Култура
ООН повика на итен прекин на огнот во Газа
Повеќе од 270Палестинци загинаа, додека 620 се повредени во израелските воздушни напади вопоследните 24 часа на појасот Газа, пренесуваат агенциите.
Повеќе од 270Палестинци загинаа, додека 620 се повредени во израелските воздушни напади вопоследните 24 часа на појасот Газа, пренесуваат агенциите.
“Досега утврдивме271 загинати и 620 повредени, меѓу кои се и шестмина кои настрадаа денеска“,изјави шефот на итната медицинска служба во Газа Муави Хасанеин.
Советот забезбедност на ООН денеска повика на итен прекин на сите воени активности вопојасот Газа, во необврзувачка декларација што по итниот состанок, ја прочитапретседавачот со Советот.
Декларацијата, воиме на 15 членки на Советот, повикува на “итно окончување на секое насилство“,а страните во судирот се повикуваат “веднаш да ги прекинат воените активности“.
Израелската страна,во меѓувреме, повтори дека не исклучува проширување на воената офанзива ираспоредување на копнени трупи на палестинска територија.
/крај/бе/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
В четврток корејски филмови во Кинотека
Во четврток, на 14 ноември, Амбасадата на Република Кореја во соработка со Кинотека на Македонија го организира „Денот на Корејската култура во Скопје“.
Од 17:00 часот започнува ексклузивната проекција на играниот филм:
Помеѓу боговите: Двата Света. Откако неочекувано умира, пожарникарот Ја-хонг е одведен во задгробниот живот од три чувари на задгробниот свет. За да може да се реинкарнира, тој мора да помине седум судења во текот на 49 дена и да докаже дека бил невин во човечкиот живот. Неговите тројца задгробни чувари се покрај него за да го бранат при судењето. Помеѓу боговите: Двата Света е јужнокорејски фантастичен акционен филм од 2017 година, во режија на Ким Јонг-хва. Филмот е прв дел од трилогијата базиран на истоимениот веб-серијал на Џо Хо-мин, кој е инспириран од будистичките слики од корејската династија Чосеон и раните будистички текстови за Десетте кралеви на пеколот иако истовремено ја смета за главната осомничена. Во истрагата за убиство се испреплетуваат страст, лаги и неизвесности.Филмот за прв пат се прикажува во Скопје и влезот ќе биде . Филмот не се препорачува за деца под 15 години.
Од 19:30 часот е играниот долгометражен филм Одлука за заминување (Heojil kyolshim / Decision to Leave, 2022) на корејскиот режисер Паак Чан-ук кој ја доби „Златната палма“ за режија на Канскиот фестивал во 2022 и беше јужнокорејски кандидат за „Оскар“ во 2023.
Паак Чан-ук (Park Chan-wook, 1963) е еден од најзначајните режисери на современата корејска кинематографија, а неговите филмови ЗАЕДНИЧКА ЗОНА НА БЕЗБЕДНОСТ (Joint Security Area, 2000), СОЧУВСТВО ЗА Г. ОДМАЗДА (Sympathy for Mr. Vengence, 2002), ОЛДБОЈ (Оldboy, 2003), ЖЕД (Thirst, 2009), СЛУГИНКА (Handmaiden, 2016) и други се меѓу најнаградуваните корејски филмови не само на домашните и азиските, туку и на филмските фестивали ширум светот. Одлука за заминување е криминална нео-ноар драма во која детективот кој ја истражува смртта на еден човек се вљубува во сопругата на починатиот, иако истовремено ја смета за главната осомничена. Во истрагата за убиство се испреплетуваат страст, лаги и неизвесности.
Култура
Љутков најави повеќе средства за одржување на филмското наследство во Кинотеката
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната работна посета на Кинотеката, потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.
„Изминатите седум години, токму оваа институција, која е најстара институција задолжена за чување на аудиовизуелното наследство, во споредба со периодот пред 2017 година, имаше намален буџет за речиси 50 – 60 проценти, што ја покажува и недоволната посветеност на претходното раководство за грижата кон филмското наследство“, рече министерот Љутков, најавувајќи зголемување на буџетот за оваа национална установа.
Љутков потсети дека Кинотеката на Македонија во 2009 година беше меѓу водечките европски филмски архиви обезбедувајќи климатизирани депоа по меѓународни стандарди за чување на македонското филмско наследство, а во 2011 година беше меѓу првите европски филмски архиви од регионот коишто започнаа со реализација на долгорочниот проект за дигитализација и дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство.
На средбата со новиот в. д. директор на оваа установа, Бошко Грујоски, беше истакнато дека во изминатите три месеци е завршена реставрацијата на дигиталната копија од краткиот игран филм „Писмо“, во режија на Васил Христов, а заврши и скенирањето на филмската копија на филмот „Мис Стон“, во режија на Жика Митровиќ, по што следува дигитална реставрација на овој игран филм. Во 2025 година следува дигитална реставрација на наслови од „златното време“ на македонскиот анимиран филм, како и дигитална реставрација на играниот филм „Македонска крвава свадба“, во режија на Трајче Попов.
Во фоајето на Кинотеката, заедно со новинарските екипи, министерот Љутков ги разгледа и фотографиите кои даваат приказ како изгледал запуштено пред три месеци и како изгледа сега споменикот на културата „Хавзи-пашини конаци“ во с. Бардовци, кој во изминатите години, како што рече, очигледно целосно бил заборавен.
При посетата беше истакнато дека овие три месеци е расчистен просторот пред депоата во Хавзи-пашините конаци каде што се чува фондот од светската продукција на 35-милиметарски филмови, со што е зголемена безбедноста на објектот и пристапот до зградата во која се чува дел од националното филмско наследство е непречен. Направена е интервенција на водоводната мрежа во Хавзи-пашините конаци и се презедоа мерки за санација на проблемот за да се спречи поголема штета.
На средбата со раководството на Кинотеката стана збор и за јубилејот 50 години од започнувањето на нејзината значајна културна активност, кој ќе се прослави во 2026 година, кој за што в. д. директорот Грујоски информираше дека вработените во оваа институција работат и на монографија за Кинотеката по повод прославата на 50-годишнината, а во наредниот период ќе се договорат сите филмски програми, гостувања, изложби и настани за одбележување на годишнината, со цел да се обезбеди пригодна програма во текот на целата јубилејна година.
Култура
Концерт на Женскиот младински хор при МКЦ Скопје во Крива Паланка
На 9 ноември (сабота), со почеток во 19, 30 часот, во Градската црква „Свети Великомаченик Димитриј“ во Крива Паланка, ќе се одржи концерт на Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје.
На програма се дела од Џовани Пјерлуиџи Палестрина, Стеван Мокрањац , Костанзо Феста, Тодор Скаловски, Драган Шуплевски, Боб Чилкот , Арон Харолд, Кирил Македонски и дела на анонимни автори.
Концертот ќе се одржи под диригентство на маестро Сашко Татарчевски, кој веќе ја има освоено светската сцена со своето маестрално раководење хорови и оркестри, освоил бројни награди и е дел од интернационални жири комисии на музички натпревари.
Женскиот младински хор е формиран во 1972 година и во своето 50-годишно опстојување е еден од најпрепознатливите хорови со богат и разновиден репертоар. Освоил многу домашни и меѓународни награди и признанија, промовирајќи се во вистински културен амбасадот на Македонија. Остварил бројни меѓународни турнеи , а само во последната декада се издвојуваат турнејата низ Нормандија, пехарот на натпреварот „Бохуслав Мартину“ во Чешка, две први награди на натпреварот во Петриња, Хрватска, првото место во категоријата камерни женски хорови на европските хорски игри во Грац, златна диплома и две специјални награди на натпреварот Ливиу Борлан“ во Романија, две први награди и три специјални награди на меѓународниот хорски натпревар „Вратиславија сакра“ во Вроцлав, две први места, специјална награда и GRAND PRIX на младинскиот хорски натпревар во Братислава, прва награда на натпреварот „Варсовиа кантат“на музичката академија „Фредерик Шопен“ во Варшава и други.
Концертот е дел од манифестацијата „Есенски музички вибрации“ и дел од програмата на „Крива Паланка – Град на културата 2024 “.