Контакт

Култура

Малдиви штедат за да си купат нова татковина

Објавено пред

Новоизбраниот претседател на Малдиви најави дека неговата влада ќе почне даштеди за да може да купи нова татковина.

Новоизбраниот претседател на Малдиви најави дека неговата влада ќе почне даштеди за да може да купи нова татковина.

Претседателот Мохамед Ани Нашид очекува глобалното затоплување ипокачувањето на нивото на водите еден ден да ги збрише рајските Малдивскиострови и тогаш, според него, жителите треба да имаат нова татковина.

Малдивскиот архипелаг, познат по долгите песочни плажи и чистото море еомилена туристичка дестинација, а е составен од 1.192 корални острови.

Поранешниот политички затвореник Мохамед Ани Нашид, кој на првитедемократски претседателски избори го победи долгогодишниот претседател МамунАбдула Гејом за британскиот весник Гардијан најави дека неговата влада ќе почнеда „трга на страна“, дел од приходите од туризмот, кои изнесуваат околумилијарда долари годишно, за купување на нова татковина.

„Сами не можеме да сториме ништо за да ги спречиме климатските промени изатоа мораме да купиме земја некаде на друго место“, рече претседателот.

Не сакаме да ги напуштиме Малдивите, но исто така не сакаме да бидеме жртвина климатските промени, кои со децении ќе живеат како бегалци во шатори, речеНашид.

Сепак, како што пишува денеска Гардијан, преселбата нема да почне наскоро,туку во случај на поплавување, во прва фаза населението ќе биде преместено на побезбеднитеМалдивски острови./крај/ста/мп

Copyright 2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Гудачкиот квартет „Дисонанс“ вечерва на Охридско лето

Објавено пред

Фестивалската програма на 60-тото јубилејно издание на фестивалот Охридско лето продолжува вечерва со концерт на словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс“, што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Членовите на овој музички состав „Дисонанс“ првпат се собрале поради изведба на гудачки квартет од словенечкиот композитор Лојзе Лебич во 2014 година, премиера на делото што било напишано 30 години порано. Изведбата на квартетот била одлично примена од стручната публика, а музичкиот критичар д-р Грегор Помпе за дневниот весник „Дневник“ ќе напише: „Овој адхок составен квартет за изведба на делото од Лебич беше вистинско изненадување. Станува збор за дело што е бескомпромисно модерно поради што веројатно досега не се нашле домашни музичари што би го извеле, но затоа детерминираноста на младите музичари од Словенечката филхармонија длабоко навлезе во звучните каскади и придонесе кон возбудлива изведба. Би било навистина одлично кога овие музичари би креирале постојан ансамбл“. По ваквиот прием, членовите на „Дисонанс“ навистина одлучиле да останат присутни на класичната музичка сцена именувајќи го ансамблот со името на Моцартовиот гудачки квартет во Це-дур – KV 465.

Од основањето, па до денес, квартетот „Дисонанс“ настапува во концертното ателје на Сојузот на словенечките композитори, на Светските музички денови во 2015, на фестивалот Собошки денови во 2016, на фестивалот во Марибор, на интернационалното биенале за современа музика во Копер и др. Во соработка со италијанскиот кларинетист Микеле Марели квартетот настапува на летниот фестивал во Акви Терме, „Алесандрија“, во 2015 година, а го реализира и проектот„Деконструиран Моцарт“ во рамките на интернационалниот циклус „Симфониски гласови“ во Копер. Според членовите на ансамблот, името на квартетот ја отсликува нивната тенденција покрај класичната музичка литература, посветено да изведуваат и современа музика, особено напишана од словенечки композитори.

Прикажи повеќе...

Култура

Целиот опус на „Васил Хаџиманов бенд“ достапен на дигиталните платформи

Објавено пред

Комплетната дискографија на Васил Хаџиманов и неговиот бенд сега е достапна на сите дигитални платформи објавени од „Кроација рекордс“. Станува збор за осум албуми, кои сега се достапни за луѓето од светот.

Станува збор за албуми што секогаш ги поместуваат границите на прогресивната музика, кои музичките критичари во светот ги препознаваат и наградуваат со највисоките оценки. Албуми што добиваат одлични критики, кои публиката со голем интерес ги следи во секоја нова изведба.
Во последните 20 години Васил Хаџиманов и неговиот бенд со голем успех ја изведуваат својата музика на концерти и музички фестивали во регионот и во целиот свет. Сите нивни изданија и нивната музика се прогласени за уметнички дела од културно значење.
Оваа година Васил Хаџиманов ја освои наградата за најдобар џез-пијанист на електричното пијано на 41. Annual Jazz Station Awards, а бендот го зазеде второто место во категоријата најдобра џез-група.

Прикажи повеќе...

Култура

Охридско лето со концерт за четирирачно пијано приреди прекрасна вечер

Објавено пред

Разни композитори и разновидни музички стилови на едно пијано донесоа вчеравечер рускиот пијанист Илја Максимов и неговата партнерка Јулија Коќубан од Полска на фестивалот Охридско лето.

Програмата на руско-полското дуо-пијано ја опфати „Сонатата за четирирачно пијано“ од Моцарт, „Малата свита“ од Дебиси, а ја изведоа и композицијата „Шест пиеси“ од Рахманинов.
Максимов – Коќубан првпат се во Охрид и на фестивалот Охридско лето и, како што велат, иако прочитале за убавините со кои ќе се сретнат, сепак, по доаѓањето, виделе дека градот е уште поубав кога ќе се посети.

„Ова е нашиот прв настап на Охридско лето. Бевме многу возбудени што доаѓаме бидејќи многу читавме за Охрид. И морам да кажам дека нашите очекувања беа многу пониски отколку реалноста. Ова место е восхитувачко. Кога првпат стапнавме во црквата ‘Света Софија’, ја почувствувавме таа прекрасна енергија и атмосфера“, вели Максимов.

Иако настапуваат како дуо-пијано, рускиот пијанист Илја Максимов и неговата животна и музичка партнерка, Јулија Коќубан, зад себе имаат и самостојни музички кариери.

„Да се свири на едно пијано за четири раце е поинаку и има голема варијабилност на камерната музиката. Ние обично свириме посебно како пијано дуо и ова ни е прв концерт во странство на кој свириме со 4 раце. Но, бидејќи сме венчани и го делиме животот, и свирењето е полесно со пијано за четири раце“, открива младата пијанистка Јулија Коќубан.

И Максимов вели дека не ги запоставуваат соло кариерите, но, сепак, најубаво е кога и во светот на музиката патуваат заедно.

„Секогаш кога имаме шанса, настапуваме заедно. Двајцата имаме посебни кариери како уметници, Јулија е извонреден пијанист, јас исто така давам сè од себе. Секако, кога имаме соло концерти, даваме сè од себе изнесувајќи го тоа пред публиката, но одлично е кога сме заедно бидејќи можеме да патуваме заедно и да искусиме многу нешта“, додава Максимов.

Јулија Коќубан е една од водечките пијанистки на својата генерација. Нејзиниот деби-албум „Шуман, Шопен, Бацевич“ е оценет од музичката критика како еден од најинтересните полски деби-албуми во последните години, а последното ЦД со клавирските концерти на Тансман и Бацевич е номинирано за највисоката наградата во полската музичка индустрија – „Фредерик“.

Илја Максимов е победник на интернационалниот натпревар „Ж. Б. Виоти“ во Италија. Неговиот широк репертоар ги покрива делата од раната класика, па сè до модерните композитори, а делата на руските композитори секогаш имаат посебно место во неговата концертна кариера.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет4 часа

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Македонија4 часа

Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството...

Економија6 часа

Бежоска: НБРМ ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени...

Македонија7 часа

МВР го расчисти случајот со авотмобилот што изгоре во Ново Лисиче

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај,...

Македонија9 часа

Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија9 часа

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев,...

Македонија9 часа

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернативата нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се...

Македонија10 часа

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Комисијата за заразни болести размислува, а Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да се...

Македонија11 час

Засега нема воведување на ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија

Засега нема одлука за воведување ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести...

Македонија11 час

Сведоштво на прилепчанка што го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација ѝ било семејството, кое...

Топ12 часа

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија12 часа

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет13 часа

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија14 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија14 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет15 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет15 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет15 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија15 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Досие