Култура
Откритие што ја загрозува теоријата за постанокот на ѕвездите
Научниците од Универзитетот во Тубинген ја откриле една од најжешките ѕвезди,чија концентрација на хемиските елементи ја загрозува теоријата за постанокотна ѕвездите.
Научниците од Универзитетот во Тубинген ја откриле една од најжешките ѕвезди,чија концентрација на хемиските елементи ја загрозува теоријата за постанокотна ѕвездите.
Површинската температура на „белотоџуџе“ со ознака КПД 0005+5106 изнесува 200.000 Целзиусови степени, соопштиИнститутот за астрономија и астрофизика на Универзитетот Тубинген.
Учеството на калциумот и хелиумот воатмосферата на „белото џуџе“ е поголем од концентрацијата во сите модели натеориите за постанокот на ѕвездите, утврдиле германските научници на чело соКлаус Вернер, кои своите сознанија ги објавиле во стручното списание „Astronomy & Astrophysics“.
Поради тоа, ова откритие гизагрозува сите модели на постанокот на ѕвездите. „Белото џуџе“, објект соголемина на Земјата, е набљудуван со помош на вселенските телескопи на НАСА.
„Белото џуџе“ настанува когаѕвездата ќе ја потроши сопствената залиха на гориво. Тогаш го отфрла изгорениотпрекривач, по што за кратко достига температура од околу 100.000 степени наповршината. Одделни „бели џуџиња“, како КПД 0005+5106, достигаат многу повисокатемпература.
/крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Оскаровска Гала вечер со безвременски филмски хитови
По огромниот успех на првата Оскаровска Гала вечер минатата година и одличниот прием кај публиката, на 22. февруари, сабота во Македонскиот Народен Театар ќе се случи незаборавно филмско музичко патување, концерт во чест на Оскарите.
Безвременските хитови номинирани и наградени со Оскар ќе ги исполнат реномирани македонски пејачи, меѓу кои се Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect и Полифонија. Низ филмската историја публиката ќе ја води Миланка Рашиќ.
Во манирот на најблескавата филмска ноќ, посетителите ќе пристигнуваат на Црвениот тепих од 19.30., а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20 часот.
Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.
Влезници за Оскаровската Гала вечер може да се купат на билетарницата на МНТ и онлајн на www.mnt.mk
Култура
Една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“, на сцената на Националната опера и Балет
На 21 јануари, на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 19.00 часот ќе се изведе една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“.
Оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја следат со големо воодушевување.
Кореографијата за оваа претстава ја создаде познатиот балет-мајстор од Русија, Михаил Крапивин, додека музиката е на Игор Морозов, работена е според сказната на К. Чуковски, а сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.
Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа возбудлива приказна на сцената.
Култура
За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 43 романи
На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 43 романи.
Жири-комисијата, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека и годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.
Комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.