Култура
Академскиот сликар Ангел Петров со изложба одбележа 80 години живот и 55 години творештво
Велешкиот уметник, Ангел Петров со 45 слики масло на платно поставени во Ликовниот салон во Велес одбележува 80 години живот и 55 години творештво.
Со своето творештво Петров со сигурност може да се каже дека остава траен белег во македонската ликовна уметност и култура. Неговото богато творештво и е познато и на ликовната јавност во Македонија, но и во бившите југословенски републики и на европската и светска ликовна публика. Петров имал среќа да учи од најдобрите, Личеновски, Мартиновски и Коџоман.
Според Дора Андова Фотева, историчар на уметност, творештвото на Петров се состои од пет ликовни фази, пејзажи, портрети, актови, коњи и велешка архитектура.
„Дел од неговото творештво е изработено во масло, пастел, акварел, туш, акрилик и комбинирани техники. Ангел Петров заслужува да биде еден од плејадата на македонски академски уметници затоа што неговите дела остануваат во ризницата на современата македонска уметност“, рече Андова Фотева.
Академскиот сликар Петров е жива легенда меѓу уметниците. Тој покрај дарбата за создавање на прекрасно ликовно дело има и преубав глас.Оние кои имале можност да уживаат во песната на Петров велат тоа е нашиот велешки Павароти.
„Најмногу ги сакам пејзажите, ја сакам светлината и светлите бои, во моите слики најважен е колоритот на бои. Инспириран сум од природните убавини на околината на Велес кои се често застапени во моите дела. Ја сакам музиката, посебно оперските арии кои се моја втора љубов, па затоа секогаш кога творам јас слушам музика“, рече Петров.
Љубителите на ликовната уметноста во наредните две недели во Ликовниот салон во Велес можат да ги погледнат делата на академскиот сликар Ангел Петров./крај/лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.
Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.
Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

