Култура
Џинтао: Кина ќе ја зајакне поморската трговија со Грција

Кина ќе јазајакне поморската трговија со Грција, вети денеска во Атина кинескиотпретседател Ху Џинтао по потпишувањето договор за пристанишна концесија, вреден еден милион долари.
Кина ќе јазајакне поморската трговија со Грција, вети денеска во Атина кинескиотпретседател Ху Џинтао по потпишувањето договор за пристанишна концесија, вреден еден милион долари.
СпоредСпогодбата, кинеската компанија Коско Пацифик ќе добие концесија на 35 години иќе преземе два товарни терминали во главното грчко пристаниште Пиреја.
Грчкиот премиерКостас Караманлис по разговорот и потпишување договор со кинескиот претседателизјави дека Грција ќе стане главна транзитна точка за кинеската стока зајуогисточна Европа и источен Медитеран.
“Концесиониотдоговор меѓу пристаништето Пиреја и фирмата Коско означува ново и значајнопоглавје во нашата соработка. Грција дава особено значење на партнерството соКина и е решителна да го продлабочи тој однос“, рече Карманлис.
Договорот, вреденедна милијарда долари, ги поттикна еднодневните протести на пристанишнитеработници кои се противат на приватизацијата на товарните терминали ипредупредуваат дека зголемениот прилив на кинески производи ќе го загрозатлокалниот пазар.
Неколку стотиципристанишни работници протестираа во центарот на Атина, но полицијата ги спречида стигнат до официјалната резиденција на Караманлис.
“Нема гаранциидека овде нема да се склучуваат договори за преработка на кинеска стока, а таада се продава како стока во ЕУ“, рече лидерот на пирејските пристанишни работнициЈоргос Лукутидис.
/крај/бе/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Почнаа пробите за претставата „Ангели во Америка“ (дел I) во МНТ

Во просториите на Македонскиот народен театар, во тек се пробите за театарската претстава „Ангели во Америка“ (дел I) од Тони Кушнер, во режија, превод и кореографија на Филип Петковски; продуцент: Петар Антевски, сценограф: Мартин Манев, костимограф: Антонија Гугинска-Јорданоска, асистент на режисерот: Антонија Белазелковска.
Претставата се реализира како копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар и Здружението за афирмација на театарската уметност „Пресврт“ – Скопје.
Процесот на работа на претставата ќе се одвива во текот на април и мај 2025 година, а нејзината премиера се очекува на крајот на мај. Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Наталија Теодосиева, Дамјан Цветановски, Стефан Спасов, Александар Стоименовски, Илин Јовановски и Нела Павловска.
„Ангели во Америка“ е едно од најзначајните драмски дела на современиот американски театар, кое низ два дела ги прикажува животот, политиката и идентитетот во САД во 1980-тите, во времето на СИДА-кризата и на конзервативниот политички подем. Преводот, адаптацијата и сценската поставка се очекува да понудат современо и релевантно читање на ова моќно дело во македонски контекст.
Со оваа продукција, МНТ и „Пресврт“ ја продолжуваат својата мисија за донесување актуелни, предизвикувачки и уметнички силни проекти на македонската сцена.
Култура
Поетско читање во Њујорк

Минатата недела со поетско читање на македонски и англиски јазик во преполната сала, дел од Њујоршката јавна библиотека (New York Public Library) во Њујорк, Никола Маџиров го отвори Светскиот поетски салон во рамките на Фестивалот на светската литература и уметност (World Literature and Arts Festival) кој се одржува од 14-ти до 30-ти април во салите на Њујоршката јавна библиотека.
На сцената пред околу сто и педесет присутни гости, Никола Маџиров настапи заедно со американската џез композиторка, пејачка и мултиинструменталистка Бека Стивенс, двапати номинирана за музичката награда Греми и редовна соработничка на современиот музички гениј Џејкоб Колиер — шесткратен добитник на Греми, на американскиот џез состав „Снарки Папи“ — добитници на пет Греми награди, како и на рок-легендата Дејвид Крозби — членот и основач на „Крозби, Стилс, Неш &“Јанг.
Бека Стивенс, заедно со лидерот на „Снарки Папи“ — Мајк Лиг, веќе компонираа песна според стиховите од песната „Окото“ (The Eye) на Никола Маџиров, која таа ја исполни на отворањето на Поетскиот салон во Њујорк, а истата вечер премиерно ја изведе и нејзината нова композиција „Ние немаме сон“ (We Have No Sleep) според истоимената песна на Маџиров.
Оваа композиција ќе се најде на еден од следните албуми на Бека Стивенс. По заедничкиот поетско-музички перформанс, следуваше разговор на Маџиров со аргентинскиот поет-полиглот, универзитетски професор и преведувач на Песоа и Пизарник — Патрицио Ферари. Настанот беше во организација на „Њујорк Паблик Лајбрери“ и „Лајмлајт Поетри“ од Њујорк.
Според стиховите на Маџиров веќе имаат компонирано американската композиторка и добитничка на Пулицеровата награда за современа опера — Дујун, американскиот авангарден џез композитор и соработник на Бјорк и Лу Рид — Оливер Лејк, македонскиот пијанист и џез композитор — Гордан Спасовски, како и композитори на џез, опера и класична музика од Германија, Италија, Литванија, Естонија.
Култура
Неколкудневна турнеја на Театар Провокација низ регионот со „Земја на штркови“

Театар Провокација ја најавува својата неколкудневна турнеја низ регионот, со претставата „Земја на штркови“, која започнува на 13-ти мај, со учеството на фестивалот „Друмеви театрални празници“ во Шумен, Р. Бугарија, по кое следуваат и гостувањата во Србија (од 15.05 до 18.05) низ градовите: Белград, Вршац и Панчево.
Претставата „Земја на штркови“ отворено зборува за големиот бран на иселување на македонците во последниве неколку години и за очајната потреба од системски промени, како главна причина за заминување на младите во поразвиените земји.
Скопската публика оваа претстава ќе може да ја погледне во среда, 23-ти април во МКЦ со почеток од 20:00.
Во претставта играат: Мирјана П.Ристов, Радо Алексовски, И.Јакимова и Р. Ристов. Текстот е работен по мотиви од „Топлината во ноември„ од Јана Добрева, костимите се на Елена Лука, автори на музиката е на Оливер Јосифовски и Давор Јордановски, вокалот е на Вера Милошебвска – Љубојна, сценските движења на Кренаре Невзати а адаптацијата на текстот, сценографијата и режијата се на Роберт Ристов.