацијата „Струмица – град на културата“

Објавено пред

Претставата „Кец на десетка“ по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар ќе гостува во рамките на манифестацијата  „Струмица – град на културата“ за 2021 година.

Изведбата на претставата е закажана за 12 јуни со почеток во 20 часот и ќе биде одиграна на сцената во Домот на културата „Антон Панов“, Струмица.

Претставата е комедија со спонтан хумор кој брзо ја освојува публиката. Текстот има едноставна мисија да ја воведе публиката во хумористичното дејство на претставата кое се одвива во едно сосема нормално семејство што ќе се собере за да го запознае идниот зет, при што ситуациите и околностите ги наведуваат ликовите во поинаква насока.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ.

Прикажи повеќе...

Култура

Сара Климоска на официјалната церемонија за наградата ‘Shooting Stars’

Објавено пред

Сара Климоска деновиве е во Берлин, каде ќе присуствува на официјалната церемонија за доделување на наградата Shooting Stars 2021, награда за европски актери во подем.

Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 14 јуни, непосредно пред проекцијата на филмот I’m Your Man на Maria Schrader во рамките физичкото издание на Берлинскиот филмски фестивал.

Сара Климоска беше номинирана за оваа награда од страна на Агенцијата за филм, која е долгогодишна членка на European Film Promotion, во чија организација е овој исклучителен проект за промоција на талентирани актери во Европа. Сара Климоска, наградата ја добива за нејзината улога во дебитантскиот филм на Игор Алексов, „Лена и Владимир“, во продукција на Минд Продукција, според сценариото на Александар Русјаков.

Добитници на Shooting stars за 2021 година се уште девет европски актери.

Во рамките на неколкудневниот настан – Shooting stars 2021 кој се одржа виртуелно, последната недела во февруари, непосредно пред Берлинскиот филмски фестивал, сите овие актерски имиња имаа прилика да присуствуваат на состаноци, виртуелни претставувања и интервјуа со кастинг директори, агенти и продуценти.

Од Македонија досега оваа награда ја добиле Благој Веселинов во 2019, Наташа Петровиќ во 2011 и Лабина Митевска во 1998 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт43 минути

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија5 часа

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија7 часа

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија7 часа

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија9 часа

„Кога пилите ќе стивнат“ – утре протест против сечата на дрвја

За утре со почеток во 12 часот, на улицата Орце Николов , најавен е протест против сечата на дрвја. Зад протестот...

Македонија10 часа

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија11 час

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт11 час

Арнаутовиќ: Не го отпишувајте Пандев поради неговите години

Македонија и Австрија, утре ќе го одиграат првиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Дуелот на двете селекции, во Букурешт,...

Спорт1 ден

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион1 ден

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија1 ден

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија1 ден

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија1 ден

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија1 ден

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија1 ден

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија1 ден

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија1 ден

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ1 ден

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет1 ден

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Досие