Контакт

Култура

Почина легендарниот гитарист Пако де Лусија

Објавено пред

Шпанскиот гитарист и еден од најголемите музичари на XX век, Пако де Лусија, почина во среда во Мексико на 66-годишна возраст од срцев удар.

„Неговата смрт е загуба за светот на културата и за Андалузија“, рекол градоначалникот на Алхесирас, родниот град на де Лусија каде е прогласена дводневна жалост.

„Циганите се подобри, затоа што слушаат музика од раѓање. Да не бев роден во куќата во која што сум, би бил никој, затоа што не верувам во ‘спонтан’ генијалец“, рекол еднаш де Лусија.

Де Лусија е прв шпански гитарист кој доби почесен докторат од престижниот музички колеџ Беркли од Бостон. Беше синомим за фламенко гитара и истовремено еден од најоригиналните уметници на овој жанр. Во повеќедецениската кариера објави десетици албуми.Љубопитноста го одведе до соработки со некои од најпознатите музичари на денешницата како што се пијанистот Чик Кори, гитаристите Џон Меклафин, Лери Коријел и Ал Ди Меола, како и пејачот Брајан Адамс.

Пако де Лусија, чие вистинско име е Франциско Санчез Гомез, е роден на 21 декември 1947 година во Алхесирас на југот на Шпанија. Гитара почнал да свири на шестгодишна возраст, а во 1967 го издаде првиот соло албум.

Се прослави во 1973 година по композицијата „Entre dos Aguas“ која 20 недели се наоѓаше на врвот на шпанските топ листи. Вистинско меѓународно признание доби во 1981 година со албумот „Friday Night in San Francisko“./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Видеозаписи со поезијата на Конески во годината посветена на великанот на македонската култура

Објавено пред

Во годината што изминува Владата ја усвои националната програма „2021 – година во чест на Блаже Конески“, која е дел и од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.

Министерството за култура реализира и видеоматеријал со поезијата на Блаже Конески на шест јазици: македонски, турски, ромски, српски, влашки и босански јазик.

Видеоматеријалот е достапен за користење и може да го подигнете на следниот линк.

Иницијативата за национална програма за одбележување на капиталното научно и литературно дело на големиот Конески ја почнаа Министерството за култура и Министерството за образование и наука. За меѓународните активности се вклучи и Министерството за надворешни работи, а покровител на програмата е претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Програмата се реализира во текот на целата година со активности на повеќе институции, министерства, органи на државната управа, здруженија во земјата и странство, а средствата беа обезбедени од Министерството за култура, од Министерството за образование и наука и од Агенцијата за спорт и млади.

Покрај институционалните форми, делото на Конески на оригинален начин се чува, се негува и се осовременува и преку разни форми на граѓански и образовни институции, кои изготвија алтернативни начини и на современ јазик говореа за темелните вредности на Конески.

100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески се чествуваше и во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, каде што на 21 март, по повод Светскиот ден на поезијата, песни од Конески на своите јазици прочитаа повеќе високи дипломатски претставници во УНЕСКО.

Во знакот на оставината на поетот, македонист, академик и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, се одржа и 60. издание на светски реномираната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата, а беше издадено и монографско издание посветено на Конески.

Беа распишани и конкурсите за ученици од основните училишта, како и за млади автори за создавање дела инспирирани од поезијата на Блаже Конески. Беа промовирани и илустрации создадени на јавниот конкурс на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, со што студентите оддадоа почит кон поетското наследство на Конески, но дадоа и нова димензија за афирмација на визуелната уметност преку илустрацијата во издаваштвото.

Во рамките на јубилејот Народната банка на Северна Македонија издаде златна кована монета со ликот на Блаже Конески, а „Поштата на Северна Македонија“ издаде поштенска марка со ликот на оваа наша национална гордост.

Во оваа јубилејна година неколкупати со топлина каква што го красеше скромниот и голем поет, научник и човек – Конески, настани се одржаа и во неговото родно Небрегово – во спомен-куќата каде што е роден.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на икони во спомен-куќата „Тодор Проески“

Објавено пред

Во спомен-куќата „Тодор Проески“ се одржа изложба на икони од авторот Григориј Пецанов, зограф од Струмица. Изложбата ја посети и градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, кој од авторот беше запознаен со мотивот и суштината на изложбата.

„Сѐ повеќе настани се организираат во Крушево. Имаме разни културни, но и едукативни настани како овој. Му честитам на господинот Пецаков и благодарност за одржувањето на оваа изложба во Крушево“, изјави градоначалникот Христоски.

Покрај овој настан, тековна е хуманитарната акција за собирање финансиски средства во знак на хуманоста на Тоше Проески. Кутија за донации е поставена на влезот од спомен-куќата и акцијата трае до 25 јануари, денот на раѓањето на Тоше. Средствата ќе се донираат во хуманитарни цели.
Прикажи повеќе...

Култура

Седум нови трофеи за „Врба“ на Манчевски

Објавено пред

„Врба“ на Милчо Манчевски изминатава недела освои 7 трофеи – три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L’Europe Autour de l’Europe) во Париз.

„Врба“ беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Филмот во Атина доби и уште четири почесни признанија – за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер на Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката.

Теодосиева исто така изминатата недела е добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк. Филмот „Врба“ има интензивен фестивалски живот, дури и две години по светската премиера во октомври 2019 на Римскиот филмски фестивал.

Досега освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и најдобра режија на „Реинденс“ во Лондон, најдобар филм на „Синеквест“ во Калифорнија, „Сребрена палма“ во Валенсија… „Врба“ собори рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („…суптилен и длабок“ – „Варајати“), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД. Манчевски цела есен го монтира својот седми филм „Кајмак“, безобразна комедија. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како безмилосна критика на лицемерството и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот.

„Кајмак“ е европска копродукција, во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд „Еуроимаж“, а 46 проценти се од Македонија, од Агенцијата за филм и Македонската радио-телевизија (МРТ), која е копродуцент. Се снимаше летово во Скопје и околината, а во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и од Хрватска. Копродуценти се Јан Прајор, Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевиг и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика „Дениш стринг квартет“, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 часа

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа14 часа

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија15 часа

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа16 часа

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Економија18 часа

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба...

Македонија20 часа

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија20 часа

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија21 час

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа21 час

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија21 час

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет22 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет23 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет24 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет24 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ1 ден

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион2 дена

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет2 дена

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион2 дена

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија2 дена

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет2 дена

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Досие