Контакт

Култура

Почина актерот Владимир Светиев

Објавено пред

Во 69-та година од животот денеска почина актерот доајен Владимир Светиев, соопшти Македонскиот народен театар, каде што утре во 10 часот ќе биде одржана комеморација.

dobivaj vesti na viber

Светиев, роден во 1945 во прилепското село Светомоитрани, е еден од најекспонираните македонски актери и долгогодишен првенец на Македонскиот народен театар.

Тој е меѓу 15-ина студенти на Илија Џувалековски, дипломирал во 1971 на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Загреб, каде што легендарниот професор организирал наставен модел кој им овозможил предметите Актерска игра и Сценски говор со техника на глас да ги учат на својот мајчин јазик.

Во 1971 година Светиев влегол во ансамблот на Драмата на МНТ, дебитирајќи во пиесата на Бранко Пендовски „Под пирамидата“. Таму го поминал сиот работен век, а повремено гостувал и во другите македонски театри. Две сезони поминал во Милхајм, Германија, во Театарот на Ромите „Пралипе“.

Одиграл шеесетина улоги и во историјата на македонската глума е впишан како еден е од најнаградуваните актери: добитник е на дури пет награди за најдобри театарски остварувања на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977, 1988, 1990, 1991 и 2002), на наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело (2012) и на наградите „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

Посмртните останки утре во 13 часот ќе бидат изложени во капелата на Светонеделските гробишта во Битола, а погребот ќе биде извршен во 14 часот. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Француска експлозија на овации за „Дон Кихот во Скопје“ во срцето на Париз

Објавено пред

Француската премиера на делото „Дон Кихот во Скопје“ од Дијана Имери Илкоска и Дино Имери, изведена на 30 ноември во волшебната париска црква „Petite Etoile“, беше дочекана со бурни овации и ентузијазам што ретко се гледа на концертна сцена. Публиката, видливо воодушевена од моќната интерпретација и од уникатноста на делото, не престануваше да ги враќа музичарите на сцената со силни и долги аплаузи.

dobivaj vesti na viber

Ова исклучително музичко дело, кое македонската публика го слушна за првпат во октомври во фоајето на Националната опера и балет со Камерниот оркестар „ID“, отпатува во Париз за својата прва меѓународна турнеја. Таму, беше изведено од престижниот француски ансамбл „Хефестус“, под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска, со Дино Имери како пијано-солист и Бојан Илкоски како концерт-мајстор. Покрај македонската премиера, концертот во Париз беше и промоција на најновите трендови во современата музика, дополнета со дела од француски, канадски и италијански композитори.

За овој голем меѓународен момент, ко-авторката и диригентка Дијана Имери Илкоска изјави: „Да се добие покана за настап со ансамбл како ‘Хефестус’, составен од врвни музичари, е огромно признание – и за изведувач и за композитор. Дополнителната возбуда ја донесе и самата атмосфера на Париз. Кога нашиот 7/8 ритам од финалето на првиот став прозвучи меѓу делата на француските автори, ме преплави силна емоција, а публиката веднаш ја препозна – и ни возврати со громогласни аплаузи.“

Ко-авторот и пијанист Дино Имери додава дека концертот за него носи и длабоко лично значење: „Создавањето и приемот на ‘Дон Кихот во Скопје’ уште еднаш ми ја потврдија универзалноста на борбата против трите ветерници – неправдата, лицемерието и рамнодушноста. Убаво е кога ја слушаш својата музика во рацете на музичари како ‘Хефестус’, посветени на новосоздадена музика. Емоцијата беше уште посилна затоа што го делев овој момент со Дијана на подиумот, со Бојан Илкоски како концерт-мајстор и со флејтистката Богдана Бушевска – вистински амбасадор на македонската култура во Париз.“

Делото „Дон Кихот во Скопје“, напишано по нарачка на Шпанската амбасада по повод Националниот ден на Шпанија, ја прераскажува борбата на славниот Сервантесов херој против трите современи „ветерници“ – Неправдата, Лицемерието и Рамнодушноста. Во приказната на авторката Тина Иванова, Дон Кихот доаѓа во Скопје, победува и ни остава порака: да ги слушнеме фанфарите не на победата, туку на човечкото достоинство.

Музички, делото претставува редок спој на шпански и македонски фолклор, обликуван во современ симфониски јазик преку инвентивна оркестрација, ритмички пресврти и препознатлива мелодска експресија.

Учеството на Дијана Имери Илкоска и Дино Имери во Париз беше овозможено со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Македонскиот „Дон Кихот“ го освои Париз. Ова е само почеток на неговото патување низ светот.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложбата „Кој кого жени?“ од Хрватска гостува во Музејот на македонската борба за самостојност

Објавено пред

Од

Изложбата „Кој кого жени?“ на Замокот Тракошчан од Република Хрватска, ќе гостува во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

dobivaj vesti na viber

Свеченото отворање е на 4 декември 2025 (четврток) во 13 часот, a тематски фокус на изложбата е придонесот и значењето што го имале благородничките во хрватското општество и во нивните семејства.

Македонската публика има можност да ја види оваа изложба до 11 јануари во галерискиот простор на првиот кат од музејот.

Гостувањето е резултат на соработката меѓу институциите и е воедно поттик за продлабочување на културните врски меѓу двете земји. Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на книгата „НУ библиотека ’Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од Милчо Јованоски

Објавено пред

Од

Во рамките на општинската програма „Деца сме на Климента“ утре – четврток , 4 декември од 11 часот во големата сала на Општина Охрид ќе биде промовирана книгата „НУ Библиотека ‘ Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од м-р Милчо Јованоски во издание на Библиотеката.

dobivaj vesti na viber

Авторот, м-р Јованоски, во неа ги вклопил новите истражувања сврзани со животот и делото на Прличев, напишани во новинарски манир кои се движат по линијата на книжевното и публицистиката.

Оваа „книжевна читанка“ е прва во издание на Библиотеката, паралелно напишана на македонски и англиски јазик и истовремено е мал туристички водич низ Охрид. Таа, пред сѐ им е наменета на странските гости на Библиотеката, но и градот.

Утре книгата ќе ја промовира проф. д-р Зоран Тунтев. На настанот ќе говори и Христина Трпеска, директорка на охридската Библиотека а се очекува да се обрати и претставник на Општина Охрид.

„Не случајно книгата се промовира на празникот на градот. Позната е длабоката и континуирана духовна врска и влијание која св. Климент ја имал врз охридскиот поет и преродбеник Прличев. Но и Прличевата голема љубов и познавања на Климентовото дело опишано и во „Словото за Климента“ кое го одржал пред охриѓани во далечната 1867 година. Прличев со своите дела оставил неизбришлива трага во вкупната меморија на луѓето и тлото до каде што стапнал. Од Охрид до Атина, Софија, Солун и пак Охрид. Воздигнат до Хомера, нападнат од мнозина. Болен не само физички туку и во душата. Вљубеноста во родниот Охрид била дотолку голема што градот го нарекувал „таткојна“. Тоа доволно сведочи за него и односот кон сограѓаните, градот и дојденците“, се вели во најавата.

Паралелниот текст од македонски на англиски го преведе д-р Габриела Неделкоска, отпечатена е во Ирис – Струга во тираж од 200 примероци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирање конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирање на конечна цена на водата – е пораката од тркалезна маса...

Европа44 минути

Поранешна портпаролка на Зеленски: Јермак е многу опасен, се плашам

Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, го опиша поранешниот шеф на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, како „многу...

Македонија49 минути

Засилени контроли на градилишта во општина Аеродром: изречена казна од 1.300 евра за непочитување на Законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...

Топ52 минути

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајци да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет1 час

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за неговата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...

Свет3 часа

НАТО ја зголемува поддршката за Украина: пристигнува нова резерва оружје и муниција

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина,...

Свет3 часа

(Видео) Трамп заспа на состанок на кабинетот откога се пофали со својата острина

На почетокот на состанокот на кабинетот во вторник, американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти можноста повторно да го спомене...

Свет5 часа

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што...

Свет5 часа

„Ербас“ ги проверува авионите „А320“ поради проблеми со металните панели

Авионскиот гигант Ербас најави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ кај металните...

Свет5 часа

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски...

Свет5 часа

Трамп ги паузира сите апликации за имиграција од 19 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека ги...

Свет5 часа

(Видео) Путин разговараше со човекот на Трамп пет часа: неговиот помошник даде значајна изјава

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Стивен Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, траеше речиси пет часа,...

Свет12 часа

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија14 часа

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија19 часа

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија22 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија23 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија24 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...