Култура
Стрмоглави падови на глобалните берзи
Европскитеиндекси изутрината го започнаа тргувањето со минуси, откако негативниот трендзапочнат вчера на американските берзи, продолжи на азиските пазари на хартии одвредност, јавија западните агенции.
Европскитеиндекси изутрината го започнаа тргувањето со минуси, откако негативниот трендзапочнат вчера на американските берзи, продолжи на азиските пазари на хартии одвредност, јавија западните агенции.
Причините зановиот бран катастрофални резултати на берзите ширум светот, спореданалитичарите се рекордно високата дефлација во САД, како и најголемиот пад најапонскиот извоз во последните седум години.
Индексите наевропските берзи потонаа и тоа лондонскиот ФТСЕ изутрината загуби 1,8 насто одвредноста, франкфуртскиот ДАКС падна за 2,4, а парискиот ЦАЦ потона за 2,5 насто.
Клучниот индексна јапонската берза НИККЕИ, во тргувањето, што заврши изутрината по европсковреме загуби 6,5 насто. Индексот во Хонг Конг падна за 5,5 проценти, а најмалкуво азискиот регион загуби кинеската берза – 0,6 насто.
Акциите на ВолСтрит во средата забележаа стрмоглави пад, а сите индекси паднаа на најнискониво од 2003. поради растечката загриженост за здравјето на финансискиот системи опстанокот на американската автоиндустрија.
Акцијата наСитигруп потона за 23 отсто, на 6.40 долари, најниско во последните 13 годинисо што го изгуби местото четврта најголема банка во САД. Акцијата на ЏенералМоторс падна за 9.7 отсто на најниско ниво од 1940-те години, додека Форд изгуби25 отсто од пазарната вредност.
14 компанииопфатени во индексот Стандард и Пурс 500 паднаа за 20 или повеќе отсто, откаковладините податоци покажаа дека рецесијата се продлабочува, а растаточекувањата оти осигурателните компании ќе покажат уште губитоци
Индексот СиП 500падна за 6.1 отсто на 806.58 бодови, зголемувајќи го својот падна на 45 отсто вооваа година, која доколку продолжи трендот може да биде најлоша од 1931.
Индексот Дау Џонспадна за 427.47 бодови или 5.1 отсто, на 7.997,28 бодови. Технолошкиот индексНасдак Композит падна за 6.5 отсто на 1.386,42 бодови
/
крај/хн/сл/мнп/ил
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари
Еден од балетските бисери на класичниот репертоар – „Жизел“ од Адолф Адам ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари со почеток во 19.30 часот.
Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска). Костимограф е Александар Ношпал, сценографијата е на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а дизајнот на светло е на Милчо Александров.

Во насловната улога – Жизел настапува примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Алберт – Балаж Лочеи, како Мирта настапува Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион – Бобан Ковачевски, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Едно од најпознатите дела од класичниот балетски репертоар, „Жизел“ ја раскажува приказната за љубовта, измамата и прошката, која во вториот чин се одвива во светот на вилите. Лиричната музика и препознатливата кореографија го прават балетот постојано присутен на светската и домашната сцена.

Премиерно изведен во Париз во 1841 година, балетот „Жизел“ се смета за врв на романтичниот балет, особено по прочуениот „бел чин“ – еден од најпрепознатливите симболи на класичната балетска естетика.
Култура
Промоција на романот од Ирена Јурчева „Ќе помине и моќта“ во МКЦ
Вечерва, со почеток од 19 ч., во фоајето на Младински културен центар (МКЦ), ќе се одржи промоција на најновиот роман од Ирена Јурчева – „Ќе помине и моќта“.
Покрај авторката, на промоцијата ќе зборуваат Виолета Танчева-Златева и Александар Маџаровски-Читачот.
Романот „Ќе помине и моќта“ излезе од печат кон крајот на 2025 г., во издание на „Паблишер“, и претставува досега најамбициозно и најобемно дело на Јурчева. На повеќе од 350 страници, авторката гради слоевита и длабока приказна за наглото созревање среде светот што се распаѓа, за необичната моќ што го одбележува животот, и самата осудена да помине.
Ирена Јурчева ѝ е веќе добро позната на книжевната јавност како поетеса, прозаистка и преведувачка. Позната е по поетските книги „Таинства“ и „Огнот наш нестишен“, збирките раскази „Разнишан свет“ и „Белата е најстрашната боја“, за која ја доби наградата „Новите“ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Освен тоа, преведувачка е на значајни дела од светската класика, меѓу кои се издвојуваат „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин и „Црниот мачор – раскази за мистеријата“ од Едгар Алан По.
Книгата ќе биде достапна за продажба и на самата промоција.
Култура
Крива Паланка ја слави Прочка со автентичниот обичај „Сусурига 2026“
На 21 февруари во Крива Паланка по третпат ќе се одржи манифестацијата „Сусурига 2026“, која како автентичен обичај ја оживува вековната традиција на маскирање и палење оган во чест на празникот Прочка.
Во духот на прошката, заедништвото и обновувањето, градскиот плоштад ќе се претвори во живо средиште каде генерациите се спојуваат околу обиччајните вредности што со векови се пренесуваат од колено на колено. Маскираните поворки, обредните елементи и симболичниот оган ќе создадат впечатлива слика за културниот идентитет и ќе ја оживеат културната меморија на градот.
Програмата започнува во 12:00 часот со дефиле од плоштадот „Карпошово востание“, а централниот настан ќе се одржи на Градскиот плоштад во 12:30 часот.
Пред публиката ќе настапат бројни маскирани и обредни групи од земјата и регионот и тоа: „Странчинарски игри“ од Мокриево, Ново Село, „Ратевски Бамурци“ од Ратево, Берово, „Суроварска група“ од Вискјар, Перник, Бугарија, „Џоломари“ од Манастирец, Росоман, како и локалните групи „Паланечка свадба“ од КУЗ „Карпош“ и „Трновски ветришта“ од КУЗ „8-ми Октомври“ при НУ Центар за култура Крива Паланка.
Организатори на манифестацијата се општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“, а целта е зачувување и промоција на нематеријалното културно наследство и обединување на граѓаните.
Манифестација „Сусурига“ го негува наследениот обичај и заедничката приказна што ја чува врската меѓу минатото и сегашноста и културната душа на Крива Паланка.

