Култура
Германија и Франција за брзо решение за гасниот спор

Франција иГерманија денеска и пренесоа на Русија дека мора да ги почитува своите договориза испорака на гас за Европа без разлика на нејзиниот спор со Украина, а гопотсетија Киев да не ги заборави своите обврски кон ЕУ.
Франција иГерманија денеска и пренесоа на Русија дека мора да ги почитува своите договориза испорака на гас за Европа без разлика на нејзиниот спор со Украина, а гопотсетија Киев да не ги заборави своите обврски кон ЕУ.
Шефот нафранцуската држава Никола Саркози и германскиот канцелар Ангела Меркел, напрес-конференција во Париз, изјавија дека ќе ги поттикнат Русија и Украина наразговори да го надминат спорот поради кој се погодени испораките на гас добројните европски држави.
“Русите треба даги почитуваат нивните договорни обврски кон Европјаните“, изјави Саркози,додека Меркел предупреди дека во интерес на Русија е да биде “видена какодоверлив партнер“.
Двајцата лидери,исто така, нагласија дека Европа оценува оти Украина е одговорна за актуелнатаситуација.
Саркози потсетидека Европа многу работела за Украина и оти во текот на францускотопретседавање со Унијата, што заврши на 31 декември, Киев добил привилегиранопартнерство со Европа.
Претседавањето соЕУ од 1 јануари од Франција го презеде Чешка.
“Руско-украинскиотспор е од билатерална природа и ние ги повикуваме Русите и Украинците, искренода тргнат во преговори за да постигнат договор“, рече францускиот претседател.
Меркел посочидека очекува преговорите меѓу Украина и Русија да донесат “брзи резултати“.
Голем број наевропски држави, а особено југоисточна Европа, се погодени поради кризата штонастана поради прекин на испораката на руски гас до Украина порадинесогласувањата околу цените.
/крај/бе/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.