Контакт

Култура

Тошиба ќе гради фабрика за литиум-jонски батерии

Објавено пред

Јапонскатакомпанија „Тошиба“ денеска соопшти дека ќе потроши неколку стотини милионидолари за изградба на фабрика за литиум-јонски батерии во Јапонија, за да јазадоволи растечката побарувачка.

Јапонскатакомпанија „Тошиба“ денеска соопшти дека ќе потроши неколку стотини милионидолари за изградба на фабрика за литиум-јонски батерии во Јапонија, за да јазадоволи растечката побарувачка.

Јапонскиотпроизводител на електроника планира да го започне производството на Супер Чарџ(Super Charge) јонскабатерија(SciBs) есента 2010. година, со почетенкапацитет од неколку милиони ќелии месечно.

Овие батерииможат да се полнат побрзо од конвенционалните литиум-јонски батерии и помалкусе склони на палење, соопштуваат од компанијата.

Тошиба, која сенатпреварува со Санио Електрик и Сони, на пазарот на батерии за полнење,подоцна планира да го зголеми месечниот капацитет на фабриката за повеќе од 10милиони ќелии.

Бизнис весникот„Никеи“ претходно објави дека Тошиба ќе потроши до 332 милиони долари заизградба на фабриката.

Компанијата одТокио веќе произведува такви батерии во друга фабрика во Јапонија, која имакапацитет од 150.000 ќелии.

Се очекувапобарувачката за литиум-јонски батерии, кои на големо се користат во мобилнитетелефони, дигиталните фотоапарати и преносните компјутери, нагло да порасне позголемената употреба на хибридните и електричните возила.

Тошиба очекуваглобалниот пазар на литиум-јонски батерии да достигне 10 милијарди долари допрвото тромесечје на 2016. година, па има намера да преземе најмалку 10 отстоод тој пазар.

/крај/хи/ст

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Доделени наградите на 18-от фестивал за европски филм „Cinedays“

Објавено пред

Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Зад хоризонтот“ на Делфин Лариси во киното Милениум е затворен 18-от Меѓународен фестивал за европски филм „Cinedays“.

„Заврши полнолетното издание на „Cinedays“ и со задоволство можеме да почнеме да го подготвуваме следното, бидејќи ова издание го следеше повеќе од 12 000 публика, имавме 100 странски гости, а вестите за фестивалот покрај домашните новинари ги пренесуваа и десетина акредитирани новинари од регионот. Гласот за овој фестивал допира се подалеку, дигиталната комуникациска стратегија ги покажа своите бенефити и знаеме дека се движиме во вистински правец“, – Русе Арсов, в.д. директор на Младинскиот културен центар.

Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше меѓународна жири комисија која ги додели следниве награди: vо официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Лилијан“ од Андреас Хорват, Австрија.
Наградата „Сребрана ѕвезда“ за најдобра режија за филмот „Орај“ во режија на Мехмет Акиф Баукаталеј, Германија. Наградата „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио е за Моуниа Медоур, сценарист и режисер на филмот „Душичка“, Франција, Алжир, Белгија, Катар.

Специјално признание доби филмот „Орај“ на Зејхун Демиров за инзвонредниот актерски перформанас во филмот. Во селекцијата СинеБалкан награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „Сестра“ во режија на Светла Кокоросова, Бугарија. Специјално признание за филмот „Куќата на агата“ во режија на Лендита Зекирај, Косово, Хрватска, Франција, Албанија. Награда за Најдобра филмска музика на композиторот Михаил Новински за филмот „Со остар нож“ од Теодор Кун. Награда за Најдобар студентски филм за филмот „Бела соба“во режија на Младен Станиќ. Награда Young Cinema Award од жирито на Џифони филм фестивал за филмот „Душичка“, на Моуниа Медоур, Франција, Алжир, Белгија, Катар.

Овогодинешниот 18-от Меѓународен фестивал за европски филм „Cinedays“ на својот репертоар имаше 97 филмски проакции, шест работилници, две промоции на книги, една изложба на фотографии и седум концерти. Фестивалот траеше девет дена.

Прикажи повеќе...

Култура

„Поткозјачки литературни средби 2019″ во чест на Куманово

Објавено пред

Во Занаетчискиот дом во Куманово, со почеток во 19 часот, ќе се одржат „Поткозјачки литературни средби 2019“. Манифестацијата годинава е во рамките на одбележувањето 500 години од основањето на Куманово, а во рамките на Ноемвриски денови, во чест на 11 Ноември, Денот на ослободувањето.

На манифестацијата свои литературни дела ќе читаат Кристина Николова, Христо Петрески, Ирена Белешковска, Оливера Доцевска, Емилија Колевска, Ана Љубиќ, Марина Мијаковска, Ленче Милошeвска, Давче Насевски, Елена Пренџова, Мито Спасовски, Снежана Стојчевска, Стојан Тарапуза, Љерка Тот Наумова, а со гитара ќе настапи Дарко Трајковски. „Поткозјачките средби“ беа моќен празник и културен настан во градот. По повеќегодишна пауза, минатата година манифестацијата беше обновена со цел да се продолжи една значајна културна традиција во градот и Републиката.

Манифестацијата е под покровителство на градоначалникот на Куманово, во организација на „Јустиција“ од Куманово и ЦККС – Скопје, а во соработка со ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово, Секторот за култура и спорт при Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт од Куманово.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина Благоја Јордановски, еден од првите народни учители и еден од основачите на детскиот фестивал „Златно славејче“

Објавено пред

Почина Благоја Јордановски, еден од првите македонски народни учители, еден од највредните и најпознати активисти за детското згрижување и напредување во нашата земја.

Јордановки е роден на 25.2.1930 година во Штип. Ѝ припаѓа на првата генерација народни учители кои ја завршија учителската школа во „Никола Карев“. Беше директор на Пионерскиот дом „Карпош“ и секретар на Градскиот сојуз за грижи и воспитување на децата од Скопје, како и учител и директор на децата прогонети од Егејска Македонија во градот Бела Црква, Војводина.

Тој е еден од основачите на детскиот фестивал „Златно славејче“. Добитник е на наградата 13 Ноември за заслужен граѓанин за учество во тимот за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 година, како и други позначајни награди.

Погребот ќе се одржи на 16 ноември на гратските гробишта во Бутел, а во капела ќе биде во 12.30 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет42 минути

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет1 час

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија2 часа

Првпат во историјата, глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија3 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија13 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет13 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа15 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет16 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија19 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет20 часа

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет21 час

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија21 час

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион23 часа

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа24 часа

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија24 часа

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија2 дена

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа2 дена

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ2 дена

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ2 дена

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Досие