Контакт

Култура

Русија ќе се бори против алкохолизмот

Објавено пред

Предлог закон занамалување на алкохолизмот во Русија и промоција на здравиот начин на животподготви министерството за здравство и општествен развој во Москва.

dobivaj vesti na viber

Предлог закон занамалување на алкохолизмот во Русија и промоција на здравиот начин на животподготви министерството за здравство и општествен развој во Москва.

Предлогот предвидува ограничување наконсумирањето на алкохол, спречување на продажба на алкохол со лош квалитет,како и воведување на систем за спречување на злоупотребата на алкохол.

Според официјални податоци воизминатите десет години во Русија продажбата на пиво тројно се зголемила. Истотака е забележан и растеж на злоупотребата на алкохол кај тинејџерите и кајжените.

Според главниот санитарен инспекторГенадиј Онишченко 76 проценти од Русите редовно консумираат алкохол, а двапроценти од населението односно 2,8 милиони луѓе се алкохоличари.(крај) ста/мп

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

(Видео) Љутков: Се обврзувам на многу инвестиции во културата- со развиена култура ќе имаме посреќно општество

Објавено пред

Се обврзувам на многу инвестиции во културата- со развиена култура ќе имаме посреќно општество, вели  Зоран Љутков – предлог за министер за култура во новата Влада.

dobivaj vesti na viber

„Доаѓам од штиците што живот значат. Доаѓам од сцената каде скоро 2 децении го давам својот максимум знам како размислуваат уметниците, знам што и е потребно на културата. 7 години министерството за култура беше се само не тоа што треба да биде. Никогаш повеќе не била оддалечена фелата од културата како што тоа е сега, никогаш повеќе не биле понижени културните работници од тоа што се изминативе 7 години.

Време е за промени, ветувам дека ќе свртам нов лист. Се обврзувам на многу инвестиции, нови и реновирани сцени, поддршка за македонскиот филм, македонските фестивали, музика, ликовна уметност, издаваштво, поддршка за актерите, заштита на културното наследство и подобри услови за работа. Достоинствена меѓународна презентација, знам точно што треба да се направи, културните работници ќе добијат елан за работа и тврорештво тоа го ветувам со развиена култура имаме посреќно општество. Македонија за сите, Македонија за тебе, почнуваме!“, порача Љутков.

Прикажи повеќе...

Култура

Рациново признание за Фросина Пармаковска

Објавено пред

Фросина Пармаковска со романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е добитничка на Рациновото признание за 2024 година. Наградата ѝ беше врачена на 19 јуни на свеченото отворање на 61 издание на Рацинови средби во Спомен-костурницата во Велес.

dobivaj vesti na viber

Одлуката за наградата во конкуренција од 25 книги ја донесе жирито во состав: Светлана Петрова Џамбазова (претседателката) и Маја Апостоловска и Јасминка Делова Сељанова (членки).

Во образложението на одлуката за наградениот роман меѓудругото стои:

„Ова е дело коешто го користи навидум индуктивниот метод, поаѓајќи од ликовите нѐ запознава со основните развојни линии на приказната, пополнувајќи ја секојпат со новина за главниот лик Иван и за неговото најтесно (пријателско и роднинско) опкружување. На тој начин авторката создава една сложена структура на ликови, односи, релации, настани, давајќи ни детали и за другите ликови, но секогаш враќајќи го фокусот на нарацијата токму на главниот лик и на неговите интимни чувствувања, размисли, расположби и стравови, со коишто не е секогаш во состојба да се соочи и запаѓа во меланхолични до депресивни кризни состојби.

Авторката го прифаќа предизвикот низ објективни истражувачки постапки да дојде до свои сопствени сознанија, прекршени низ призмата на својот сеизмографски прецизен сензибилен капацитет и да проговори топлочовечки, раскажувачки вешто за депресивните нарушувања сѐ поприсутни кај човекот денеска, за аферата на украдените бебиња во поранешна Југославија, за којашто многу се пишувало и се истражувало години по случувањата, за прашањата коишто го мачат човекот денеска шекспировски можеби, но и онтолошки, гносеолошки, теолошки, песимистички, оптимистички, реални, магични и магиски… сугерирајќи ни повеќестран приод кон суштинското во приказната.“

Романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е во издание на издавачката куќа Или-Или како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА.

Прикажи повеќе...

Култура

Во Слоештица ќе биде одбележана 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски

Објавено пред

Со културна манифестација ќе биде одбележана 90 годишнината од раѓањето на македонскиот писател и поет, Петре М. Андреевски.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе се одржи во  родното село и вечното почивалиште – с. Слоештица, Демир Хисар, во вторник (25 јуни) во 13 часот, а истиот е во организација на Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошки факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенското собрание при УКЛО, -АРТ ПОИНТ – ГУМНО, с. Слоештица и Europe House – Битола.

Покрај посета и оддавање почит на гробот на Петре во селото Слоештица, предвидена е реализација на културна манифестација која вклучува литературно читање на дел од поезијата на Петре М. Андреевски и квиз со едукативен карактер, поврзан со ликот и делото на Петре М. Андреевски. Литературното читање и квизот ги подготвија студенти од Педагошки факултет – Битола, и истите ќе се реализираат во реновираниот Задружен дом во селото Слоештица.

Настанот ќе заврши во АРТ ПОИНТ – ГУМНО со свечено откривање на склуптура, инспирирана од прочуената „Дениција“ на Андреевски, а изработена од познатиот македонски уметник, Никола Пијанманов.

На настанот свое присуство и обраќање најави и Амбасадорот Дејвид Гир од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Екипажот на товарен брод во грчка сопственост е полесно повреден од напад на Хути во Црвеното Море

Екипажот на товарен брод кој пловел под знаме на Либерија и е во сопственост на Грција е полесно повреден во...

Македонија27 минути

ЦУК: 2 699 повици на 112 во последното деноноќие, невреме во Тетовско и Скопско и 15 пожари на отворено, два се уште се активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 699 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Македонија44 минути

Голем број пријави за поплавени куќи и улици, прекини и во снабдувањето со струја: ЦУК за невремето во Тетово

Како последица на невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон проследено со силен дожд и град, на телефонскиот...

Македонија10 часа

Избрана новата Влада на чело со Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани беше изгласана новата Влада. Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а...

Македонија10 часа

Мицкоски: Ќе ја кажам срамната придавка, во моментов сум немоќен

Луѓето што ме знаат, тие знаат дека мојот збор планина тежи. Ќе правам се додека сум жив неправдата да ја...

Македонија12 часа

(Видео) Оградата од мостот во Автокоманда падна врз две возила

Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, во екот...

Свет12 часа

Напаѓачи упаднаа во црква и синагога во Русија, убија полицајци, му го пресекоа грлото на попот

Вооружени напаѓачи отвориле оган врз синагога, православна црква и полициска станица во рускиот регион Дагестан, а неколку луѓе биле убиени,...

Македонија13 часа

(Видео) Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја

Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје....

Македонија14 часа

Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми

Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје. Бебето...

Македонија15 часа

ЕВН ќе ја гасне струјата во Тетово поради опасноста од струен удар по силното невреме

ЕВН ќе ја исклучува струјата улица по улица и населба по населба во Тетово поради опасноста од струен удар по...

Македонија17 часа

МВР со детали за смртта на пратеникот од СДСМ: паднал од кровот на викендичката на Осогово и загинал

Полицијата објави детали за несреќата во која вчера животот го загуби пратеникот од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Според информациите,...

Топ20 часа

Возач со автомобилот удри во 77-годишен мотоциклист во Штип и побегна од местото

Вчера на улицата Гоце Делчев во Штип, автомобил удри во мотоцикл „баотиан’ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од...

Свет21 час

Подготвени сме на било каква акција во Либан, рече израелскиот министер по заканите на Хезболах

Израел е подготвен за секаква акција што може да биде потребна во Газа, Либан и дополнителни области, изјави израелскиот министер...

Македонија21 час

МНР: Македонските граѓани да го напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи ги повикува македонските државјани кои се наоѓаат во оваа држава,...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Како држава мора да имаме силни и брзи резултати за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната Влада...

Свет1 ден

Романската воена база наскоро ќе стане најголема НАТО база во Европа: „Зголемено е американското присуство“

Воздухопловната база Михаи Когалничану во Романија се подготвува да стане најголемата воздухопловна база на НАТО во Европа, поголема од Рамштајн...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди Венецуела

Венецуела денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил рано утринава, по...

Македонија1 ден

Времето сончево, попладне со услови за интензивен пороен дожд, ветер и град

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен...

Македонија1 ден

Почина поранешниот пратеник на СДСМ, Миле Андонов

На 62-годишна возраст, денес во Кочани, почина поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов. Неговите сопартијци се збогуваа со...

Топ2 дена

Свршеникот на Мартина која загина во несреќата во Грција: „Ти си ангел кој ќе сјае во рајот, почивај во мир душо моја најсакана“

Свршеникот на 29-годишната Мартина од Битола која загина во сообраќајната несреќа во Грција, со емотивна порака на социјалните мрежи се...