Култура
Рускиот гас протече кон Европа

Европскитекорисници се во очекување на првите количини руски гас, што изутрината почна дасе транспортира преку Украина, по еднонеделен прекин..
Европскитекорисници се во очекување на првите количини руски гас, што изутрината почна дасе транспортира преку Украина, по еднонеделен прекин..
Испораките на рускиот гас сеобновени нешто по 08,00 часот по средно европско време.
Главниот диспечер на Гаспром наложитранспорт на првите 76,6 милиони кубни метри гас дневно преку Украина, а првиќе бидат снабдени потрошувачите од Балканот, Молдавија и Турција.
Гаспром соопшти дека снабдувањето наБалканот е приоритет, така што пробната испорака почнува преку гасната станицаСуџа, во Русија, преку станицата Орловка во Украина.
Украинската компанија Нафтогассоопшти дека за за транспортот на гасот од источната до западната граница ќебидат потребни 36 часа.
Потпретседателот на Гаспром,Александар Медведев, соопшти во понеделник дека „конкретното време кога гасотод Русија може да стигне до европските потрошувачи зависи не само од Гаспром,туку и од состојбата на транспортниот систем на Украина“, односно, дали воцевките го има потребниот технички гас.
„Цевките не се празни, гасот во нивго има како што тоа го бараат технолошките норми“, соопшти денеска украинскатастрана.
Русија на 7 јануари ја прекина испораката нагас за европските потрошувачи,.со образложение дека Украина „краде гас“, а денпретходно беше прекината испораката кон Балканот.
Рускиот гас повторно протече конЕвропа, откако беше постигнат договор за меѓународен мониторинг на транзитот нагасот преку Украина. Документот во понеделникот го потпишаа Европскатакомисија, Русија и Украина.
/крај/б/ег/
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
„Е*и ми го синот!“ – филм што ја тестира границата на фестивалот во Торонто, режисерот зборуваше за делото

„Тоа е само ѓубре. Направено е од собирачи за собирачи.“ Со овие зборови режисерот Тод Рохал го опишува својот последен филм насловен – Е*и ми го синот!
Иако повеќето холивудски публицисти би се наежиле од ваков вид промоција, ова достигнување не е како повеќето филмови. Врз основа на субверзивниот француски стрип од Џони Рајан, филмот ја следи доминантната мајка (Роберт Лонгстрит) која киднапира жена (Типер Њутн) за да спие со нејзиниот гротескно обезличен син Фабијан (Стив Литл), пишува „Варајати“.
Сепак, краткиот синопсис не може да го долови целосното субверзивно и лудо искуство на филмот, кој дебитира оваа недела во делот „Полноќно лудило“ на Филмскиот фестивал во Торонто (TIFF). Фабијан е мутирана ѕверка покриена со брадавици и гној, со пенис со лавкрафтовски размери кој е постојано во движење. Филмот прикажува неверојатно насилство врз девојка и оперската супергрупа „Три тенори“, а воведната сцена е исполнета со нишање на гениталиите.
Токму ваквите елементи го натераа Рохал самиот да му даде на филмот рејтинг X (официјално класифициран како содржина наменета само за возрасни), што тој го гледа како начин за доведување во прашање на границите на слободата на говорот.
„Сите велат: „Знаете, не можете да го наречете филмот „Е*и го мојот син!“ Но, чии правила ги следиме сега? Кој вели дека не можете да правите такви работи?“ прашува режисерот.
„Каде почнува и завршува нашата цензура?“, прашува тој.
Рохал, љубител на иконски филмови кој работел на голем број неконвенционални проекти , вели дека со овој филм задоволил уникатен креативен нагон.
„Се чини дека постои празнина во светот на бескомпромисни работи што не се за Нетфликс, што не се дизајнирани да ја задоволат корпорацијата“, истакнува тој. „Како филмовите на Џон Вотерс ми дадоа дозвола да размислувам поинаку, или како да го гледам Гумо во кино за прв пат и да гледам луѓе како го исвиркуваат беше возбудливо.“
Инспирацијата за филмот дојде брзо по читањето на стрипот на Рајан, но Рохал признава дека речиси се откажал поради своите несигурности. Сепак, размислувајќи за неговите омилени режисери како Џон Вотерс и Џорџ Кучар, тој решил да го прифати предизвикот.
„Ги восхитувате оние луѓе кои имале успех во животот, но исто така лесно можеле да постојат на маргините“, објаснува тој.
Имајќи ја предвид дивата тема, Рохал нагласува дека филмот е наменет да се гледа со публика и ќе биде достапен ексклузивно во кината долго време по неговата премиера на TIFF.
„Од самиот почеток беше направен да не се стримува. Не сакаме да го продадеме на Netflix. Сакаме да биде нешто во кое сакате да се протнете ако сте малолетни. Вашите родители ќе ви се налутат ако дознаат дека сте го виделе ова“, вели режисерот.
Рохал верува дека постои интерес за такво уникатно искуство и очекува филмот да почне да се прикажува во независните кина низ САД до средината на октомври.
Култура
„Силјан“ на Тамара Котевска е македонскиот кандидат за Оскар

Македонскиот филм „Силјан“, во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia), е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм, соопшти Агенцијата за филм.
Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници, а во конкуренција покрај Силјан беа и филмовите „Ди Џеј Ахмет“ на Георги Унковски, продукција на Синема Футура, како и „Планината не оди никаде“ на Петра Селишкар – Cinepaqe Production.
При својот избор, комисијата се водеше од уметничката вредност на филмовите, квалитетот на нивната наративна и визуелна компонента, како и од актуелноста и длабочината на приказните кои ги обработуваат.
Агенцијата за филм ја поздрави оваа одлука и испрати честитки до целиот авторски, креативен и продукциски тим.
Култура
Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

По успешната праизведба летово на сцената во Македонскиот народен театар, претставата „Лов на дива свиња“ на 7 септември премиерно ќе се одигра пред публиката и во Градското позориште Подгорица. Ден потоа е закажана и првата реприза.
Марија Сарап е современа писателка од Црна Гора, која од неодамна е уметнички директор на Црногорско народно позориште. Поплавска е македонска режисерка што на нашата публика ѝ донесе значајни претстави и долгогодишен соработник на МНТ, каде што ги постави мјузиклите „Чикаго“, „Мама миа“, „Архангелот над Скопје“ и многу други. Претставата „Лов на дива свиња“ е копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште Подгорица и Здружението за развивање уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје. Во претставата играат актери од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова-Славенска и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија, како и Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора.
Режисерката Поплавска која е претседател на „Арт медиа“, иницираше театрите на двете земји да потпишат Меморандум за соработка, а во јуни годинава директорите на двете театарски институции, Никола Кимовски на МНТ и Сандра Вујовиќ на Градско позориште Подгорица, по потпишувањето, решија веднаш да започнат со реализација на претставата „Лов на дива свиња“, што е првиот заеднички проект. Со тоа започнува културната размена што предвидува развој на современата театарска сцена во регионот, поинтензивна соработка и нови регионални иницијативи меѓу Македонија и Црна Гора.
„Лов на дива свиња“ е современа драма и симбиоза на два авторски текста потпишани од Марија Сарап – „План Б“ и „Лов на дива свиња“. Претставата се занимава со интимна и силна исповед за жените, кои преживуваат семејно насилство и фемицид, нивната борба за себеидентификација и начините на кои се соочуваат во токсичните околности каде што се губат себеси. Делата на Сарап, општо земено, се карактеризираат со длабока психологизација на ликовите и истражување на социјалните и семејните теми, често фокусирајќи се на женските перспективи и нивните борби во патријархалните општества.
„Ова е приказна за демоните што ги ловиме цел живот во себе и се обидуваме да ги избркаме од себе за да бидеме подобри луѓе“, вели Сарап.
Режисерката Поплавска додава дека се работи за „Женска тема со јасна порака, приказна за семејно насилство и семејни тајни, демони што се пренесуваат во фамилијата. Оваа претстава е женски крик на сите оние што доживеале дел од она што ние го поставивме на сцената. Претставата ја отвора темата фемицид и истовремено е апел до сите засегнати институции. Мисијата сме ја постигнале, доколку барем некој во публиката одлучи да каже: Доста е!“, истакнува Поплавска и додава: „Со оваа претстава создадовме простор каде што актерите, без разлика на националноста и јазикот, заедно креираат искрена, силна и емотивна приказна. Радоста, енергијата и креативноста се чувствуваа на секоја проба и изведба.“
Претставата се игра двојазично – на македонски и на црногорски јазик, а сензибилитетот на актерите од двете земји ѝ носи дополнителна динамика и културна тежина.
Во претстојниот период, претставата ќе продолжи да се изведува на сцените на Македонскиот народен театар и Градското позориште Подгорица, со ангажман на две технички екипи, додека актерите ќе патуваат на релација Скопје – Подгорица. Соработката меѓу двете институции ја поттикнува долгорочната културна размена и заедничкото творештво на современи автори и уметници од регионот. Покрај изведбите што се планирани во Македонија и Црна Гора, „Лов на дива свиња“ е подготвена и за учество на регионални и меѓународни фестивали, каде што ќе продолжи да ја пренесува својата универзална порака. Проектот е одличен пример за значењето на уметничката соработка и создавање заедничка театарска сцена, која ги надминува границите и промовира важни општествени теми.
Фото: Емил Петров