Контакт

Култура

Градинките ќе згрижуваат со отисоци од прстите на родителите

Објавено пред

Родителите кои ги користат услугитена градинките во Берлин, наскоро ќе мораат да дадат од отисок од прстите какоуслов да ги земат своите деца.

Родителите кои ги користат услугитена градинките во Берлин, наскоро ќе мораат да дадат од отисок од прстите какоуслов да ги земат своите деца.

Мерката се воведува со цел да бидат спречени киднапирања на децата воградинките.

Вкупно 17 градинки ќе бидат дел од тримесечниот проект, за време на којродителите ќе мораат да дадат од отисокод прстите кога ги оставаат децата и да бидат идентификувани на истиот начинкога ќе дојдат по нив.

„Наутро кога ќе ги донесат децата, родителите ќе остават отисок. Навечер ќеминат контрола со помош на скенер, пред да ги однесат децата“, соопштија од Протестантскотоздружение на градинките во Берлин.

/крај/х/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Со концерт на „Архангел“ на 11 октомври почнува „Таксират“

Објавено пред

Со концерт на „Архангел“ на 11 октомври во СЦ „Борис Трајковски“ почнува 22. издание на фестивалот „Таксират“.

„Со целовечерен концерт на ‘Архангел’, со мотото 30 години љубов, почнува официјалната музичка програма на фестивалот ‘Таксират’, кој повеќе од 20 години ја отсликува убавата страна на градот и игра значајна улога во градење на културата на нашите простори“, велат од „Пасворд продукција“.

Само една недела подоцна, на 23 октомври, програмата продолжува со соло концерт на Страјк.

Билетите се достапни онлајн и преку дистрибутивната мрежа на „Мктикетс“.

Во согласност со протоколот за реализирање настани во затворен простор, билетите се строго ограничени и исклучиво за седење, а салата е соодветно приспособена за одржување настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.

Во рамките на „Таксират“ ќе се одржи и седмото издание на првата и единствена музичка конференција – ПИН. Со поддршка од Делегацијата на Европската Унија годинава ПИН ќе се одржи во три програмски дена – од 26 до 28 ноември, на повеќе локации во Скопје.

Годинешното издание ќе биде фокусирано на здружување на силите на најдобрите и на најновите музички таленти од регионот, Европа и Македонија, како и најрелевантните имиња во музичката индустрија – промотори, менаџери, музичари, новинари.

„Преку конструктивни панели и дискусии, ќе се обидеме да најдеме релевантни решенија и начини на кои можеме да влијаеме врз подобрување на состојбата во музичката индустрија, која е една од најпогодените гранки од коронавирусот“, велат организаторите.

Поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна регистрација за конференцијата.

Прикажи повеќе...

Култура

Фестивалот за планински филм – ЕХО од 5 до 9 октомври

Објавено пред

Единаесеттото издание на Фестивалот за планински филм – ЕХО ќе одржи од 5 до 9 октомври во киното „Милениум“ и киното „Фросина“/МКЦ.

„Пред нас имавме голем предизвик оваа година да организираме класичен филмски фестивал, кој ќе обезбеди следење на филмската програма на големото платно, причините ги знаете сите, и поради истите тие причини, го поместуваме малку порано фестивалот на почетокот од октомври 2020 наместо вообичаено за нас резервираниот термин во ноември. Иако годинава, поради протоколите, нема да може да се дружиме лично со интернационални или домашни гости во форма на предавања и презентации, сепак ве уверуваме дека имаме одлична филмска програма, која нема да отстапи од курсот на ЕХО и пораката што ја пренесува“, велат организаторите.

Филмската програма ја сочинуваат 29 филма од автори од 15 земји, сите претставуваат македонска премиера, а има и неколку наслови, кои својата светска премиера ќе ја имаат на фестивалот.

Прикажи повеќе...

Култура

2021 – година во чест на Блаже Конески

Објавено пред

Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2021 година за меѓународна година на мирот и довербата со цел да ги мобилизира напорите на меѓународната заедница да се обезбеди траен мир, солидарност и хармонија.

Министерството за култура и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија почнуваат иницијатива за приклучување кон прославата на оваа меѓународна година со програма посветена на еден од великаните на македонската култура, Блаже Конески, по повод стогодишнината од неговото раѓање.

Денот на кој се родил овој исклучителен културен деец е запишан и на листата на УНЕСКО за одбележување значајни јубилеи во светот во текот на 2021 година.

„Оваа годишнина заслужува сите актери на културниот, академскиот и на општествениот живот да ги мобилизираат своите креативни сили за достоинствено чествување на ликот и делото на Блаже Конески. Затоа, Министерството за култура и Министерството за образование и наука подготвуваат платформа за усогласување на разните настани што ќе се одвиваат на национално и на меѓународно ниво. Мирот и довербата се стожерите на поетската и на научната дејност на Блаже Конески. Неговото монументално дело ги инкарнира овие длабоко хуманистички идеали“, соопшти Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент за Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога  би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски што беше навестена...

Регион1 час

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Регион2 часа

Пациент во Хрватска починал затоа што му било инјектирано средство за дезинфекција

Претседателката на управниот одбор на болницата во Чаковец, Соња Тошиќ-Грлач, изјави дека пациентот на хемодијализа починал кога по грешка му...

Топ3 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија4 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија5 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија18 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион24 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет1 ден

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет1 ден

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет2 дена

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија2 дена

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Досие