Култура
Скопје центар на млади уметници од Европа и Медитеранот
Под мотото „Уметноста ќе најде начин“ денеска во Скопје свечено ќе биде отворено 14-то издание…
од мотото „Уметноста ќе најде начин“ денеска во Скопје свечено ќе биде отворено 14-то издание на Биеналето на млади уметници од Европа и Медитеранот. Главниот град на Македонија до 12 – ти септември ќе биде домаќин на најголемиот културен настан што досега е организиран кај нас. Сите културни институции и специфични локации ќе бидат центар за соработка на 713 млади уметници од 43 земји.Фестивалот ќе го отворат светски познатите џез музичари „Concpiracy Band“.Легендата за седумте порти на Скопје е избрана за тема на претстојното Биенале, во чии што рамки ќе бидат прикажани над 400 уметнички продукции, меќу кои: илјада слики, скулптури и графички дела, 50 краткометражни филмови и 60 видео и кибернетички дела, 50 литературни читања, 30 дела од областа на танцот и театарот, 40 музички концерти и една модна ревија.Настанот е организиран од Асоцијацијата за меѓународна младинска соработка од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје, а промовиран од БЈЦЕМ – асоцијација на Биеналето на млади уметници од Европа и Медитеранот.Патрон на овој настан е еврокомесарот за култура Јан Фигел, кој ќе биде присутен во македонската престолнина. Во рамки на посетата на Скопје, еврокомесарот Фигел ќе оствари средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски.Скопје ќе им се придружи на многу поголеми центри кои досега беа домаќини на Биеналето: Барселона (1985/1987), Солун (1986), Болоња (1988), Марсеј (1990), Валенсија (1992), Лисабон (1994), Торино (1997), Рим (1999), Сараево (2001), Атина (2003), Неапол (2005) и Бари (2008), а граѓаните на нашиот главен град ќе станат дел од милионската публика која досега имаше можност да види над 10 илјади уметници./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Новата книга „Егосурфер“ од Александар Русјаков ќе биде промовирана на 18 февруари
Новата книга на Александар Русјаков – „Егосурфер“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана на 18 февруари (среда), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на „Денови на литературата“.
Промотор на оваа збирка раскази од жанровите научна фантастика, хорор и киберпанк ќе биде уредничката Бисера Бендевска.
Иако ова не е негов прв „сурф“ врз брановите на фантастичните жанрови, во својата втора збирка раскази, „Егосурфер“, Русјаков тоа го прави пососредоточено и пофокусирано од претходно. Ова е книга со чисти жанровски контури, во која авторот го меле своето поетско месо низ мелниците на научната фантастика, киберпанкот и хоророт, притоа држејќи се до своите препознатливи книжевни зачини – лиричностa и сатиричностa.
„Оваа збирка раскази го носи насловот ’Егосурфер‘, како што е и насловот на првиот расказ во неа, но егото како омаловажувачка состојба на духот, како и борбата со оваа најмрачна зандана на битието, се поврзани со грешката на единката, а со неа и на општеството, алудирајќи на минорноста на човечкото наспрема присуството и одлуките на надредените ентитети – во случајот кај Русјаков, на божественото. Речиси сите негови херои се ставени пред нивниот идентитетски амбис, а од нивната мудра и праведна игра зависи иднината на самите нив, што подразбира – иднина и на општеството“, пишува Маријана Котевска-Георгиева во освртот кон книгата.
Александар Русјаков е автор на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм и драмски текстови. Пишува поезија и проза, колумни и „дијагнози“, филмски и ТВ-сценарија. Досега ги има објавено: поемата „Недовршена љубовна приказна“, збирката песни „Голтка восхит од солзите на вечноста“, збирката раскази „Ме сакаш ли под дождот?“, романите „Тринаесеттиот месец“, „Атена со пенис“, како и книгите објавени за „Арс Ламина“: „Курвински хроники“, „Албино трип“ и романот „Хотел меѓу две војни“, добитник на наградата „Пегаз“ во 2021 година и на „Рациново признание“ во 2022 година. По повод 100 години од смртта на Франц Кафка, Русјаков минатата година ја напиша и својата прва книга за деца – „Девојчето и куклата што патува“, во издание на „Либи“.
Култура
Во МНТ 100-та изведба на „Кец на десетка“
Една од најгледаните претстави на камерната сцена на Македонскиот народен театар, комедијата „Кец на десетка“, на 19 февруари, во 20 часот, ќе одбележи значаен јубилеј — 100-та изведба.
Девет години по премиерната изведба, претставата и понатаму живее со ист интензитет и сценски ритам, освојувајќи ја публиката одново.
Во изминатите години, со безрезервна актерска енергија и посветеност на сцената настапуваат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан / Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ.
Секоја изведба создава прецизна, искрена и непосредна комуникација со публиката, која е активен дел од заедничкото доживување.
Комичните ситуации и спонтаната комуникација со публиката произлегуваат од вешто обликуваниот текст на Митко Бојаџиски и од колективната режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, кои на претставата ѝ даваат препознатлив печат и автентичен сценски шарм.
Овој јубилеј сведочи за тоа дека „Кец на десетка“ е претстава со долготрајна сценска вредност и постојан интерес од публиката.
Култура
Македонското глумиште денес се простува од актерката Ленче Делова
Драмски театар Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерката Ленче Делова е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Ленче Делова од 11:00 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе се изврши погребот.
Македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова е родена на 15 јуни 1948 во Скопје, а почина вчера на 77 годишна возраст. Во 1970 година, се вработила во Драмски театар Скопје каде била професионално ангажирана сѐ до нејзиното пензионирање во 2013 година.
Јавноста дополнително ќе биде информира за денот на комеморација што ќе се оддржи во нејзината матична куќа, Драмски театар Скопје

