Култура
Медведев ги соопшти условите за повторна испорака на гас на Украина

Рускиотпретседател Дмитриј Медведев изјави дека Русија нема да ги обнови испораките нагас за Украина, доколку Киев не ја прифати пазарната цена на гасот и не прифатимеѓународни посматрачи.
Рускиотпретседател Дмитриј Медведев изјави дека Русија нема да ги обнови испораките нагас за Украина, доколку Киев не ја прифати пазарната цена на гасот и не прифатимеѓународни посматрачи.
Во телефонскиотразговор со украинскиот претседател Виктор Јушченко, доцна синоќа, Медведевистакнал дека Русија е подготвена во секој момент да го обнови испорачувањетона гас на Украина, доколку бидат исполнети овие услови и доколку Украинаовозможи трансфер на гас до европските потрошувачи.
За обновување наиспораката на гас до украинските потрошувачи неопходно е склучување на новдоговор меѓу Гаспром и украинскиот Нафтогас, а при тоа „цената на гасот мора дабиде пазарна, да одговара на европските цени и никакви попусти не може да има“,наведува рускиот претседател.
Тој додаде дека епотребно да се создаде контролен механизам, кој треба да вклучува претставнициод двете гасни компании, претставници на власта во Русија и Украина, посматрачина ЕУ, како и претставници на меѓународни правни фирми, кои треба да гизаштитат интересите на Гаспром и Нафтогас.
Гаспром од синоќане испорачува гас ниту на Украина, ниту, пак, на ЕУ.
Во текот на ноќтаво Москва дојде до неочекуван состанок меѓу директорот на Гаспром Алексеј Милери директорот на Нафтогас Олег Дубин, за да изнајдат начин за надминување накризата.
Медиумитеоценуваат дека ненадејната посета на Дубин претставува подготовка запреговорите во Брисел, на неутрална територија.
/крај/он/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Почина Тоше Поп-Симонов

Истакнатиот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп – Симонов почина денеска на 63 годишна возраст.
Поп-Симонов својата музичка кариера ја започна во 1980-тите, како еден од основачите и гитарист на култната скопска рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок бендот „Асторија“.
Тој остави силен белег на македонската музика во периодот на 1990-тите, кога соработуваше со речиси сите позначајни имиња од поп, рок, како и од фолк сцената во земјава и изведувачи од регионот, меѓу кои и Тоше Проески, Мизар, Архангел, Меморија, Анастасија, Дарио, Верица Пандиловска, Силви бенд, „Фрајле“ и Алка Вуица.
Неговите пријатели и соработници се простуваат од него со објави на социјалните мрежи.
Погребот на Поп-Симонов ќе се одржи во вторник, на 22 април 2025 година, на градските гробишта во Бутел од 11:30 часот.
Култура
„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски синоќа беше премиерно прикажан во Москва, во рамки на престижниот Moscow International Film Festival (Меѓународен филмски фестивал – Москва).
Московскиот фестивал важи за еден од најголемите во светот и е класифициран во А листата на филмски фестивали, заедно со Кан, Берлин, Венеција.
Основан е во 1935 година, a редовно почна да се одржува од 1959 година. Фестивалот е познат по тоа што комбинира светски премиери, авторски филмови и амбициозни независни продукции од различни земји.
„Јон Вардар против галаксијата“ денес ќе има уште една проекција во Москва.
Првиот македонски долгометражен анимиран филм успешно го продолжува својот фестивалски живот, откако минатата недела се прикажуваше и на меѓународниот фестивал во Буенос Ајрес, БАФИЦИ, кој се смета за најголемиот и најважен фестивал за независен филм во Латинска Америка.
„Јон Вардар против Галаксијата“ е поддржан од Агенцијата за филм, со копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо од „Линкс студио”, Ева Конрад, браќа Калинови и Ладо Скорин, арт директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Во главните улоги настапуваат Жарко Димовски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска.
Култура
Со реномирани џез музичари од Франција и САД започна осмиот Џез фактори фестивал во Битола

Со настапот на Laurant Coulondre од Франција, во Народниот театар во Битола, започна 8 издание на Џез фактори фестивалот, кој оваа година се одржува од 16 ти до 19 ти април.
„Нема да зборувам колку беа тешки изминатите години бидејќи се уште се тешки, како и секогаш кога се работи за уметност е тешко, затоа што бројот на публика и мал и варира. Но, ние се трудиме, се бориме и ќе се избориме. Ќе ни биде полесно после 10. издание, кога ќе броиме двоцифрена бројка“, истакна на почетокот директорот и основачот на фестивалот, професорот Сашо Поповски.
Џез фестивалот минатата година беше избран за една значајна светска асоцијација, од Шангај, Кина каде беше единствен фестивал од Македонија.
„Ние одлично ја претставивме Македонија и Битола, а со тоа ја поставивме на Битола на светската мапа на џез фестивали“, додаде Поповски.
Францускиот џез пијанист Laurant Coulondre е познат по својот иновативен пристап кон музиката. Добитник е на неколку престижни награди и соработувал со истакнати џез уметници како Paul Jackson и Pierre de Bethmann.
„Јас навистина уживав, ми се допадна публиката, имавме одлична размена на енергија. Луѓето беа жедни за повеќе добар звук, а тоа мене ме мотивираше на настапот“, рече тој после концертот.
„Ваквите фестивали се одлични. Одлична можност е и да се патува и промовира и слави музиката. Ова е еден вид подарок во мојот живот, да дојдам во Македонија да ги видам сите тие луѓе кои се вљубеници во џезот“, додаде.
После него следуваше настапот на Corey Wilcox и WORKING CLASS HEROES, (Соединети Американски Држави). Wilcox е мултиинструменталист со неверојатна техничка вештина и музичка разновидност. Како долгогодишен член на Jazz At Lincoln Center Orchestra, настапувал на светски сцени како Carnegie Hall и Newport Jazz Festival.
Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Шпанија, и Делегацијата на Европската Унија. На свеченото отворање беше присутен градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, амбасадорот на Франција, грчкиот конзул, почесниот конзул на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, директорот на Францускиот институт, гости од други градови, љубители на џезот.
Вториот ден е резервиран за работилницата во соработка со Здружението Пелагонија, JAZZ FACTORY FOR KIDS, промоција на Ненад Георгиевски, Press and play, книга која ја истражува македонската музичка сцена, работилницата на светски познатата саксофонистка Swantje Lampert од Австрија. Концертната програма започнува во 20 часот со настапот на Триото на пијанистот Jaume Miquel од Кралството Шпанија. Ова трио комбинира традиционален и модерен џез. Членовите на бендот се искусни музичари кои настапувале со џез великани како Kurt Rosenwinkel и Dave Holland. Од 21 часот следува настапот на саксофонистката и композиторка Swantje Lampert. Нејзината музика е инспиративен спој на класичен и современ џез стил. Од 22 часот во Паб Бурбон Стрит Битола , настапува квартетот на Јован Цветковиќ од Македонија. Тој е млад и перспективен џез пијанист, наградуван за својот уникатен музички израз. Со својот квартет, носи свеж звук инспириран од традиционалниот и современиот џез.