Култура
Египет го протера синот на Осама бин Ладен
Египет денеска гопротера Омар бин Ладен, еден од синовите на лидерот на „Ал Каеда“, Осама бинЛаден откако претходно Шпанија го одби неговото барање за политички азил.
Египет денеска гопротера Омар бин Ладен, еден од синовите на лидерот на „Ал Каеда“, Осама бинЛаден откако претходно Шпанија го одби неговото барање за политички азил.
Ова за Франс прес го потврдиласопругата на Омар бин Ладен. Шпанските власти вчера го одбија барањето на Омарсо објаснивање дека неговата безбедност нема да биде загрозена ако биде вратенво некоја од арапските земји. Омар бин Ладен до сега главно престојувал воЕгипет.
„Шпанската влада наведе дека Омар ебезбеден во Египет, односно дека има каде да се врати, но кога се вративме во Египет,не протераа оттаму“, рекла во телефонска изјава сопругата на Омар, ЗаинаАлсабах Бин Ладен.
Таа не откри во која држава ќеотпатуваат со нејзиниот сопруг поради страв дека и таа држава ќе одбие да гиприми.
Омар Осама бин Ладен (28) е едно од19 -те деца на лидерот на „Ал Каеда“. Минатата година таблоидите пишуваа занеговата женидба со 52 годишната британка, Џејн Феликс Браун, која потоа гозеде името Заина Алсабах. Тој во април побара азил и од Велика Британија, но неговото барањебеше одбиено.
Двајцата живееја во Каиро. Омар бинЛаден не се одрече од својот татко, но истакнува дека сака да биде „амбасадорна мирот“ меѓу муслиманскиот свет и Западот.
/крај/бе/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации
Ленче Делова – актерката со која пораснаа генерации гледачи и која остави длабока трага во македонскиот театар и телевизија, почина вчера на 15.02.
Родена на 15 јуни 1948 година во Скопје, Делова својата актерска кариера ја започнала на само 16 години во Драмскиот младинско-детски театар, денешен Драмски театар – Скопје. Од 1970 година станува редовна членка на ансамблот, останувајќи му верна на театарот сè до пензионирањето во 2013 година.
Во текот на својата богата кариера освои бројни признанија, меѓу кои и наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ во 2006 година, како и престижната награда „13 Октомври“ за улогата на Офелија во претставата „Хамлет“ во 1978 година.
Нејзиниот сценски опус е обемен и разновиден. Публиката ќе ја памети по улогите во претставите „Дундо Марое“, „Ништо“, „Егор Буличов и другите“, „Хамлет“, „Рибарски караници“, „Солунски патрдии“, „Виктор или деца на власт“, „Ивона, кнегиња бургундска“, „Игранка во времето на Лунаса“ и „Ни ќар, ни зијан“.
Но за многумина, Ленче Делова беше најпрво – ликот од детските телевизиски серии со кои растеа цели генерации. „Ајде да се дружиме“, „Чук-чук, Стојанче“, „Во светот на бајките“, „Македонски народни приказни, како и ТВ-драмите „Илинка“, „Илинден“ и „Од денес за утре“, се само дел од остварувањата што ја направија блиска и сакана во домовите низ Македонија.
Со својот специфичен и автентичен сценски сензибилитет, Делова остави траен белег и во ТВ-драмите, радио драмите, сериите. Нејзиниот лик останува дел од колективната меморија – како топол глас, како мајчинска фигура, како присуство што нè учеше на емпатија и игра.
Илустрација: Горан Марковски (Фб страна: Ѓорѓи Колозов)
Култура
Љубов, серенади и поезија во срцето на Дебар Маало
Општина Центар и годинава е домаќин и покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, која се одржува по повод празникот на виното и љубовта, во организација на здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите од Општина Центар.
Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, каде што градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, симболично закрои лозово гранче и испрати порака за љубов и мир.
„Центар ќе продолжи да ја поддржува оваа прекрасна традиција, која нè враќа во старите убави времиња на серенади, поезија и романтика. Дебар Маало и денес е место каде што се негуваат дружењата, уметноста и културата. Наша обврска е да ги чуваме овие вредности и да ги пренесуваме на идните генерации“, рече Герасимовски.
Програмата продолжи со поетски рецитал, староградска музика и прошетка низ дебармаалските улички и ресторани. Со поддршката на ваквите културни настани, Општина Центар ја потврдува својата посветеност на зачувување на традицијата, културното наследство и автентичниот боемски дух на Дебар Маало.
Култура
Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата
Кога уметноста и хуманоста ќе се спојат, резултатот е вистинско ремек-дело.
Полна сала, насмевки и громогласен аплауз во Театар Комедија го одбележаа изведувањето на претставата „Олд Сејбрук“, првата за која компанијата Mozzart им делеше бесплатни билети на граѓаните.
Со оваа фантастична комедија започна проектот „Театарот на хуманоста“, кој има двојна цел – да им овозможи на љубителите на театарот да уживаат во претстави без да купуваат карти, а истовремено да поттикне хуманост преку донации за Банката за храна на Македонија.

Посетителите добиваа флаери со број за донации, а секоја испратена порака значеше бесплатен оброк за оние кои не можат да си го дозволат.
„Прекрасно е што секој има можност да дојде и да ја погледне претставата, а истовремено да направи добро дело,“ порача актерката Маја Љутков, која ја толкува една од главните улоги во претставата.
Од компанијата Mozzart велат дека ова е само почеток: „Успешно ја започнавме реализацијата на проектот ‘Театарот на хуманоста’. Целта е љубителите на театарот да уживаат во културни содржини, а истовремено да донираат за хуманитарни цели. Првата претстава помина одлично, а веќе се подготвуваме за следната,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Фактот дека картите беа поделени за само половина час зборува за огромната љубов на граѓаните кон театарската уметност. Токму затоа Mozzart најавува уште неколку бесплатни претстави, продолжувајќи да ја поддржува културата и хуманоста.
(ПР)

