Контакт

Култура

Канадскиот „Les Grands Ballets“ со претставата „Минус еден“ гостува во МОБ

Објавено пред

Канадскиот „Les Grands Ballets”, од Монтреал ќе гостува во вторник вечер во Македонската опера и балет.

dobivaj vesti na viber

Уметнички директор на трупата е Градимир Панков кој е роден во Скопје. После брилијатната кариера како танчер на просторите на поранешна Југославија и Германија успешно ја превзема улогата на уметнички директор во неколку познати театри за танц: Холандскиот танцов театар II (Холандија), Националниот балет од Финска (Хелсинки), Кулберг балетот (Шведска) и Балетот на Големиот театар во Женева (Швајцарија). Во „Les Grands Ballets”, од Монтреал е од 1999 г.

Претставата со која доаѓаат гостите од Канада носи наслов „МИНУС ЕДЕН” и во нејзе учествуваат повеќе од 25 танчери. Кореограф е Охад Нахарин, а нејзиното дејствие е сублимирано со следните зборови: „Илузија на убавината/тенката линија која го двои лудилото од разумот/паниката скриена зад смеењето/соживотот на заморот и елеганцијата…” овие зборови ја отвораат „Минус Еден” на Охад Нахарин, едно од најиновативните дела од репертоарот на Les Grands Ballets Canadiens de Montreal .

Музиката е превземена од: „Mambo Fever”, Cha Cha de Amor (продуцирана и аранжирана од Бред Бенедикт), „Unknown Territory” од Дик Дејл, „Hava Nagila„, „Ehad Mi Yodea” (аранжман и изведба од „The Tractor’s Revenge”), „Somewhere over the Rainbow” од Арлен Харолд (aдаптиција, Маруша), „Fratres” од Арво Парт.

Аранжирано со Universal Editions Vienna, издадено како Etude Nº3 за маримба од Пол Смадбек. „Greensleeves” (аранжиражман на Џереми Барло, диригент) . /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Француска експлозија на овации за „Дон Кихот во Скопје“ во срцето на Париз

Објавено пред

Француската премиера на делото „Дон Кихот во Скопје“ од Дијана Имери Илкоска и Дино Имери, изведена на 30 ноември во волшебната париска црква „Petite Etoile“, беше дочекана со бурни овации и ентузијазам што ретко се гледа на концертна сцена. Публиката, видливо воодушевена од моќната интерпретација и од уникатноста на делото, не престануваше да ги враќа музичарите на сцената со силни и долги аплаузи.

dobivaj vesti na viber

Ова исклучително музичко дело, кое македонската публика го слушна за првпат во октомври во фоајето на Националната опера и балет со Камерниот оркестар „ID“, отпатува во Париз за својата прва меѓународна турнеја. Таму, беше изведено од престижниот француски ансамбл „Хефестус“, под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска, со Дино Имери како пијано-солист и Бојан Илкоски како концерт-мајстор. Покрај македонската премиера, концертот во Париз беше и промоција на најновите трендови во современата музика, дополнета со дела од француски, канадски и италијански композитори.

За овој голем меѓународен момент, ко-авторката и диригентка Дијана Имери Илкоска изјави: „Да се добие покана за настап со ансамбл како ‘Хефестус’, составен од врвни музичари, е огромно признание – и за изведувач и за композитор. Дополнителната возбуда ја донесе и самата атмосфера на Париз. Кога нашиот 7/8 ритам од финалето на првиот став прозвучи меѓу делата на француските автори, ме преплави силна емоција, а публиката веднаш ја препозна – и ни возврати со громогласни аплаузи.“

Ко-авторот и пијанист Дино Имери додава дека концертот за него носи и длабоко лично значење: „Создавањето и приемот на ‘Дон Кихот во Скопје’ уште еднаш ми ја потврдија универзалноста на борбата против трите ветерници – неправдата, лицемерието и рамнодушноста. Убаво е кога ја слушаш својата музика во рацете на музичари како ‘Хефестус’, посветени на новосоздадена музика. Емоцијата беше уште посилна затоа што го делев овој момент со Дијана на подиумот, со Бојан Илкоски како концерт-мајстор и со флејтистката Богдана Бушевска – вистински амбасадор на македонската култура во Париз.“

Делото „Дон Кихот во Скопје“, напишано по нарачка на Шпанската амбасада по повод Националниот ден на Шпанија, ја прераскажува борбата на славниот Сервантесов херој против трите современи „ветерници“ – Неправдата, Лицемерието и Рамнодушноста. Во приказната на авторката Тина Иванова, Дон Кихот доаѓа во Скопје, победува и ни остава порака: да ги слушнеме фанфарите не на победата, туку на човечкото достоинство.

Музички, делото претставува редок спој на шпански и македонски фолклор, обликуван во современ симфониски јазик преку инвентивна оркестрација, ритмички пресврти и препознатлива мелодска експресија.

Учеството на Дијана Имери Илкоска и Дино Имери во Париз беше овозможено со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Македонскиот „Дон Кихот“ го освои Париз. Ова е само почеток на неговото патување низ светот.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложбата „Кој кого жени?“ од Хрватска гостува во Музејот на македонската борба за самостојност

Објавено пред

Од

Изложбата „Кој кого жени?“ на Замокот Тракошчан од Република Хрватска, ќе гостува во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

dobivaj vesti na viber

Свеченото отворање е на 4 декември 2025 (четврток) во 13 часот, a тематски фокус на изложбата е придонесот и значењето што го имале благородничките во хрватското општество и во нивните семејства.

Македонската публика има можност да ја види оваа изложба до 11 јануари во галерискиот простор на првиот кат од музејот.

Гостувањето е резултат на соработката меѓу институциите и е воедно поттик за продлабочување на културните врски меѓу двете земји. Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на книгата „НУ Библиотека ’ Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од Милчо Јованоски

Објавено пред

Од

Во рамките на општинската програма „Деца сме на Климента“ утре – четврток , 4 декември од 11 часот во големата сала на Општина Охрид ќе биде промовирана книгата „НУ Библиотека ‘ Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од м-р Милчо Јованоски во издание на Библиотеката.

dobivaj vesti na viber

Авторот, м-р Јованоски, во неа ги вклопил новите истражувања сврзани со животот и делото на Прличев, напишани во новинарски манир кои се движат по линијата на книжевното и публицистиката.

Оваа „книжевна читанка“ е прва во издание на Библиотеката, паралелно напишана на македонски и англиски јазик и истовремено е мал туристички водич низ Охрид. Таа, пред сѐ им е наменета на странските гости на Библиотеката, но и градот.

Утре книгата ќе ја промовира проф. д-р Зоран Тунтев. На настанот ќе говори и Христина Трпеска, директорка на охридската Библиотека а се очекува да се обрати и претставник на Општина Охрид.

„Не случајно книгата се промовира на празникот на градот. Позната е длабоката и континуирана духовна врска и влијание која св. Климент ја имал врз охридскиот поет и преродбеник Прличев. Но и Прличевата голема љубов и познавања на Климентовото дело опишано и во „Словото за Климента“ кое го одржал пред охриѓани во далечната 1867 година. Прличев со своите дела оставил неизбришлива трага во вкупната меморија на луѓето и тлото до каде што стапнал. Од Охрид до Атина, Софија, Солун и пак Охрид. Воздигнат до Хомера, нападнат од мнозина. Болен не само физички туку и во душата. Вљубеноста во родниот Охрид била дотолку голема што градот го нарекувал „таткојна“. Тоа доволно сведочи за него и односот кон сограѓаните, градот и дојденците“, се вели во најавата.

Паралелниот текст од македонски на англиски го преведе д-р Габриела Неделкоска, отпечатена е во Ирис – Струга во тираж од 200 примероци.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа16 минути

Поранешна портпаролка на Зеленски: Јермак е многу опасен, се плашам

Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, го опиша поранешниот шеф на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, како „многу...

Топ24 минути

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајци да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет36 минути

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за неговата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Свет2 часа

Зеленски: Се плашам дека САД ќе го загубат интересот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, призна дека се плаши дека САД ќе го изгубат интересот за организирање мировен договор меѓу Украина...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...

Свет3 часа

НАТО ја зголемува поддршката за Украина: пристигнува нова резерва оружје и муниција

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина,...

Свет3 часа

(Видео) Трамп заспа на состанок на кабинетот откога се пофали со својата острина

На почетокот на состанокот на кабинетот во вторник, американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти можноста повторно да го спомене...

Свет4 часа

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што...

Свет4 часа

„Ербас“ ги проверува авионите „А320“ поради проблеми со металните панели

Авионскиот гигант Ербас најави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ кај металните...

Свет4 часа

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски...

Свет5 часа

Трамп ги паузира сите апликации за имиграција од 19 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека ги...

Свет5 часа

(Видео) Путин разговараше со човекот на Трамп пет часа: неговиот помошник даде значајна изјава

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Стивен Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, траеше речиси пет часа,...

Свет12 часа

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија14 часа

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија18 часа

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија22 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија23 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија23 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...

Економија1 ден

(Видео) Потврдени квалитетот и безбедноста на македонското злато во трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и неговиот тим имаа...