Култура
Безбедноста е најважниот приоритет за Мундијалот 2010
Борбата со растечкиоткриминал и спречувањето евентуални терористички напади се врвен приоритет заорганизаторите на Светското првенство во фудбал 2010 во Јужна Африка.
Борбата со растечкиоткриминал и спречувањето евентуални терористички напади се врвен приоритет заорганизаторите на Светското првенство во фудбал 2010 во Јужна Африка.
Организаторите соопштија дека, независно од овие безбедносни ризици, љубителитена фудбалот ширум светото немаат причини за загриженост
Шпекулациите околу организациски неуспех на Светското првенство не сопираат,откако Јужна Африка пред четири години беше избрана за домаќин на Мундијалот.
Критичарите наведуваат дека главен проблем не се дури ниту 50-те убиства што вопросек дневно се случуваат во Јужна Африка.
Растечкиот криминал и бројните грабежи го покажуваат нивото на опасност, адополнителна загриженост околу безбедноста внесоа и неодамнешните терористичкинапади, што беа извршени врз луксузните хотели во индискиот град Мумбај.
Шефот на организацискиот комитет за Мундијалот во ЈАР Дани Џордан изразиуверување дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за беспрекорнабезбедност.
Специјално за Светското фудбалско првенство во 2010 година се планира да бидатангажирани над 40,000 полицајци, и секој од нив ќе мине специјална обука.
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер изјави синоќадека повеќе нема простор за какви и да е шпекулации дека ЈАР ќе ја загубиорганизацијата на Мундијалот во 2010.„Не постојат планови Б, Ц, Д.На оние кои инатаму се сомничави им порачувам дека Мундијалот 2010 ќе се одржи во ЈужнаАфрика“, изјави Блатер.
/крај/бгнес/хина/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Оскаровска Гала вечер со безвременски филмски хитови
По огромниот успех на првата Оскаровска Гала вечер минатата година и одличниот прием кај публиката, на 22. февруари, сабота во Македонскиот Народен Театар ќе се случи незаборавно филмско музичко патување, концерт во чест на Оскарите.
Безвременските хитови номинирани и наградени со Оскар ќе ги исполнат реномирани македонски пејачи, меѓу кои се Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect и Полифонија. Низ филмската историја публиката ќе ја води Миланка Рашиќ.
Во манирот на најблескавата филмска ноќ, посетителите ќе пристигнуваат на Црвениот тепих од 19.30., а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20 часот.
Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.
Влезници за Оскаровската Гала вечер може да се купат на билетарницата на МНТ и онлајн на www.mnt.mk
Култура
Една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“, на сцената на Националната опера и Балет
На 21 јануари, на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 19.00 часот ќе се изведе една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“.
Оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја следат со големо воодушевување.
Кореографијата за оваа претстава ја создаде познатиот балет-мајстор од Русија, Михаил Крапивин, додека музиката е на Игор Морозов, работена е според сказната на К. Чуковски, а сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.
Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа возбудлива приказна на сцената.
Култура
За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 43 романи
На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 43 романи.
Жири-комисијата, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека и годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.
Комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.