Контакт

Култура

Британски пратеници против „happy hours“ во пабовите

Објавено пред

Група британски пратеници повикаа на забрана на „happy hours“ часовите за време на кои алкохолнитепијалоци во пабовите се продаваат по пониска цена.

Група британски пратеници повикаа на забрана на „happy hours“ часовите за време на кои алкохолнитепијалоци во пабовите се продаваат по пониска цена.

Пратениците тврдат дека меѓуглавните причини за нивното барање е прекумерната потрошувачка на алкохол воземјата, како и намерата да ги спречат супермаркетите да продаваат алкохол созагуба, како што тоа го прават за време на промоциите.

Продажбата на алкохол по понискацена ја поттикнува прекумерната потрошувачка и ја присилува полицијата да вложиповеќе средства за соочување со насилството и другите проблеми поврзани сопијанството, се истакнува во извештајот на парламентарниот оддел задолжен за надзор наработата на владата.

„Не е можно да се има, од еднастрана, промоции на алкохол наменети за остварување профит, коишто поттикнуваатпрекршоци и немири, и, од друга страна, полицијата која мора да го вложува ситесвои средства за да се соочи со тие феномени“, наведе шефот на парламентарниотоддел Кејт Вац.

Здружението на британските пабови и производителина пиво истакнаа дека пабовите веќе презеле мерки против „сомнителните промоции”и ја критикуваа продажбата на алкохол по пониска цена, што се практикува восупермаркетите.

/крај/х/ег/

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Легендарната Клаудија Кардинале и оскаровецот Роџер Дикинс пристигнаа во Македонија

Објавено пред

Од

Големата италијанска и светска актерка, легендарната Клаудија Кардинале, како и оскаровецот Роџер Дикинс, денеска, во попладневните часови, пристигнаа во Македонија.

Актерката, која е придружувана од својата ќерка, изрази заинтересираност да ја запознае земјата што ѝ оддава почест со наградата „Специјална златна камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија.

Веднаш по пристигнувањето, таа рече дека ѝ се допаѓа што кај нас е топло и сончево и дека првите впечатоци ѝ се позитивни.

По кусиот одмор во Скопје, Кардинале продолжува кон Битола, каде што утревечер, на свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, ќе ѝ биде врачена наградата.

Британскиот кинематографер Роџер Дикинс, лауреат на „Златна камера 300“ за животно дело на годинешното 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, дојде во Македонија со својата сопруга Изабела.

Тој веќе пристигна во Битола, каде што го пречека директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска, заедно со фестивалскиот тим. Роџер Дикинс е еден од најголемите живи светски кинематографери и нему утревечер ќе му биде врачена наградата, а в понеделник (24 септември) тој ќе одржи мастер-клас во рамките на програмата на ИФФК „Браќа Манаки“.

Прикажи повеќе...

Изложби

Почна 13-тото издание на „Модерен Истанбул“

Објавено пред

Тринаесеттото издание на „Модерен Истанбул“ ќе им посака добредојде на повеќе од 80 галерии од 22 земји од светот. Уметничкото случување ќе трае од 20 до 23 септември.

Камијар Малеки, директорот на настанот „Модерен Истанбул“, вели дека учествуваат 54 меѓународни и 29 локални галерии. Малеки додава дека Програмата за поддршка на галериите била од голема помош во финансискиот дел.

„Сакаме да ги отвориме изложбите, без уметниците премногу да потрошат“, вели тој.

Најмалку 650 уметници со повеќе од 2.000 дела ќе земат учество во настанот, а изложбите ќе бидат збогатени со учеството на светски познати и реномирани галерии, но и посетени од страсни колекционери и вљубеници во уметноста.

Прикажи повеќе...

Филм

„Дизни“ ќе паузира со „Војна на ѕвездите“

Објавено пред

 

По купувањето на продукцијата „Лукасфилм“ во 2012, „Дизни“ работи со полна пареа за повторно да го оживее серијалот „Војна на ѕвездите“, но кога „Соло“ значително потфрли со заработката, „Дизни“ вели дека ќе направи мала пауза.

Извршниот директор Боб Ајгер во изјава за „Холивуд репортер“ вели дека направиле премногу за кусо време, па во наредниот период фановите може да очекуваат мала стагнација.

Во периодот од 2015 до 2018 „Дизни“ промовира четири филма – „Силата се буди“, „Роуг 1“, „Последниот џедај“ и „Соло“. Филмовите беа мешавина од научнофантастичната сага и главно ја обработуваа приказната на Лук Скајвокер.

Кога „Силата се буди“ ги собори рекордите на бокс-офисот, се чинеше како „Дизни“ да го пронајде начинот да се збогати, па почна да штанца сè повеќе филмови.

Минатата година Ајгер се пофали дека „Дизни“ се надева оти серијалот ќе трае барем уште 15-ина години.

Сепак, очекувањата не беа исполнети. Иако „Последниот џедај“ го најдмина „Роуг 1“, ни одблизу не го достигна успехот на „Силата се буди“, а „Соло“, пак, постави одлични стандарди за продолженијата по него, но сепак заработи помалку од 400 милиони долари во светски рамки.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток7 минути

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток2 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Крвав четврток5 часа

Драма во кривичен – Игор Југ скокна од столчето и сакаше да си замине среде судење

Обвинетиот Игор Југ на продолжението од судењето за настаните од 27 април му постави прашање на ексминистерот за внатрешни работи,...

Македонија7 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ9 часа

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија9 часа

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија11 час

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија12 часа

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија13 часа

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија13 часа

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија13 часа

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет13 часа

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија15 часа

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести1 ден

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион1 ден

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија1 ден

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија1 ден

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија1 ден

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 дена

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Досие