Контакт

Култура

„Кенгур“ пристигнува во Скопје

Објавено пред

По минатогодишниот фантстичен стандап-настап на сцената на македонската филхармонија, еден од најдобрите балкански актери со холивудска кариера, Никола Ѓуричко, повторно гостува во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Човекот кој на големото платно одигра фантастични ликови во легендарни филмски остварувања, како „До коска“ (Do koske), „Молњи“ (Munje), „Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур“ (Kad porastem bicu Kengur), „Зона Замфирова“ и секако ликот на Јури во мегапопуларната продукција на „Нетфликс“, Stranger things, овој пат гостува со својот бенд ЏОНИ МИДНАЈТ ТРИО.

ЏОНИ МИДНАЈТ ТРИО е остварување на детскиот сон на Ѓуричко.

Бендот е основан во едно студио во Лос Анџелес во 2021 година.

Триото го сочинуваат Никола (ЏОНИ) Ѓуричко – гитара и вокал, Александар (МЕКСИКО) Пантиќ – бас и Срѓан Миленковиќ – тапани.

Од опуштено џемување во студио во пандемските времиња во 2020 преку пријателска музичка размена до идеја за формирање бенд и објава на нивниот деби албум со наслов „По сеќавање“.

Албумот се состои од авторски песни, но и преработки што триото ги сними кон крајот на 2022 година во студио во ЛА. Брас-секцијата, пак, е снимена во белградско студио, а потоа целиот материјал е пратен на финален микс кај познатиот продуцент Мајкл Патерсон во ЛА.

Ова е прва турнеја на бендот. На настапот на ЏОНИ МИДНАЈТ ТРИО во Скопје ќе можете да ги слушнете нивните авторски дела, но и нивна верзија на топонимите на југословенскиот рокенрол: ЕКВ, Дадо Топиќ, Слаџана Милошевиќ, КУД „Идиоти“, „Азра“, Шарло Акробата.

Авторските песни се создадени токму под влијание на овие рокенрол-класици, односно во периодот кога младиот Ѓуричко се обидел да создава музика за 30-ина години подоцна, по сеќавање, без нотен запис, да ги рекреира, сними и издаде на носач на звук.

Интересна, несекојдневна и возбудлива вечер во најава.

Настанот е најавен за 3.7.2024, со почеток во 21 часот, во „Паблик рум“ (тераса).

Влезници по прва цена од 900 денари достапни на: https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=420.

Капацитетот е строго ограничен.

Култура

(Видео) Љутков: Се обврзувам на многу инвестиции во културата- со развиена култура ќе имаме посреќно општество

Објавено пред

Се обврзувам на многу инвестиции во културата- со развиена култура ќе имаме посреќно општество, вели  Зоран Љутков – предлог за министер за култура во новата Влада.

dobivaj vesti na viber

„Доаѓам од штиците што живот значат. Доаѓам од сцената каде скоро 2 децении го давам својот максимум знам како размислуваат уметниците, знам што и е потребно на културата. 7 години министерството за култура беше се само не тоа што треба да биде. Никогаш повеќе не била оддалечена фелата од културата како што тоа е сега, никогаш повеќе не биле понижени културните работници од тоа што се изминативе 7 години.

Време е за промени, ветувам дека ќе свртам нов лист. Се обврзувам на многу инвестиции, нови и реновирани сцени, поддршка за македонскиот филм, македонските фестивали, музика, ликовна уметност, издаваштво, поддршка за актерите, заштита на културното наследство и подобри услови за работа. Достоинствена меѓународна презентација, знам точно што треба да се направи, културните работници ќе добијат елан за работа и тврорештво тоа го ветувам со развиена култура имаме посреќно општество. Македонија за сите, Македонија за тебе, почнуваме!“, порача Љутков.

Прикажи повеќе...

Култура

Рациново признание за Фросина Пармаковска

Објавено пред

Фросина Пармаковска со романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е добитничка на Рациновото признание за 2024 година. Наградата ѝ беше врачена на 19 јуни на свеченото отворање на 61 издание на Рацинови средби во Спомен-костурницата во Велес.

dobivaj vesti na viber

Одлуката за наградата во конкуренција од 25 книги ја донесе жирито во состав: Светлана Петрова Џамбазова (претседателката) и Маја Апостоловска и Јасминка Делова Сељанова (членки).

Во образложението на одлуката за наградениот роман меѓудругото стои:

„Ова е дело коешто го користи навидум индуктивниот метод, поаѓајќи од ликовите нѐ запознава со основните развојни линии на приказната, пополнувајќи ја секојпат со новина за главниот лик Иван и за неговото најтесно (пријателско и роднинско) опкружување. На тој начин авторката создава една сложена структура на ликови, односи, релации, настани, давајќи ни детали и за другите ликови, но секогаш враќајќи го фокусот на нарацијата токму на главниот лик и на неговите интимни чувствувања, размисли, расположби и стравови, со коишто не е секогаш во состојба да се соочи и запаѓа во меланхолични до депресивни кризни состојби.

Авторката го прифаќа предизвикот низ објективни истражувачки постапки да дојде до свои сопствени сознанија, прекршени низ призмата на својот сеизмографски прецизен сензибилен капацитет и да проговори топлочовечки, раскажувачки вешто за депресивните нарушувања сѐ поприсутни кај човекот денеска, за аферата на украдените бебиња во поранешна Југославија, за којашто многу се пишувало и се истражувало години по случувањата, за прашањата коишто го мачат човекот денеска шекспировски можеби, но и онтолошки, гносеолошки, теолошки, песимистички, оптимистички, реални, магични и магиски… сугерирајќи ни повеќестран приод кон суштинското во приказната.“

Романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е во издание на издавачката куќа Или-Или како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА.

Прикажи повеќе...

Култура

Во Слоештица ќе биде одбележана 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски

Објавено пред

Со културна манифестација ќе биде одбележана 90 годишнината од раѓањето на македонскиот писател и поет, Петре М. Андреевски.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе се одржи во  родното село и вечното почивалиште – с. Слоештица, Демир Хисар, во вторник (25 јуни) во 13 часот, а истиот е во организација на Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошки факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенското собрание при УКЛО, -АРТ ПОИНТ – ГУМНО, с. Слоештица и Europe House – Битола.

Покрај посета и оддавање почит на гробот на Петре во селото Слоештица, предвидена е реализација на културна манифестација која вклучува литературно читање на дел од поезијата на Петре М. Андреевски и квиз со едукативен карактер, поврзан со ликот и делото на Петре М. Андреевски. Литературното читање и квизот ги подготвија студенти од Педагошки факултет – Битола, и истите ќе се реализираат во реновираниот Задружен дом во селото Слоештица.

Настанот ќе заврши во АРТ ПОИНТ – ГУМНО со свечено откривање на склуптура, инспирирана од прочуената „Дениција“ на Андреевски, а изработена од познатиот македонски уметник, Никола Пијанманов.

На настанот свое присуство и обраќање најави и Амбасадорот Дејвид Гир од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Закани за животот упатени кон судии пријавил претседателот на Уставниот суд во МВР

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и...

Македонија2 часа

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, ветува враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда. Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на...

Македонија2 часа

(Видео) Примопредавање во Владата: Мицкоски ја презеде премиерската функција

Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, му ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател...

Македонија3 часа

Герапетритис: Флагрантно кршење на договорот од Преспа од страна на раководството на Северна Македонија

Одлуката на државното и политичкото раководство на Северна Македонија да не се користи „уставното име на земјата во јавниот дискурс...

Свет3 часа

Борел: Путин се подготвува за долга војна, конфликтот на Блискиот Исток може да се прошири

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за долга војна и предупреди на...

Свет4 часа

Бројот на загинати за време на годинешниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300

Бројот на починати за време на годинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави денеска министерот за здравство на...

Македонија4 часа

Левицата: Уапсени моќници со дрога блиски до Максим и ЗНАМ во Охрид

Во текот на минатата недела, во акција на Охридската полиција, со поголема количина дрога беа уапсени три лица, кои се...

Свет4 часа

Најмалку 15 полицајци и неколку цивили убиени во кординарани терористички напади во Русија

Во терористичките напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили,...

Свет5 часа

Екипажот на товарен брод во грчка сопственост полесно повреден од напад на Хути во Црвеното Море

Екипажот на товарен брод, кој пловел под знамето на Либерија и е во сопственост на Грција, полесно е повреден во...

Македонија5 часа

ЦУК: 2.699 повици на 112 во последното деноноќие, невреме во Тетовско и Скопско и 15 пожари на отворено, два сѐ уште активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 699 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Македонија5 часа

Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја: ЦУК за невремето во Тетово

Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот...

Македонија14 часа

Избрана новата Влада на чело со Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани беше изгласана новата Влада. Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а...

Македонија15 часа

Мицкоски: Ќе ја кажам срамната придавка, во моментов сум немоќен

Луѓето што ме знаат, тие знаат дека мојот збор планина тежи. Ќе правам се додека сум жив неправдата да ја...

Македонија17 часа

(Видео) Оградата од мостот во Автокоманда падна врз две возила

Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, во екот...

Свет17 часа

Напаѓачи упаднаа во црква и синагога во Русија, убија полицајци, му го пресекоа грлото на попот

Вооружени напаѓачи отвориле оган врз синагога, православна црква и полициска станица во рускиот регион Дагестан, а неколку луѓе биле убиени,...

Македонија17 часа

(Видео) Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја

Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје....

Македонија18 часа

Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми

Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје. Бебето...

Македонија19 часа

ЕВН ќе ја гасне струјата во Тетово поради опасноста од струен удар по силното невреме

ЕВН ќе ја исклучува струјата улица по улица и населба по населба во Тетово поради опасноста од струен удар по...

Македонија21 час

МВР со детали за смртта на пратеникот од СДСМ: паднал од кровот на викендичката на Осогово и загинал

Полицијата објави детали за несреќата во која вчера животот го загуби пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Според информациите,...

Топ1 ден

Возач со автомобилот удри во 77-годишен мотоциклист во Штип и побегна од местото

Вчера на улицата Гоце Делчев во Штип, автомобил удри во мотоцикл „баотиан’ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од...