Контакт

Култура

Лавров: САД да отстапат од штитот

Објавено пред

Руско-американскитеодноси ќе бидат подобри ако САД отстапат од својот план за поставувањеантиракетен штит во Полска и Чешка.

Руско-американскитеодноси ќе бидат подобри ако САД отстапат од својот план за поставувањеантиракетен штит во Полска и Чешка.

Ова денеска воЛима го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

 

“Доколку САДрешат да ги спроведат своите планови, ќе треба да обезбедат транспортни меркисо кои ќе се ублажи руската загриженост“, изјави Лавров во Лима, каде сорускиот претседател Дмитриј Медведев учествува на форумот за Азиско-пацифичкаекономска соработка (АПЕК).

 

Според Лавров, рускитестравувања во целост ќе се отстранат единствено во случај Вашингтон да отстапиод своите намери и да започне да соработува на заедничка антиракетна одбранбенаполитика.

 

Претходно,рускиот претседател Медведев најави дека неговата држава, исто така, ќе поставиракети во близина на Каљининград, на границата со Полска и Литванија.

/крај/бе/ис

 

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Еден од најуникатните бендови од Јужна Америка Föllakzoid и аудиовизуелниот колектив Žen во МКЦ

Објавено пред

На 21 октомври, понеделник, во МКЦ ќе се одржи концерт на еден од најуникатните бендови од Јужна Америка – Föllakzoid и аудиовизуелниот колектив – Žen како нивна предгрупа.

Föllakzoid почнуваат со работа пред десет години како трансерска авантура меѓу тројцата другари од најраното детство – Диего, Хуан Пабло и Доминго од Сантијаго, Чиле. Со огромни познавања за културното наследство од античката музика на Андите, овој бенд полека учи како да го усогласи ова влијание со современите звуци од нивното време, создавајќи богата, но истовремено и минималистичка атмосфера. „I“ e најновиот албум, нивно четврто издание, а трето за една од најактивните и најинтеренси издавачки куќи денес – њујоршката Sacred Bones Records. За разлика од минатите изданија кои беа направени во “single take” со целиот бенд, на овој албум се работеше три месеци во изолација.

Kреативната перспектива на бендот отсекогаш била отфрлување на наративните и музичките сознанија кои ги обликуваат физичките и дигиталните формати и концепции кои се достапни, и визуелно и музички, со цел да се направи временско просторна метричка структура која го распушта авторот и наративните парадигми.

Аудиовизуелниот женски колектив – ŽEN e оформен во 2010 година во Загреб, каде што го пронаоѓа својот креативен дом во АКЦ Медика. Нивното деби „I onda je sve počelo“ (2013) објавено под квир феминистичката издавачка куќа Unrecords од Виена и албумот „Јантар“ (2015) објавен како соработка помеѓу Unrecords и францускиот независен издавач Vox Project, ги направи еден од најпознатите и најважните бендови од регионот на поранешна Југославија.

Во 2017 година се приклучуваат на словенечкиот Moonlee Records, а во ноември 2017 година објавен е нивниот трет албум „Sunčani ljudi“. ŽEN разиграно ги раздвојува родовите стереотипи и ги поврзува границите на аудио и визуелната уметност, евоцирајќи патувања низ усогласување на гласот, потопени во прогресивна симбиоза на гитара, бас и тапани.

Прикажи повеќе...

Култура

Светска премиера на „Врба“ на Манчевски утре на фестивалот во Рим

Објавено пред

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на Филмскиот фестивал во Рим, Италија, во рамките на третата фестивалска вечер.

Годинава, во официјалната програма на еден од најголемите фестивали во светот селектирани се 33 филмови, меѓу кои и „Врба“. Најавувајќи ја програмата, уметничкиот директор на фестивалот Антонио Монда го опиша филмот на Манчевски со зборот „прекрасен“.

„’Врба’ го означува враќањето во форма, големата форма на Милчо Манчевски, на кого се сеќаваме по ‘Пред дождот’ кој ја освои Венеција. Ова е уште еден прекрасен филм“, рече Монда.

Тој додаде дека годинашното 14. издание на фестивалот е во знакот на жената: елегантен и стамен, поими кои реферираат и на „Врба“, кој говори за мајчинство, љубов и доверба.

За „Врба“, првиот фестивалски ден во Рим почнува утре со утринската проекција за новинарите, следи прес-конференција со режисерот Манчевски и македонските актерки, Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски, а вечерта е гала премиерата со прошетка по црвениот килим.

На светската премиера ќе присуствува и Министерот за култура, Хусни Исмаили.

На 1.300 метри квадратни поставен е најголемиот и најдолг црвен килим во светот, кој води од главната авенија до фестивалските збиднувања во Аудиториумот Парко дела Музика дизајниран од Ренцо Пијано, а на него ќе поминат и актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски.

На црвениот килим ќе продефилираат и Џон Траволта, Итан Коен, Бенисио Дел Торо, а на актерите Вајола Дејвис и Бил Мареј ќе им бидат врачени награди за животно дело.
Во Рим ќе дојдат и едни од најзначајните современи филмски режисери како Јапонецот Хироказу Коре-еда и Французите Бертран Таверние и Оливие Асајас.

Фестивалот вчера го отвори најновиот филм на актерот и режисер Едвард Нортон со неговиот „Бруклин без мајка“ во кој играат Брус Вилис, Алек Болдвин и Вилем Дефо.

Фестивалот има челична програма оваа година, доволно е да се спомене најновото филмско остварување на Мартин Скорсезе, „Ирецот“ во кој играат актерските магови Ал Пачино, Роберт Де Ниро, Џо Пеши и Харви Кајтел, филмот „Џуди“ со Рене Зелвегер во режија на Руперт Голд, филмот „Даутаун Еби“ со Џим Картер и Елизабет Мекговерн, филмот за Павароти во режија на Рон Хауард, „Хаслерс“ со Џенифер Лопез…

Во селекција се влезени филмови од 25 земји од светот.

Специфично за Филмскиот фестивал во Рим е тоа што тој е повеќе од фестивал – тоа е голем културен настан, каде публиката има можност за директен разговор со најголемите режисери, актери и писатели. Исто така, паралелно со фестивалот има и голем филмски маркет за пласман на филмовите и склучување нови проекти.

„Врба“ е шестиот долгометражен филм на Милчо Манчевски. Во филмот игра млада актерска екипа: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски. Во останатите улоги се Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други. Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Прикажи повеќе...

Книги

Нова книга од Венко Андоновски – „Достоевски и Мекдоналдс“

Објавено пред

Новата книга од авторот и професор Венко Андоновски со наслов „Достоевски и Мекдоналдс“ денеска излегува од печат. Оваа збирка есеи е напишана во препознатливиот стил на Андоновски низ кој провејува неговиот прониклив и (само)ироничен став кон работите, велат од издавачката куќа „Три“.

Низ петте поглавја, со наслов: Што е тоа бестселер, Тестирање на методот, Македонскиот роман, Македонска поезија и Рускиот роман денес, Венко Андоновски се обидува да одгатне што се случува со книжевноста денес кога за неа сè повеќе се зборува преку поимот бестселер. Нашите денешни автори се двоумат дали да ја продолжат својата богата (православна) книжевна традиција со вечните прашања за Бог, смислата на животот и љубовта, бесмртноста, локалните историски прашања и митолошките архетипови или да се свртат кон лесната и профитабилна светска кариера на таканаречените мекдоналдс или ready-made писатели.

„Книжевност е, значи, она што денес добро се продава како книга“, вели Андоновски. „И уште – според автоматизам (и, се разбира, погрешно) најпродаваната книга се смета за најдобра книга. Значи, сосема неосновано еден пазарен параметар се прогласува за естетски параметар. Замената на естетските со економски тези е дел од намерите на потрошувачкото општество, кое по секоја цена сака и уметноста да ја претвори во стока наменета за широка трговија. Книжевноста никогаш порано не била толку трговија колку што е денес.“

„Маестрален и оригинален, Венко Андоновски и во оваа книга плени со својата висока ерудиција, со едноставноста во изразот, но и со длабоката филозофска порака упатена кон овој наш глобален свет во кој дури и уметноста станува стока за широка потрошувачка за сметка на естетското во неа“, велат од „Три“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа која се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија30 минути

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет1 час

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на бројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет1 час

Eксплозии и пукање во Сирија, еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел Ајн во североисточна Сирија, на само еден ден по...

Европа2 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет14 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион16 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија17 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет17 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион18 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија19 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија20 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија20 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ22 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија22 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ22 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија23 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа23 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија24 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа1 ден

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Досие