Култура
Снег во Лас Вегас
Граѓаните на Лас Вегас во средата,за прв пат по 30 години, имаа можност да видат како паѓа снег во нивниот град.
Граѓаните на Лас Вегас во средата,за прв пат по 30 години, имаа можност да видат како паѓа снег во нивниот град.
Метеоролошките служби оваанесекојдневна појава ја припишуваат на снежната бура некарактеристична за јужнаНевада.
На улиците на главниот град на американскатаиндустрија за забава, сместен во пустина, во текот на ноќта напаѓало меѓу 7,5до 15 сантиметри снег.
Снег последен пат во Лас Вегаспаѓало во 1979 година, кога биле забележани околу 20 сантиметри, а во 1949година паднале рекордни 45 сантиметри снег, потсетуваат локалните весници.
Снегот, на кој морало да се чека тридесетлетија, предизвика вистинско воодушевување кај децата, а уште повеќе гиизрадува одлуката на градските власти привремено да се затворат училиштата.
Возрасните не биле толку многурасположени, првенствено поради проблемите со сообраќајот, како и одлуката дасе затвори меѓународниот аеродром.
Метеоролозите најавуваат дека снеготќе продолжи да паѓа во текот на денешниот ден, а ќе се разведри во петок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Оскаровска Гала вечер со безвременски филмски хитови
По огромниот успех на првата Оскаровска Гала вечер минатата година и одличниот прием кај публиката, на 22. февруари, сабота во Македонскиот Народен Театар ќе се случи незаборавно филмско музичко патување, концерт во чест на Оскарите.
Безвременските хитови номинирани и наградени со Оскар ќе ги исполнат реномирани македонски пејачи, меѓу кои се Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect и Полифонија. Низ филмската историја публиката ќе ја води Миланка Рашиќ.
Во манирот на најблескавата филмска ноќ, посетителите ќе пристигнуваат на Црвениот тепих од 19.30., а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20 часот.
Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.
Влезници за Оскаровската Гала вечер може да се купат на билетарницата на МНТ и онлајн на www.mnt.mk
Култура
Една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“, на сцената на Националната опера и Балет
На 21 јануари, на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 19.00 часот ќе се изведе една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“.
Оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја следат со големо воодушевување.
Кореографијата за оваа претстава ја создаде познатиот балет-мајстор од Русија, Михаил Крапивин, додека музиката е на Игор Морозов, работена е според сказната на К. Чуковски, а сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.
Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа возбудлива приказна на сцената.
Култура
За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 43 романи
На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 43 романи.
Жири-комисијата, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека и годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.
Комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.