Култура
Бан Ки Мун: Авганистан ќе биде приоритет на ОН во 2009

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека Авганистан ќе биде еден од „приоритетите” на светската организација во 2009
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека Авганистан ќе биде еден од „приоритетите” на светската организација во 2009.
Бан Ки Мун ова ветувањего даде за време на денешната ненајавена посета на Авганистан, пренесуваатзападните агенции.
„За Обединетите нации, Авганистан ќе биде приоритет во 2009 година.”, изјави Бан во Кабул на прес конференција, на која присуствуваше и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.
/крај/бгнес/ег/
Copyright 2009
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Македонската диригентка Елена Митревска настапи со престижниот Дански национален вокален ансамбл

Македонската диригентка Елена Митревска која живее и работи во Шведска, неодамна настапи со престижниот Дански национален вокален ансамбл.
Во текот на три концертни вечери во Мермерната црква во Копенхаген, Митревска диригираше дела од дански, но и од композитори од светската музичка ризница кои истовремено беа проследени со спектакуларни светлосни ефекти дизајнирани специјално за настанот од Кристијан Вајнберг Бонде.
Концептот со наслов „Небесна светлина“ има за цел да постигне комплетно доживување во кое светлосните ефекти се во комплетна хармонија со музиката која се изведува со цел да се постигне ефект на едно деноноќие. Инаку, ова не е прв настап на Елена Митревска со Данскиот вокален ансамбл кој важи за еден од водечките хорови во Скандинавија и во Еропа. Нејзиното постојано работно место како главен хорски диригент е во операта во Малме каде во следната сезона ќе ја диригира продукцијата на операта „Кармен“ од Жорж Бизе.

Foto: Flemming Bo Jensen
Македонската публика неодамна имаше можност да ја види Елена Митревска во Скопје, каде со Македонската филхармонија настапи на популарниот новогодишен концерт, a ќе настапи и со камерниот оркестар „Ајга“ на фестивалот „Денови на македонска музика“.
Култура
„Кармен“ од Жорж Бизе на 1 март на сцената во Националната опера и Балет

На 1 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет ќе се изведе една од најпознатите и најпопуларни опери во историјата – „Кармен“ од Жорж Бизе.
Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартинeнги, режијата и сценографијата се на Нина Најденова и Елена Иванова од Бугарија, костимографијата е на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.
Заводливата, Кармен е симбол на независност и страст, но и на трагичниот крај на љубовта што не познава граници. Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе ќе настапи тенорот од Кина, Ѕ-Жао Гуо, во улогата на Ескамилио ќе настапи, Васко Здравков, во останатите улоги ќе настапат: Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева – Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Невен Силјановски, Кристијан Антовски заедно со хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националнатa опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје под раководство на Весна Димчевска.
Најпознатото дело на Жорж Бизе е операта „Кармен“ од 1875 година која е заснована на романот (излезен во 1846 година) кој го напишал Проспер Мериме. Операта „Кармен“ веднаш не постигнала успех, а Бизе бил многу разочаран, но за утеха брзо дошла пофалба од своите колеги композитори како што се Камиј Сен-Санс, Петар Илич Чајковски и Клод Дебиси, кои веднаш ја препознале убавината на операта. Во брзо време публиката почнала да го дели истото мислење со овие композитори и „Кармен“ станува една од најпознатите опери во историјата.
Култура
„Фанфари за еден пријател“ со виртуозната Селина От од Австрија

„Фанфари за еден пријател“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија. Како солистка ќе настапи Селина От на труба (Австрија), а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел.
На програмата се два концерти за труба и оркестар од Томази и Хајдн, а на програмата се Симфонијата бр.2 од Јоханес Брамс.
Роден во Буенос Аирес, Аргентина, маестро Јерухам Шаровски рано започнал да изучува музика, а потоа студирал флејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум за музика во неговиот град. Во раните 70-ти имигрирал во Израел, каде што дипломирал на Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим, под палката на проф. Менди Родан. Во 1990 година, Шаровски бил избран од страна на славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“. Тогаш ја добил и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел.
По турнејата во поранешниот Советски Сојуз (СССР), која за него била значајна во кариерата, во 1991 година станал уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски, овој оркестар прераснал во еден од најпопуларните симфониски ансамбли изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. Од 1998 до 2004, маестро Шаровски раководел и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Жанеиро, со кој остварувал турнеи во Бразил и во Европа и снимил четири цедеа. Во тој период, Шаровски го формирал Младинскиот симфониски оркестар на Бразил, кој станал еден од најпознатите ансамбли во земјата. За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф диригент на Македонската филхармонија.
Селина От е добитничка на наградата „Opus Klassik“ во 2021 година, за нејзиниот дебитантски албум „Концерти за труба“, заедно со Радио-симфонискиот оркестар на Виена и диригентот Роберто Патерностро. Како прва жена во седумдесетгодишната историја на Меѓународниот музички натпревар „ARD“, Селина От ја освоила Првата награда во категоријата труба на само 20 години, во 2018 година. Тоа е и една од причините потоа да биде поканета да настапува со водечки оркестри, како WDR симфонискиот оркестар, Чешката филхармонија и Германскиот симфониски оркестар Берлин. Таа веќе има настапувано и со Симфонискиот оркестар на Маринскиот театар под водство на маестро Валери Гергиев, со Фестивалскиот оркестар на Будимпешта со маестро Иван Фишер, со Виенскиот симфониски оркестар, Радио-симфонискиот оркестар на ORF Виена, Кралскиот филхармониски оркестар на Лиеж… Како солистка, Селина От настапувала во престижни концертни сали како виенскиот Концертхаус, Музиквереин во Виена, Филхармонијата во Берлин, Филхармонијата во Келн, Филхармонијата во Есен, Филхармонијата во Луксембург… Во 2022 година, Селина се стекнала со звање магистер по уметности, во класата на Роман Риндбергер, на Универзитетот за музика и уметности во Виена. Била наградена со почесната награда на Федералното министерство на Република Австрија за образование, наука и истражување. Во 2021 година премиерно го извела Концертот за труба „Утопија I: Чудни спирали“ на австрискиот композитор Томас Вали, на отворањето на фестивалот „Виен Модерн“ со Радио-симфонискиот оркестар на ORF Виена, а под диригентската палка на Марин Алсоп во виенскиот Концертхаус. Во март 2022 година, таа објави уште еден, трет албум во соработка со Радио-симфонискиот оркестар на ORF Виена за „Орфео“.