Култура
Погребан рускиот патријарх Алексеј Втори
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/67ae6490-d05c-46ab-b485-c2b9967c4aaa-1.jpeg)
Рускиот патријархАлексеј Втори кој почина во петокот на 80 години, денеска е погребан во храмотБогојавление во Москва.
Рускиот патријархАлексеј Втори кој почина во петокот на 80 години, денеска е погребан во храмотБогојавление во Москва.
Во тој храм, возобновен во 1992,откако Сталин го урна и го претвори во базен, се наоѓаат моштите на патријархотСергеј и на свети Алексеј, митрополитот московски, чие име патријархот го зедекако монах и го сметаше за свој духовен покровител.
Литургија за починатиот АлексејВтори во црквата Исус Спасителот служеше митрополитот на Смоленск и наКалининград Кирил (62), кој ден по неговата смрт беше именуван за патријарх доизборот на нов поглавар на Руската православна црква.
Од рускиот патријарх се простија над80,000 верници, кои во колони стоеја пред храмот и покрај силниот дожд.
За време на служењето на неколкучасовната литургија, на митрополитот Кирил му се слоши, по што беше изведеннадвор, но, по кратко време се врати на литургијата.
Опело служеше вселенскиот патријархВартоломеј Први, заедно со околу 200 архиереи.
На погребот присуствуваа и рускиотпретседател Дмитриј Медведев, премиерот Владимир Путин, како и претседателитена Србија, Белорусија, Молдова и Ерменија ./
крај/х/ег/
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Култура
Збигњев Прајснер се заблагодари на „Скопје синема сити“: Се надевам дека набргу ќе имам можност да ја споделам мојата музика со вас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/thumbnail_2V7A0995.jpg)
Синоќа, со видеопорака од годинешниот добитник на наградата за животно дело, филмскиот композитор Збигњев Прајснер, беше отворена филмската програма на 10. издание на „Скопје синема сити“. Во своето обраќање тој се заблагодари и на фестивалот и на публиката и рече дека се надева на гостување во македонската метропола со изведба на неговите дела. Во прилог ви го испраќаме видеото и фотографии од отворањето, како и најава за програмата во следните денови.
Во киното „Мирно лето“ на Кинотеката синоќа беше отворна филмската програма на 10. издание на фестивалот посветен на музичкиот документарен филм „Скопје синема сити“. Публиката имаше можност да го проследи видеообраќањето на големиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер, кој рече дека му е жал што не е присутен во Скопје за да ја почуствува атмосферата и да сподели дел од својата музика со публиката.
„Жал ми е што не сум во Скопје, но имам 69 години и натаму интензивно имам работни обрски. Искрено се заблагодарувам на фестивалот ‘Скопје синема сити’ за ова признание за мојата работа и се надевам дека набргу ќе можам да дојдам во Скопје и да ја споделам музиката заедно со публиката бидејќо не ја компонирав музиката само за филмовите, туку и за вас “, рече Прајснер.
Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот No End, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот Decalogue, филмовите А Short Film About Killing, A Short Film About Love, The Double Life of Veronica, трилогијата Three Colours.
Проекцијата на филмот за отворање „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, беше проследена со аплауз, а потоа посетителите уживаа во мало концертно музичко изненадување, каде што ги споделуваа впечатоците од филмот.
Програмата продолжува вечерва со филмовите за една џез и една панк-икона: „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“ и „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“.
За филмовите:
„Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“, САД, реж. Брус Вебер, 120 мин.
Филмот „Ајде да се изгубиме“ е филм за турбулентниот живот и кареира на џез-трубачот Чет Бејкер, кој починал 4 месеци пред филмот да биде прикажан премиерно. Филмот се состои од интервјуа, сесии, архивски снимки и домашни снимки на режисерот Вебер за да покаже портрет на еден џез-музичар, чиј живот бил обележан од долго користење дроги.
„Џо Страмер: Иднината е ненапишана“
Филмот на Џулиен Темпл е трибјут на еден од највлијателните и најсакани британски музичари, кој е познат како фронтменот на групата „Клеш“. Како фронтмен на групата „Клеш“, почнувајќи од 1977, Џо Страмер ги променил животите на луѓето засекогаш со своите песни и политички ставови и пораки. Филмот е снимен 4 години по неговата смрт, во 2022, и дава комплетен увид во биографијата на Страмер.
Култура
Отворено 19. издание на фестивалот Македонско културно лето во Пустец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Македонско-културно-лето-Пустец-2.jpg)
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, општина Пустец, Р. Албанија, присуствуваше и се обрати на отворањето на 19. издание на фестивалот Македонско културно лето.
Во своето обраќање министерот Љутков истакна дека фестивалот на дело потврдува дека културата и јазикот што го зборуваме се поголеми и позначајни од границите што нè одделуваат.
„Денеска, преку уметноста, литературата, музиката и сите други форми на културен израз ги споделуваме креативноста и талентот на македонските уметници одржувајќи го континуитетот во развојот и промоцијата на македонската култура меѓу сите жители во овој дел на Преспа. Токму преку културата, преку секоја слика и збор, ги уриваме границите и ги засилуваме врските со нашинците“, рече Љутков.
Тој додаде дека е ова уште една потврда за грижата за македонското малцинство во Албанија и за посветеноста на Владата и на Министерството за култура и туризам за негување на македонската култура, идентитет и традиција во овој прекуграничен регион претворајќи го во значајна дестинација за културен туризам.
Министерот Љутков изрази благодарност до организаторите – Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ и Едмонд Сотир, до градоначалникот Колефски, до уметниците и до сите оние, како што рече, што со своето присуство придонесуваат овој фестивал да биде вистинско културно доживување.
На отворањето на фестивалот публиката имаше можност да ги проследи изложбата на дела од академскиот скулптор Синиша Новески и промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо“ од авторката Андријана Јаневска.
Во рамките на фестивалот, кој ќе трае до 6 јуни, публиката ќе може да проследи три театарски претстави и една претстава за деца.
Фестивалот, кој е во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, има цел заштита, развој и промоција на македонската култура кај македонскиот народ во Албанија.
Култура
Монографија за Питу Гули од Кочо Топузоски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/thumbnail_PituGuli.jpg)
Во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје излезе од печат монографија за Питу Гули, историографски труд од познатиот македонски писател и публицист Кочо Топузоски.
Книгата е објавена во знак на одбележување 120 години од загинувањето на легендарниот војвода од Мечкин Камен, Питу Гули (1865 – 1903), чиј животен и револуционерен век се поклопува со најзначајниот период од борбата на македонскиот народ за самостојност и создавање национална држава, познат во историските традиции како илинденска епопеја.
Монографијата се појави во едицијата „Сведоштва“ и таа донесува обемен историографски материјал од архивски карактер, потоа од спомени, од изворни семејни кажувања, а користени се и материјали од весници, списанија и зборници. Книгата располага со низа факсимили од оригинални и до сега непознати документи и фотографии.
Кочо Топузоски (1951) е автор на повеќе книги од областа на поезијата и историографијата. Меѓу нив се и: Ноќни делби, поезија (1975); Питу Гули – живот и потоа, историско-биографски осфрт (1995); Болна прелест, поезија (2003); Питу Гули – живот и потоа, дополнето издание (2003); Никола Карев – живот и потоа, монографија (2005); Никола Карев – патешествија низ документи, монографија (2008); Препознавања, поезија (2012); Војводата Питу Гули, монографија (2015); Посланија и риданија, поезија (2016); Нафора мугреница, поезија – избор на македонски, албански и влашки јазик (2017); Ветераните на Илинден, историографија (2017); И жега и река, поезија – избор (2020); Илинденската споменица, историографија (2023) и Питу Гули, монографија (2024).