Контакт

Култура

Одбележани 90 години од крајот на Првата светска војна

Објавено пред

Европските лидериденеска ја одбележаа 90. годишнината од завршување на Првата светска војна.

Европските лидериденеска ја одбележаа 90. годишнината од завршување на Првата светска војна.

Церемонијата сеодржа во Верден, местото каде што се одвиваше една од најкрвавите битки наГолемата војна од 1914. до 1918. година.

На свеченостаприсуствуваа повеќе европски лидери, меѓу кои францускиот претседател НиколаСаркози, принцот Чарлс, претседателот на горниот дом на германскиот Парламент,Петер Милер, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ипретседателот на Европскиот парламент Ханс-Герт Петеринг.

Повеќе стотицилуѓе, вклучувајќи и ветерани од другите војни, се собраа денеска предкостурницата во Дуомон, каде се положени останките на незнајните војници.

Се проценува декаво Верденската битка загинале 300.000 војници во текот на 300 дневните жестокиборби меѓу Франција и Германија околу стратешката позиција на реката Меза.

Оваа година попрв пат се одбележува без присуство на француските војници од Првата светскавојна, бидејќи последниот преживеан Лазар Понтичели, умре во март оваа година,во 111. година.

Последниотгермански војник на Големата војна умре исто оваа година, додека тројцабритански ветерани ќе присуствуваат на прославата во Лондон.

/крај/б/ст

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

На Скопје филм фестивал претставени новите кратки македонски филмови

Објавено пред

Во рамки на програмата Македонска продукција на 22. Издание на Скопје филм фестивал, синоќа беа прикажани три краткометражни филмови од најновата македонска продукција.

„Неонски срца“ во режија на Ана Јакимска, по нејзино сценарио во соработка со Диана Воинеа од Романија е современа приказна за еден средовечен геј маж кој живее двоен живот и почнува да се сомнева дека својата „настраност“ ја вовел во семејството.

Со Јордан Симонов во главна улога, дел од актерската екипа се и Гордана Ендровска, Симеон Дамевски, Симон Палитов, Гзим Жерка.

„Голема благодарност до целата екипа која се вложи во овој филм и до сите пријатели кои несебично ни помогна“, рече Јакимска. Таа веќе имаше успех со својот претходен краток филм „Ќе дојдат децата“ кој беше номиниран за најдобар краток игран филм на Меѓународниот филмски фестивал во Шангај во 2017, а беше прикажан и награден на многу филмски фестивали ширум светот. Таа е автор на два кратки играни филмови („Ќе дојдат децата“, „Надвор е ладно“), еден краток документарен филм („Би се викал Барбара“) и неколку музички видеа.

„И(с)згубени“ на режисерот од Охрид, Антонио Велјановски е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.

Главните улоги во филмот ги толкуваат легендарниот чешки актер Јан Качер и позната чешка актерка Марие Дурнова.Авторската екипа на филмот ја сочинуваат: сценарио и ​режија Антонио Велјаноски; директор на фотографија Владимир Димоски; сценограф и костимограф Катерина Јирманова; Монтажа Лука Џикановиќ и Антонио Велјаноски; композитор Игор Василев Новоградска; продуцент на сет Зоран Вељаноски Летра​. Продуцент на филмот е Елена Станишева.Филмот е во копродукција со ФАМУ и ФАМУ Студиото од Чешка.

Во краткиот филм „Запирка“ на режисерот Сезер Салихи е со актеритеАнастас Тановски и Синоличка Трпкова. Сценариото е на Салихи и Амед Коркмаз, продуцент е Генц Халими, кој е и директор на фотографија.

Режисерот Сезер Салихи завршил филмска режија на Истанбул Комерс Универзитетот, а роден е во Скопје, неговиот претходен краток филм е „Јуџелџилер“.Авторските екипи на филмовите по проекциите се поклонија пред публиката во кино „Фросина“.

Во понеделник по проекцијата на филмот „Киселина“ во 20 часот во кино Фросина, на прашања од публиката ќе одговара гостинката на фестивалот, актерката Анастасија Евграфова.

Програма за 21 април:

Кино Фросина

18:00 СВЕТОТ Е ТВОЈ /THE WORLD IS YOURS France, 2018, 94 min.
Режија/Director: Romain Gavras
Улоги/Cast: Karim Leklou, Vincent Cassel, Isabelle Adjani

20:00 ГРЕТА / GRETA Brazil, 2019, 97 min.
Режија/Director: Armando Praça
Улоги/Cast: Marco Nanini, Denise Weinberg, Gretta Sttar
*слободен влез

22:00 ФАРЕНХАЈТ 11/9 FAHRENHEIT 11/9 USA, 2018, 128 min.
документарен филм
Режија/Director: Michael Moore
Улоги/Cast: Jim Acosta, Alexandria Ocasio-Cortez, Ashleigh Banfield

Кинотека

19:00 СРЕЌЕН КАКО ЛАЗАРО / HAPPY AS LAZZARO
Italy, Switzerland, France, Germany, 2018, 127 min.
Режија/Director: Alice Rohrwacher
Улоги/Cast: Nicoletta Braschi, Sergi López

21:00 ЛИВАДА / THE MEADOW Macedonia, 1998, 20 min.
Режија/Director: Mitko Panov Улоги/Cast: Meto Jovanovski, Josif Josifovski,
Flora Kadriu

22:00 КЛИМАКС / CLIMAX France, 2018, 96 min.
Режија/Director: Gaspar Noé
Улоги/Cast: Sofia Boutella, Romain Guillermic, Souheila Yacoub

Програмата и распоредот на филмовите и настаните видете ги на HYPERLINK “http://www.skopjefilmfestival.com.mk/” http://www.skopjefilmfestival.com.mk/

Прикажи повеќе...

концерти

Концертна промоција на албумот „Крик и прашина“ од Сашко Костов во МКЦ

Објавено пред

Во салата „25 мај“ во МКЦ, на 20 април (сабота), во 21 часот, ќе се одржи концертна промоција на новиот албум на Сашко Костов со наслов „Крик и прашина“.

Сашко Костов со овој албум отвора ново поглавје во неговото истражување на музиката, се вели во соопштението од МКЦ.

„Осумте песни – ‘Прашина’, ‘Еј, еј’, ‘Ништо посилно’, Living, ‘Неонски хаос’, ‘Еве ти сон’, ‘Здив’ и ‘Последна’ – ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн со разни предизвици, и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања“, додаваат од таму.

Албумот „Крик и прашина“ се оценува како оригинална, автентична, емотивно-експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија.

Целта на Костов била самостојно да се отсвират речиси сите инструменти на албумот, со текстови на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска.

Славчо Пеев, Антонија Арангеловиќ свират на целиот албум, а Михаил Парушев, Бојан Петков – Шамба, Анета Качуркова, Александар Ристовски – Принц, Огнен Анастасовски – Окац, се појавуваат како гости во по една песна.

На промоцијата Костов ќе свири со нов бенд составен од него на вокали, гитара, семпелер и удиралки, Дамјан Данев – тапани, Марио Симоновски – гитара, Кире Ацевски – бас, како и Симон Облешевски и Мартин Џорлев на клавијатури.

Прикажи повеќе...

концерти

„Реквием“ на Верди на сцената на Македонската филхармонија

Објавено пред

На 25 април, овој четврток, во 20 часот Филхармонијата заедно со Хорот на oперата и врвните солисти – Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Елени Матос (мецосопран-САД), Дејвид Јунгхон Ким (тенор-Кореја) и Милан Силјанов (бас-баритон), под диригентство на маестро Емил Табаков (Бугарија), ќе го изведат едно од најмоќните дела во историјата на музиката – „Реквием“ од Џузепе Верди.

Концертот „Вердиевиот реквием“ ќе донесе музичка возбуда, а ремек-делото на Верди на нашата сцена ќе биде изведено по подолга пауза.

„Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди се смета за едно од најмоќните, најдраматичните дела во историјата на класичната музика. Оваа творба претставува прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло-мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растоваруваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на двајца славни италијански уметници – писателот Алесандро Манцони и композиторот Џоакино Росини.

„Само гениј би можел да напише вакво дело“, изјавил композиторот Јоханес Брамс, а критиката ќе напише дека „Реквием“ на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена…

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 201912 минути

До 13 часот гласале 284.942 гласачи, одѕивот е 20,45 отсто

Од обработени 75,50 отсто од избирачките места, до 13 часот на гласање излегле 284 942 гласачи или 20,45 отсто од...

Свет48 минути

Осма експлозија ја стресе Шри Ланка, над 180 мртви

Осма експлозија одекна во Шри Ланка, јави „АФП“. Експлозијата се случила само половина час откако експлозивна направа била активирана покрај...

Топ1 час

Полицаец загина, а четири лица се повредени откако кумановец со ,,мерцедес” направил две сообраќајни несреќи

На 21.04.2019 во 00.45 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе во близина на крстосница со населбата Ајдучка Чешма,...

Избори 20192 часа

Едно лице приведено во Аеродром, го фотографирало гласачкото ливче

Едно лице е приведено во Скопје за време на гласањето на претседателските избори, бидејќи го фотографирало гласачкото ливче, потврдуваат од...

Регион5 часа

Двајца загинати во авионска несреќа во Бугарија

Пилотот и патник на мал приватен авион вчера загинаа во Бугарија, кога воздухопловот се урнал во јужниот дел на земјата....

Свет5 часа

(Видео) Експлозии за католички Велигден во Шри Ланка, најмалку 50 мртви

Најмалку 50 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во Шри Ланка во повеќе експлозии на неколку локации, вклучувајќи...

Избори 20195 часа

Изборите ќе ги следат 3.094 домашни и 419 странски набљудувачи

Гласањето за претседателските избори денеска и на 5 мај ќе го следат 3.094 се домашни набљудувачи, а 419 од странство....

Избори 20196 часа

Граѓаните бираат претседател на државата

На 3.480 избирачки места денеска 1.808.131 граѓани со право на глас по шести пат ќе бираат претседател на државата. Гласачите...

Свет17 часа

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот

По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен. Аеродромот се протега...

Избори 201917 часа

ДИК: Гласањето помина без проблеми

Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласањето поминало тековно и без проблеми. Ден пред претседателските избори во...

Европа18 часа

Париз: Уапсени 126 лица на протестите на ,,Жолтите елеци”

На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се...

Регион18 часа

САД ќе и испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” на Албанија

Соединетите Американски Држави (САД) ќе испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” во Албанија, со цел да ги зајакнат нивните воени капацитети,...

Регион19 часа

Трговски центар во Сараево евакуиран поради дојава за бомба

Трговски центар во Сараево беше евакуиран попладнево откако во сараевската полиција пристигнала дојава за поставена бомба. Со брза реакција на...

Регион1 ден

Во Косово вратени со авион десетици жени и деца на џихадисти од Сирија

Дестици жени и деца, членови на семејствата на косовски џихадисти кои војувале во Сирија, со авион биле вратени во Косово,...

Избори 20191 ден

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ1 ден

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Свет1 ден

Брачен пар осуден на доживотен затвор, ги злоставувале нивните деца

Брачен пар од Калифорнија кој ја призна вината за повеќегодишното злоставување на нивните 12 деца, е осуден на доживотна казна...

Европа1 ден

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет1 ден

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Досие