Контакт

Култура

Најмалку 140 жртви во израелски напад во Газа

Објавено пред

Најмалку 140Палестинци загинаа, а над 200 се повредени во серија израелски воздушни удариво појасот Газа, соопштија лекарски извори.

Најмалку 140Палестинци загинаа, а над 200 се повредени во серија израелски воздушни удариво појасот Газа, соопштија лекарски извори.

Израелскитеборбени авиони, изутрината, испалија околу 30 ракети, се наведува во првичнитеизвештаи, каде се додава дека е предизвика голема штета.

Според првичнитеизјави, цели на нападите биле полициски згради во кои се одржувала церемонијаза нов персонал.

Радио станицатана исламистичкото радикално движење Хамас, што ја контролира територијата напојасот Газа, претходно објави дека во нападите загинале најмалку 40Палестинци, иако нивниот број се повеќе зголемува.

“Стравуваме декаима најмалку 40 починати“, изјави за радио станицата портпаролот на Хамас ИсламШахван.

Израелскатаавијација, како што се наведува во извештаите, извела неколку десетици нападиврз институции на Хамас во целиот појас на Газа.

Претседателот напалестинската управа Махмуд Абас ги осуди воздушните напади во појасот Газа ија повика меѓународната заедницата да даде помош.

“Палестинскиотпретседател ги осудува нападите врз Израел и ја повикува меѓународната заедницада интервенира и да ги прекине нападите“, изјави порпаролот на претседателотНабил Абу Рудеин.

Израелскитевласти, засега, не се огласиле по повод воздушните напади.

/крај/бе/ис

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Објавено пред

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и науки во пресрет на доделувањето на „оскарите“ што ќе се одржи на 9 февруари.

Режисерката Тамара Котевска на „Фејсбук“ објави заедничка фотографија со познати холивудски ѕвезди, меѓу кои и Леонардо ди Каприо.

„Да биде јасно. Јас не стоев до него. Тој стоеше до мене. Имам две номинации оваа година“, се пошегува Котевска за фотографиите на кои стои до Ди Каприо.

На официјалните профили на Академијата на социјалните мрежи е објавена и групна фотографија од сите номинарини за Оскар оваа година, меѓу кои и Ал Пачино, Бред Пит, Роберт де Ниро, Шарлиз Терон, Квентин Тарантино…

„Медена земја“ има две номинации за Оскар – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм. Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер. Кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума, кои ја освоија наградата за најдобра кинематографија за документарен филм на 34 доделување на ASC (The American Society of Cinematographers) наградите.

Меѓу петте номинирани за најдобар документарец се и „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“.За најдобар странски филм, покрај „Медена земја“, номинирани се и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

Првпат во историјата на „оскарите“ се случува документарен филм да биде номиниран во две категории.

Прикажи повеќе...

Култура

Уметникот Глигор Стефанов подари 21 дело на Музејот на современата уметност

Објавено пред

Еден од најзначајните македонски современици, уметникот Глигор Стефанов, кој минатата година имаше ретроспективна изложба во Музејот на современата уметност, одлучи делата од оваа поставка несебично да ги подари на музејот. По пат на подарок, уметникот ги пренесе неговите авторски права и овластувања на МСУ за сите дела од поставката „Грабење во просторот“.

„Горди сме што колекцијата на Музејот на современата уметност е побогата за една толку значајна збирка составена од 21 ремек дело на нашиот уметник Глигор Стефанов“, велат од музејот.

Стефанов, кој години наназад живее и работи во Канада, вели дека дарувањето е израз на благодарност и љубов.

„Не можам да го заборавам оној тмурен ноемвриски ден во 1981 година, неколку месеци по моето дипломирање, кога како млад и анонимен уметник, без препораки и познанства, влегов во канцелариите на МСУ за да замолам ако некој сака да го погледне моето портфолио. Таа посета на МСУ го промени мојот живот. Марика Бочварова во последен момент ме вклучи во изложбата ‘Млада генерација’, Соња Абаџиева ме покани да земам учество во изложбата ‘Интервенции во простор’, Зоран Петровски ме предложи за наградата ‘Млад борец’, а Мирослав Поповиќ ме избра во годишната изложба ‘Критичарите бираат’. Така почна веќе познатата долгогодишната соработка. Конкретно, подарувањето на делата од ретроспективната изложба на МСУ е упатување благодарност кон институцијата и секој еден со кој соработував и работев во минатото и во деновите на подготовки на истата, благодарност до сите што го вреднуваа и поддржуваа моето творештво. Ретроспективната изложба, монографијата и сместувањето на делата во колекцијата на МСУ се една целина која ја заокружи мојата уметничка активност, која интензивно се одвиваше во 80-тите и 90-тите години на минатиот век и е директно поврзана со македонското поднебје и сензибилитет“, вели Стефанов.

Прикажи повеќе...

Култура

Балетската претстава „Есмералда“ на 31 јануари и 4 февруари во НОБ

Објавено пред

Националната опера и балет го најавува еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ – Чезаре Пуњи, овој пат со две изведби на 31.1 и 4.2.2020 со почеток во 20 часот.

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, кај нас ќе јас пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, сценографијата е на Живојин Трајановиќ, додека костимограф е Љупка Ристовска.

Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (31.1), Васил Чичијашвили (31.1), Мими Поп Алексова Атанасовска (4.2), Бобан Ковачевски (4.2), Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија), Мирослав Митрашиновиќ, Марија Јосифовска Ристовска, Илијана Данилов, Саша Евтимова, Игор Веланоски, Балаж Лашеи (Унгарија), Ервис Кочеку (Албанија), балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска. Билети на билетарницата на Националната опера и балет и online на www.operabalet.mk

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

(Видео) Возачот на „Дурмо турс“ не спиел, но нешто друго го деконцентрирало

На денешното рочиште за автобуската несреќа кај Ласкарци имаше вкрстено испрашување на вештакот Драган Аксентиев. „Возачот презел дејство, но немал...

Македонија46 минути

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ1 час

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура1 час

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет2 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет4 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет4 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет4 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија17 часа

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ19 часа

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија20 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија21 час

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија22 часа

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија23 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија23 часа

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија23 часа

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија23 часа

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет24 часа

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија1 ден

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Досие