Култура
Абрамович дели откази во „Челзи“ поради финансиската криза
Сопственикот на англискиот фудбалски клуб„Челзи“, рускиот милијардер Роман Абрамович е принуден да штеди на својот клубпоради светската финансиска криза, пренесуваат руските медиуми.
Сопственикот на англискиот фудбалски клуб„Челзи“, рускиот милијардер Роман Абрамович е принуден да штеди на својот клубпоради светската финансиска криза, пренесуваат руските медиуми.
„Имајќи ја предвид финансиската криза, Абрамовиќ не замоли значајно да гиредуцираме трошоците“, изјави шефот на одделението за избор на играчи, Френк Арнесен.
Рускиот богаташ веќе отпушти 25 луѓе, чија што работа била да бираат играчи заЧелзи.
Абрамовиќ, откако во 2003 година го купи фудбалскиот клуб, успеа да покриеогромни трошоци на клубот, но потроши и значајна сума на пари за нови играчи иза развој на инфраструктурата на клубот.
„Челзи“ засега не му носи профит на сопственикот, но британските медиумисметаат дека клубот за Абрамович претставува хоби, а не „вложување на капиталотзаради профит“.
/крај/фонет/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Изложба на графики „Живи форми“ од Мирослава Цветковиќ
На 13 декември, петок, со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на графики со наслов „Живи форми“ од авторката Мирослава Цветковиќ. Изложбата содржи дваесетина графики работени во повеќе графички техники, во периодот од неколку последни години.
Мирослава Цветковиќ е родена 1973 година во Куманово, Македонија, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1998 година, во класата на проф. Зоран Јакимовски, на оддел графика, со насока графички дизајн. Во 1999. година се стекнува со доквалификација за ликовен педагог, на истиот факултет. Член е на ДЛУМ од 1998 година.
Реализирала резиденцијален престој во Cité Internationale des Arts во Париз, во студиото на Република Македонија, во 2002. год.
Во периодот од 1997-2003 година работи на повеќе проекти и театарски претстави како графички дизајнер на плакати и др. рекламни материјали за Народен Театар Куманово, Македонија.
Изложувала самостојно во Македонија, како и на повеќе групни претставувања на локалната уметничка сцена, како на ДЛУМ, ДЛУК и др., но и на многубројни меѓународни групни изложби во Македонија, Србија, Хрватска, Полска, Романија, Чешка, Канада, Бугарија, Италија, Грција, Литванија. Учесник е и на повеќе ликовни колонии во Македонија и во странство. За својата работа има добиено награди и признанија.
Живее и работи во Куманово, Р.С. Македонија како слободен уметник.
Култура
Концерт на барокниот ансамбл „Театро ала мода“
Ансамблот „Театро ала мода“ составен од музичари кои живеат и работат во Холандија, в четврток со почеток во 20 часот ќе настапат во Камерната сала на Филхармонија. Во ансамблот свири македонската чембалистка Цветанка Созовска, Лилија Славни (барокна виолина) и Џошуа Читам (виола да гамба). На програмата се дела Букстехуде, Телеман, Ј. С. Бах, Ж. Мари-Леклер, Форкере и Рамо.
Преземајќи го името од сатиричниот памфлет на венецијанскиот композитор Бенедето Марчело (напишан во 1720 година), „Театро ала мода“ се посветува на изведување барокна музика, но во нејзиниот автентичен манир, онолку колку што постојат информации низ историјата за начинот на изведба. Членовите на овој ансамбл доаѓаат од четири различни културни средини, но го пронашле својот обединет музички јазик во Холандија, за време на студиите на Кралскиот конзерваториум во Хаг.
Комбинирајќи ја виртуозноста и длабокото изучување на автентичната барокна изведувачка пракса, музичарите од „Театро ала мода“ го истражуваат и го претставуваат репертоарот за различни инструментални комбинации за камерен состав, користејќи историски копии на инструменти, како што се виолина, флејта, обоа, фагот, виола да гамба, чембало. Нивниот репертоар го опфаќа периодот од раниот барок до појавата на класичниот музички стил.
Инаку, „Театро ала мода“ редовно настапува во Холандија и веќе има остварено меѓународни дебија на различни музички фестивали низ Европа, во Исланд, Франција, Португалија, но и во Скопје и во Охрид.
На концертот во Скопје се претставуваат во формација трио со барокна виолина, виола да гамба и чембало, со програма специфична токму за овие инструменти од барокниот музички период.
Култура
Шест години постоење на независниот „Театар Провокација“
Театар Провокација по повод 6 години од оформувањето на театарот, ќе имаат премиерна изведба на претставата „ Земја на штркови“ во МКЦ – Скопје на 11.12 (среда), со почеток од 20 часот.
Во овие години Театар Провокација ги реализираше следниве претстави:
Претстави за возрасни: Првин ќе ме земеш после ќе ме…, Скандал, Ожени ме, Разведи ме, Пациенти, Земја на штркови, како и претставите за деца: Веселиот Дедо Мраз, Како ли да го задржам Дедо Мраз кај нас, Зеленковци, Јас сум Акико, Другарство, Штурците и Мравките, како и двата фестивала: Фестивал на балканската независна театарска сцена „Провокација“ и Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ – Неготино.
Претставата која ќе биде изведена по повод роденденот на Театар Провокација „ Земја на штркови“, говори за големиот бран на иселување на младите луѓе од својата татковина. Оваа претстава и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од Македонија. Едниот – разделен пред 20-тина години, а другиот – го живее моментот на разидување од истите причини.