Контакт

Култура

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во посета на Велс

Објавено пред

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во понеделник престојува во еднодневна работна посета на Кардиф, Велс, Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, каде што ќе оствари средба со министерот за култура и спорт на Велс, Џон Грифитс.

На средбата министрите ќе разговараат за продлабочување на соработката во областа на културата, а ќе бидат разменети мислења, искуства и знаења за културните политики во двете држави и нивното спроведување. Исто така, ќе бидат разгледани и можностите за континуирано унапредување на соработката во сите сфери од културата.

Канческа-Милевска, за време на престојот во Велс, ќе ги посети: Националниот музеј на Велс, организацијата „Велс Арт интернационал“ и Велшкиот кралскиот колеџ за музика и драма и ќе оствари средби на кои ќе биде разгледана можноста за соработка и мобилност на уметниците од двете држави.

Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска имаат традиционално добри односи во областа на културата што е потврдено и преку реализацијата на значајни проекти кои придонесуваат за продлабочување на соработката меѓу двете земји. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Праизведба на претставата „Торонто експрес“

Објавено пред

Со особено задоволство ја најавуваме најновата претстава на МНТ „Торонто експрес“ работена по мотивите на збирката есеи „Тибам штркот“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, својата праизведба ќе ја доживее на 15 декември со почеток во 20 часот.
Главниот лик е доверен на маестралниот Александар Микиќ.


Исто така, ја најавуваме и промоцијата на книгата „Торонто експрес“/„Тибам штркот – апдејт“, која ќе се случи на 7 декември во просториите на книжарницата „Литература“ во Ист гејт мол во 20 часот, а читателите со секоја купена книга добиваат ваучер/билет, кој ќе можат да го искористат во месеците што следат.

Претставата „Торонто експрес“ е работена според „Тибам штркот“, еден од најчитаните текстови во 2008 година и, како што вели авторот, ова дело е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија.
Ракописот е пишуван на скопски сленг, во лајт варијанта — дијалект што сè помалку се зборува, полека изумира и го снемува од скопските улици.

На адаптацијата на текстот работеа: Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов. Како извршен продуцент се потпишува Виктор Рубен, сценографското решение е на Мартин Манев и костимограф е Роза Трајческа-Ристевска.
Следните изведби се закажани на 16 и 20 декември.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Култура

„Злосторникот“ на авторот Даниел Петровски на сцената во Дом на АРМ

Објавено пред

Вчера во Дом на АРМ беше поставена театарската претставата „Злосторникот“ од автор и режија Даниел Петровски.

Публиката за миг се наврати на времето од Втората светска војна, кога Ромите беа затворени и измачувани во логорите Јасеновац и Аушвиц.

Во претставата учествуваа вкупно 14 актери, меѓу кои и овогодишниот лауреат и голема звезда на македонскиот филм Северџан Бајрам.

Иако претставата разработувала тематика од пред 80 години, сепак, режисерот поставил театарски симболи користејќи ја практиката на Брехт и Станиславки, за сегашната ситуација во која се наоѓа ромската заедница.

Актерите пренесоа силна порака за единство и сплотеност на заедницата во борбата против дискриминацијата и антициганизмот.

Претставата е продуцирана од Асоцијација Романо Ило со соработка со Н.У. Филмски центар Вардар филм, а во покровителство на Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Култура

Првиот мјузикл во Театар „Kомедија“ – „Боливуд“ гостува во Црна Гора

Објавено пред

Првиот мјузикл во НУ Театар „Kомедија“ – „Боливуд“, во режија на Наташа Поплавска, вечерва (29 ноември 2021 г.) гостува на 17. издание на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора.

Мјузиклот „Боливуд” премиерно беше изведен во ноември 2019 г. во Театар Комедија и по непредвидената пауза заради пандемијата, „Боливуд” месецов се врати на сцената на Театар „Комедија“ каде што редовно се игра.

Во претставата играат актерите на Театар „Комедија“: Жаклина Стефковска, Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева и Сергеј Димовски.

Автор на текстот е Маја Пелевиќ, музиката е на Огнен Анастасовски, кореографијата и костимографијата е на Наташа Поплавска, сценографијата и видеоанимацијата на Емил Петров, а светлодизајнот
на Милчо Александров. Преводот на текстот и препевот на сонговите го направија Наташа Илијевска и Наташа Поплавска.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија4 часа

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија7 часа

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет8 часа

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија9 часа

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија9 часа

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија10 часа

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија12 часа

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет12 часа

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија13 часа

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија13 часа

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Европа14 часа

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе...

Македонија1 ден

Парична награда за матичните лекари ако имаат 70% вакцинирани пациенти

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата...

Македонија1 ден

Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се...

Регион1 ден

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница,...

Свет1 ден

Тедрос: Мерките не се неопходни, неправедно се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус...

Македонија1 ден

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија1 ден

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ1 ден

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија1 ден

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Досие