Контакт

Култура

Италија и заплени пет млрд. долари на мафијата

Објавено пред

ИталијанскатаВлада во 2008 година заплени пет милијарди долари мафијашки пари, што е трипати повеќе од 2007 година.

ИталијанскатаВлада во 2008 година заплени пет милијарди долари мафијашки пари, што е трипати повеќе од 2007 година.

Студијата,неодамна објавена, наведува дека вкупната годишна заработка на сите италијанскикриминални групи изнесува 87 милијарди долари.

 

Сицилијанскатамафија ги опфаќа неаоплската Камора и Ндрањета од Калабрија.

 

Италијанскиотминистер за внатрешни работи Роберто Марони изјави дека “државата ја отцепувамафијата од нејзините пари“, пренесуваат италијанските медиуми.

/крај/фо/ис

 

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложбата „Мустаќлии“ в четврток во „Мала станица“

Објавено пред

Во пресрет на ноември или во контекст на месецот на подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање мустаќи кај мажите – Movember, Националната галерија ја организира изложбата со наслов „Мустаќлии“ на дела од нејзината богата колекција, која се отвора на 14 ноември во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ 20 часот.

Имено, оваа изложба е првото издание на проектот „Од поинаков дискурс“, кој има цел да вклучи интелектуалци чија дејност не е тесно поврзана со ликовната уметност, критиката и теоријата, кои во соработка со кокуратор од галеријата ќе работат на некоја тематика што ја задаваат, а е инспирирана од богатата колекција на Националната галерија, со цел од поинаков дискурс да се пристапи кон толкување, систематизација и истражување на нашето културно богатство. За првото издание го поканивме д-р Владимир Мартиновски, професор, поет, писател, есеист, раскажувач, теоретичар, книжевен преведувач, кој ја предложи темата „Мустаќлии“, а негов кокуратор беше виш кустос, м-р Ана Франговска.

Прикажи повеќе...

Култура

„Таксират“ и „Д-фестивал“ номинирани за најдобри фестивали во Европа

Објавено пред

Европските награди за најдобри фестивали и годинава ги вклучија номинациите за „Д-фестивал“ и за „Таксират“ во категориите: „Д-фестивал“ за најдобар мал фестивал и „Таксират“ за најдобар фестивал со средна големина и најдобар фестивал што се одржува во затворен простор.

„’Д-фестивал’ го стави малиот град Дојран на мапата на најатрактивни фестивалски дестинации не само во регионот туку и во Европа. Досегашните осум изданија на летниот фестивал покрај езерскиот брег со својата програма секоја година привлекуваат по повеќе од осум илјади фестивалџии за кои овие три дена се еуфорично и позитивно доживување, единствени, неповторливи, кои долго потоа се прераскажуваат“, велат од „Пасворд продукција“.

„А-листата на изведувачи што досега настапиле на трите сцени на овој летен фестивал кај нас е импресивна: Ману Чао, „Дубиоза колектив“, „Стерео МС“, „Архангел“, Кирил Џајковски, „Фолтин“… и уште повеќе од 200 ексклузивни музички генијалци.

Фестивалот „Таксират“, велат од продукцијата, годинава почнува да ја раситнува третата деценија од своето постоење. Лошата карма, т.е. алузијата во насловот на овој фестивал, се претопи во суперуспешна приказна: од дадена шанса за прв настап на голем настан за локалните почетници во светот на музиката до стотиците супер ултра мегарегионални и светски музички ѕвезди, кои настапиле досега на фестивалот.

„Дваесет и една година ‘Таксират’ континуирано ги промовира мултикултурата, креативноста и позитивните вредности во животот и затоа веќе е широко препознаен како македонски најпосетуван туристички културен бренд. Поради својот оригинален концепт, фестивалот со години по ред е номиниран, но и наградуван од најмеродавните европски инстанци, кои ги оценуваат стотиците фестивали што се одржуваат на Стариот континент“, велат од „Пасворд“.

 

Прикажи повеќе...

Култура

„Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец во Европа

Објавено пред

„Медена земја“ е номиниран за најдобар документарен филм на „Европските филмски награди“, кои ги доделува „Европската филмска академија“.

Одлуката е соопштена денеска во Севиља, Шпанија. Македонскиот документарец е меѓу петте кандидати за наградата најдобар европски документарец за 2019 година.

На овој потесен избор, пред три месеци му претходеше селекцијата на „Медена земја“ меѓу 12 филмови – најсериозни кандидати за оваа награда. За оваа селекција одлучуваат гласовите на 3.600 членовите на ЕФА. Победниците ќе бидат прогласени на церемонијата што ќе се одржи на 7 декември оваа година во Берлин, Германија.

Филмот раскажува за Атиџе, последната пчеларка во Европа која се соочува со сериозен предизвик кога треба да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа. Во Медената земја пристигнуваат пчелари номади кои го прекршуваат основното правило: земи половина од медот, а другата половина остави им ја на пчелите.

„Медена земја“ е најнаградуваниот македонски документарен филм, кој на почетокот на оваа година се закити со три главни награди на престижниот фестивал „Санденс“. Филмот е македонски кандидат за „Оскар“.

Режисерите и главната протагонистката во „Медена земја“ – Атиџе Муратова деновиве се во Њујорк, каде што на 10 ноември во Бруклин ќе бидат доделени наградите Избор на критиката за документарци (Critics’ Choice Documentary Awards). Филмот е номиниран во категориите: најдобар филм, најдобра режија, најдобра кинематографија, најдобар документарец на тема наука или природа. На церемонијата на Атиџе ќе ѝ биде врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија2 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија4 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ6 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија6 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија6 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион6 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија8 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет8 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион9 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија19 часа

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет20 часа

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија1 ден

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија1 ден

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија1 ден

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија1 ден

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија1 ден

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Досие