Контакт

Култура

Драмски театар ја подготвува претставата „Далај Мама“

Објавено пред

Во Драмскиот театар-Скопје почнаа пробите на новата претстава „Далај Мама“ по текст и режија на Љубиша Георгиевски, која се планира премиерно да биде изведена во април.

„Далај Мама“ е пиеса за распаѓањето на семејството како резултат на општиот трулеж на вредностите, врз кои почива нашата цивилизација. Човештината е заборавена, љубовта е само фосил, омеѓан од највулгарниот секс, верата претворена во безверие, чесноста е глупост, а глупоста, гордост, логиката се изнасилува дневно, јазикот не служи повеќе за разбирање, па дури и неразбирање. Шумовите во комуникацијата меѓу луѓето се толку моќни, што комуникацијата и самата станува шум. Умот ги мами луѓето со таков интензитет, што тие не им веруваат повеќе ниту на своите очи, ниту на своите уши и верувајќи во самото Ништо, стануваат зомби“, вели режисерот за новиот проект.

Во актерската екипа се: Благој Чоревски, Милица Стојанова, Ирена Ристиќ, Диме Илиев, Филип Трајковиќ, Трајанка Илиева, Игор Георгиев, Катерина Шехтанска Лаковска, Игор Ангелов, Валдета Исмаили, Ана Костовска, Александра Павлова.крај/мф/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Дел од вработените во Театар „Комедија“: Ако Нора Шаќири не е соодветен кадар, в.д. директор нека биде Дарко Спасов

Објавено пред

Дел од вработените во Театар „Комедија“ најавуваат бунт со правни и јавни механизми, доколку на местото в.д. директор, од каде е разрешена Нора Шаќири-Марковиќ, биде назначена актерката Магдалена Ризова-Черних. Тие не го спорат разрешувањето на Шаќири-Марковиќ ако така смета Министерството за култура, но бараат на нејзино место да биде Дарко Спасов, драматург, бидејќи во него имаат доверба.

„Не се согласуваме со разрешување на Нора Шаќири-Марковиќ и назначување на Магдалена Ризова-Черних. Шокирани сме од оваа одлука со која за нов в.д. директор се поставува човек што беше дел од претходната управа којашто беше разрешена поради неправилности во работењето. Можеби е крајно време Инспекторатот за труд да го посети Театар ‘Комедија’. Кога театарот беше на колена, во долгови и без услови за работа, со нарушени меѓучовечки односи, в.д. директорката што сега ја разрешува Министерството успеа да реши дел од овие проблеми и да го врати театарот на вистинскиот пат“, велат вработените во видеото кое го сподели актерот Атанас Атанасовски.

По релиси десет месеци од назначувањето, Нора Шаќири-Марковиќ е разрешена од директорката функција во Театар „Комедија“. Ова доаѓа откако таа беше пријавена за мобинг, односно психичко вознемирување врз вработените во театарот. Повеќе информации од тоа што увиделе инспекторите не беа споделени со јавноста. На нејзино место, за нова в.д. директорка е назначена актерката Магдалена Ризова-Черних, која и е вработена во театарот.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Нора Шаќири разрешена од в.д. директор на Театар „Комедија“

Објавено пред

По речиси десет месеци од назначувањето, Нора Шаќири-Марковиќ е разрешена од директорката функција во Театар „Комедија“. Ова доаѓа пет дена по пријавата за мобинг, односно психичко вознемирување врз вработените во театарот. Повеќе информации од тоа што увиделе инспекторите не беа споделени со јавноста. На нејзино место за нова в.д. директорка е назначена актерката Магдалена Ризова-Черних, која и е вработена во театарот.

Од Министерството за култура велат дека го добиле извештајот од Државниот инспекторат за труд. Во нивното објаснувње стои дека разрешената Шаќири-Марковиќ го прекршила Законот за спречување на корупцијата. Според цитираниот член од Законот, таа почнала постапка за престанок на работен однос за време на избори, што е забрането. Дополнително, наведуваат дека таа го прекршила и Изборниот законик, како и Законот за заштита од вознемирување на работното место.

„Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес. За нов в.д. директор на НУ Театар ‘Комедија’ е назначена актерката Магдалена Ризова-Черних“, велат од Министерството за култура.

Инаку, во февруари годинава беше разрешен Сашо Ристовски, кој беше директор на Театар „Комедија“. Кај него беше констатирано дека направил злоупотреба со буџетски средства на театарот.

Прикажи повеќе...

Култура

Проекција на филмот „Фред“ и концерт на песните на Фред Бускаљоне во вторник во 20 часот

Објавено пред

Амбасадата на Италија, во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија, ќе им овозможи на љубителите на кинематографијата да го проследат филмот „Фред“, посветен на Фред Бускаљоне (1921-1960), по повод стогодишнината од неговото раѓање по што ќе следува концерт на македонската група NYX, која ќе ги изведува неговите песни во живо.

Италијанскиот музичар, пејач и мултиинструменталист Фред Бускаљоне беше популарен во 50-тите години. Неговиот прв сингл во 1955 година е продаден во милион изданија. Ликот што е интерпретиран во неговите песни и филмови секогаш претставувал забавен човек од подземјето со склоност кон виски и жени, инспириран од филмовите во кои главните улоги ги толкуваат Кларк Гејбл и Мики Спилејн. На многумина животот им дава слава, но на многу малку од нив со нивната смрт се содава мит. Тоа му се случи на Фред Бускаљоне, кој со својата смрт на само триесет и девет години создаде легенда што беше предодредена да трае.

Филмот го раскажува ѕвездениот подем и пад на Фред Бускаљоне: тешките времиња на почетокот, незадржливиот подем и ненадејното исчезнување од сцената. Филмот прв пат е еден вид емотивен и потресен портрет на еден од камен-темелниците на италијанската поп-музика преку сведоштвата на неговиот текстописец Лео Киосо, неговата сопруга Фатима Робинс, неговите музичари од „Астернови“, проследено со архивски слики.

Проекцијата и концертот ќе се одржат утре, со почеток од 20 часот, во холот на Кинотеката на Република Северна Македонија, во согласност со владините протоколи и препораки за превенција од Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Регистрирани 333 нови случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа. Направени се 2.547 тестирања,...

Македонија9 часа

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет10 часа

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија10 часа

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија11 час

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет12 часа

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија1 ден

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија1 ден

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија1 ден

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија1 ден

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија1 ден

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија1 ден

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет1 ден

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет1 ден

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија1 ден

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија2 дена

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион2 дена

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Македонија2 дена

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ2 дена

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Досие