Култура
Голема епидемија на колера во Зимбабве
– Над 470 луѓепочинале од колера во август годинава во Зимбабве, соопшти денеска Светскатаздравствена организација(СЗО). „Голема епидемија на колера владеево голем дел на земјата“, изјави Костодо Мандлате, претставник на СЗО воЗимбабве. Шефот на опозицијата на ЗимбабвеМорган Цвангираи, неодамна изјави дека во „катастрофалната“ епидемија починале500 луѓе. /крај/хн/мс Copyright 2008 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
– Над 470 луѓепочинале од колера во август годинава во Зимбабве, соопшти денеска Светскатаздравствена организација(СЗО).
„Голема епидемија на колера владеево голем дел на земјата“, изјави Костодо Мандлате, претставник на СЗО воЗимбабве.
Шефот на опозицијата на ЗимбабвеМорган Цвангираи, неодамна изјави дека во „катастрофалната“ епидемија починале500 луѓе. /
крај/хн/мс
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Вера Милошевска од „Љубојна“ ќе ја промовира својата прва книга
В сабота, на 28 декември, ќе биде промовирана првата книга на Вера Милошевска-Јосифовска – препознатливиот вокал на групата „Љубојна“.
Книгата „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – Оживување на една заборавена музика“, којашто е во издание на „Флипбук букс“, ќе биде претставена во кафе барот Филхармонија во 19.30 часот.
Книгата е повеќеслојна и е плод на долгогодишно истражување во областа на музиката, пред сè на македонскиот вокален мелос, односно македонската пејачка традиција, и зборува за нејзината суштина, значење и применливост во различни контексти на денешницата.
Интересна е всушност апликативната улога на авторката, бидејќи истовремено ни се обраќа како етнолог, антрополог и музиколог, но и како пејач кој своите истражувања преку сцената, ги втиснува длабоко во срцата на публиката.
Книгата изобилува со интересни гледишта во однос на нејзината поврзаност со културните појави некогаш и денес, и при тоа дава коментар на тоа, дека музиката е неприкосновен идентитетски маркер.
Дел од книгата зборува и за музичкиот бран кој го разбуди “Љубојна” и нејзината улога во оживувањето на оваа, своевремено маргинализирана, музика, станувајќи моќно јадро кое ја анимира јавноста.
Заедно со актуелни музичари и млади пејачки грла од класата на м-р Милошевска-Јосифовска, со музичка сесија во живо и изведба на различни вокални стилови од пејачката традиција на Македонија, ќе биде презентирано сè што не сте знаеле (а ве интересира) за нашиот безвременски македонски мелос и ќе продолжи во предновогодишна концертна забава со “Љубојна”.
Промотер на настанот е проф. д-р Илина Јакимовска, а свој осврт ќе даде и проф. д-р Велика Стојкова Серафимовска.
Култура
80 години Македонски народен театар
Македонскиот народен театар, најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја, а од 31 јануари 2025 година и достојно ќе го одбележи јубилејот – 80 години.
Чуварот на културните и традиционалните вредности низ годините преку репертоарската програма го чува и го негува театарскиот јазик и идентитет.
По формирањето и натамошното постоење, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и на публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот и гостувања во и од светот. Создава место на европската и светската мапа преку поставување дела од севкупната класична и современа драматургија, но и преку постојано ангажирање на светски реномирани режисери.
МНТ се стреми кон ширење на театарската уметност во јавноста, пред сѐ насочена кон публиката, нивна анимација и едукативно театарско будење, како и приближување до младината за активно размислување на темата култура и театар.
Во име на јубилејот, нашиот долгогодишен соработник, Зоран Кардула, направи голема чест за најголемата театарска куќа во нашата земја и со неговиот препознатлив дизајнерски печат, го создаде логото „80 години Македонски народен театар“.
Сите ние и секоја следна генерација, сонуваме, мечтаеме кон патувањето и создавањето на нови креативни светови.
Култура
Македонска премиера на „Ракетно моделарство” на Златко Калеников
Во просториите на Синеплекс се одржа Македонската премиера на краткометражниот игран филм „Ракетно моделарство“, работен по сценарио и режија на Златко Калеников, а во продукција на Стримон филм.
На црвениот тепих покрај познатите Македонски актери Никола Ристановски и Катерина Коцевска присутни беа бројни гости од академската, јавната и уметничката сцена.
Главните детски ликови во филмот ги играат Дамјан Ѓуроски во улогата на Калин, Матја Милан во улогата на Леа, Бранислав Пеликон во улогата на Нешко и Максим Радевски во улогата на Стајка.
Продуценти на филмот се Златко Калеников и Марија Димитрова, директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата е на Александра Чевреска, а костимите на Роза Трајческа-Ристовска.
Филмот е за конфликтот меѓу исполнувањето на сопствениот сон и туѓото влијание врз неговото остварување. Низ едно детско хоби се покажува колку туѓото влијание може да биде пресудно за животот на детето и детскиот сон.
Главен лик е Калин, дете на 11-годишна возраст што сонува за вселената и патот до неа. Тој сака еден ден да биде космонаут или инженер што ќе гради ракети. Калин е запишан во народна техника, образовна институција од тоа време, во која одат деца со слични желби и фантазии, млади научници, кои сакаат да градат ракети, авиони, бродови, електронски помагала, компјутери, монитори, радија итн. Калин ги посетува часовите по ракетно моделарство, на кои учи да изгради ракета, модел што лета на барут. Тој живее во соба со својата помала сестра Леа, која секогаш сака да биде како Калин и да биде дел од неговите научни проекти и игри.
Проектот е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија и Македонската радио-телевизија.