Култура
Грчката младина повика на „европски отпор“
Грките студенти и ученици најавија масовен протест за денеска во Атина,апелирајќи во истовреме на улица да излезат и нивните колеги ширум Европа.
Грките студенти и ученици најавија масовен протест за денеска во Атина,апелирајќи во истовреме на улица да излезат и нивните колеги ширум Европа.
Протестот беше најавен во средата,кога група млади поставија на атинскиот акропол големо знаме со напис „Паневропски ден на солидарност – четврток, 18 декември – Сите на улица”.
„Упатуваме апел до сите млади, до студентите,учениците и работниците од цела Европа да излезат масовно на улиците вчетврток, за да протестираат против репресиите и ограничувањето на нивнитеполитички и граѓански права, против комерцијализирањето на образованието инесигурноста на пазарот на труд, против неолибералната политика на владите воЕвропската унија“, порачаа од младинската организација на грчката ЛеваКоалиција (Син).
Протестите во Грција непрекинато траат од шестдекември, кога тинејџер беше убиен од полицијата во Атина, и прераснаа водемонстрации против политиката на грчката влада во економската и образовнатасфера.
Околу 40-ина лица во средата го зазедоа седиштетона најголемиот грчки работнички синдикат ГСЕЕ.
Во Јанина е окупирана зградата на Градскиот совет,како и зградата на локалното радио. Демонстрантите бараат оставка на владата исуд за виновниците за убиството на тинејџерот Александрос Григоропулос.
Во средатапродолжи и окупацијата на зградата на Стопанската комора во градот Серез.
Според најавите, за в петок е закажана средба натрите синдикати на наставниот кадар од високото, средбо и основното образованиеза да го испланираат текот на протестите за идната година.
Целиот образовен систем во Грција е парализиран,бидејќи стотици училишта и универзитетски факултети со денови се затворени.
/крај/бгнес/ег/
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Оскаровска Гала вечер со безвременски филмски хитови
По огромниот успех на првата Оскаровска Гала вечер минатата година и одличниот прием кај публиката, на 22. февруари, сабота во Македонскиот Народен Театар ќе се случи незаборавно филмско музичко патување, концерт во чест на Оскарите.
Безвременските хитови номинирани и наградени со Оскар ќе ги исполнат реномирани македонски пејачи, меѓу кои се Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect и Полифонија. Низ филмската историја публиката ќе ја води Миланка Рашиќ.
Во манирот на најблескавата филмска ноќ, посетителите ќе пристигнуваат на Црвениот тепих од 19.30., а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20 часот.
Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.
Влезници за Оскаровската Гала вечер може да се купат на билетарницата на МНТ и онлајн на www.mnt.mk
Култура
Една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“, на сцената на Националната опера и Балет
На 21 јануари, на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 19.00 часот ќе се изведе една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“.
Оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја следат со големо воодушевување.
Кореографијата за оваа претстава ја создаде познатиот балет-мајстор од Русија, Михаил Крапивин, додека музиката е на Игор Морозов, работена е според сказната на К. Чуковски, а сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.
Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа возбудлива приказна на сцената.
Култура
За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 43 романи
На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 43 романи.
Жири-комисијата, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека и годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.
Комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.