Култура
Три изданија во поетската едиција „Ева Тас“
Тројца современи автори се објавени во новата повеќејазична поетска едиција „Ева Тас“ во издание на „Блесок“.
Тројца современи автори се објавени во новата повеќејазична поетска едиција „Ева Тас“ во издание на „Блесок“.
Оваа година, во првата серија, објавени се книгите „Споени лица“ на Сибила Петлевски, „Деновиве ако не и утре“ од Јовица Ивановски и „Пофалба на невиноста“ од Хенк ван Керквијк.
„Споени лица“ е објавена на хрватски јазик, во превод на англиски и македонски јазик, поетската книга на Ивановски е преведена и на англиски, додека „Пофалба на невиноста“ е објавена на холандски и англиски јазик, преведена и на македонски.
Книгите се печатени во тираж од 500 примероци.
Директорот на „Блесок“, Игор Исаковски на денешната прес конференција во Скопје, на која што присуствуваа и авторите на веќе објавените книги, најави дека идната година ќе бидат издадени книги од Павле Горановиќ, Алеш Дебељак и Бранко Чегец.
Третата серија, што ќе се објави во 2011 година ќе ги опфати авторите Јосип Ости, Рони Сомек и Катица Ќулавкова.
Едицијата „Ева Тас“ е основана во сеќавање на Ева Тас (1915 – 2007), која што својата оставина, преку истоимената Фондација, ја посвети на слободата на пишаниот збор, издаваштвото и читањето ширум светот.
Претседателот на Фондацијата „Ева Тас“, Ханс ван де Ваарсенбург истакна дека едицијата во Македонија е прв проект на Фондацијата од таков вид.
Активностите ќе продолжат и во Африка, каде ќе бидат опфатени африкански поети./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Имате ли ритам“ – концерт за деца на Македонската филхармонија
Оркестарот на Македонската филхармонија, со почеток во 12 часот, во четврток и петок ќе одржи два концерти за деца со наслов „Имате ли ритам?“ преку организирана училишта посета. Диригент е маестро Виктор Митревски, а аниматор и овојпат ќе биде миленикот на младата публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги воведе децата во тајните на ритамот и неговата разновидност.
Посетителите ќе имаат можност да слушнат композиции од класичната, но и од модерната музичка литература, во кои акцент е ставен токму на ритмичкиот импулс – дела од Смокварски, Калифе, Андерсон, Бернштајн, Штраус, Де Фаља.
Концертот ќе ги донесе звуците и ритмите на Македонија, Либан, Куба, Шпанија…, а Јорданоски низ игра и хумор ќе се обиде да ги анимира децата „свирејќи“ на разно-разни предмети, докажувајќи дека ритамот го има насекаде околу нас. Овој пат посебно ќе се истакнат перкусионистите од оркестарот на Македонската филхармонија, кои ќе приредат и едно изненадување, а на сцената ќе настапат и неколку талентирани деца.
Виктор Митревски роден во Скопје 1987 година потекнува од музичка фамилија. На седумгодишна возраст започнува со часови по виолина. После успешниот матурски концерт во кој првиот дел свири на виолина, а во вториот пијано, во 2005 година започнува со студии по оркестарско диригирање на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во класата на Саша Николовски-Ѓумар. Во 2016 година, ги завршува студиите по хорско диригирање на престижниот Универзитет за музика и применета уметност во Виена, во класата на Ервин Ортнер. Следната година дипломира и оркестарско диригирање на истиот универзитет во класата на проф. Симеон Пиронков и Урош Лајовиц со концерт со Словачката Филхармонија. За време на студиите е активен учесник на неколку семинари со познати диригенти како Фабио Луизи, Симоне Јанг, Бертранд де Били, Јоханес Шефли и др. Во 2012 дебитира во Македонската Опера и Балет со „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн, во 2014 диригира со Балтичката Филхармонија во Гданск, Полска. 2017 година следува успешното деби во Виена и тоа во Театар ан дер Вин со експерименталниот проект „Ја ослободуваме Евридиче). Истата година стапува во соработка со еден од најталентираните млади диригенти во Австрија, Рафаел Шлусенберг со кој што ја поставуваат операта Дон Џовани во Ваидхофен ан дер Ибс, за потоа следната година истата биде изведена и во Виена. Веднаш потоа ја диригира „Грабнување од сарајот“ и „Свадбата на Фигаро“ . Во 2019 следи дебито со Македонската Филхармонија, една година подоцна диригира и со „Скопски солисти“. Во 2020 е асистент диригент на Лео Хусеин во изведбата на светската премиера Хамлет на Јозеф Самер во Русе, Бугарија. Денес, Виктор Митревски работи во Театар ан дер Вин со хорот „Арнолд Шенберг“.
Култура
Оперскиот бисер „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и Балет
Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 31 јануари со почеток во 20.00 часот. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа.
На нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.
Настапуваат: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Марија Наумовска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и балет.
„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени.
Култура
Нашата држава секогаш ќе го негува споменот на Тоше, рече Љутков од Крушево
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево градот каде со пригодна програма под наслов „Ангел си ти” се одбележува 44. роденден на Тоше, на човекот кој со својата музика, љубов, добрина и хуманост го освои срцето на целиот Балкан.
„Денес, на 25 јануари, се сеќаваме на Тоше Проески, кој иако физички не е повеќе со нас, неговиот дух продолжува да живее во песните, спомените и љубовта што тој ги остави зад себе. Затоа во чест и слава на Тоше, токму на овој ден сум во неговото родно Крушево, го посетив семејството и положив свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, а ја посетив и Спомен куќата подигната во негова чест”, рече министерот Љутков.
Љутков истакна дека „Нашата држава секогаш ќе ја негува почитта кон Тоше, што се потврдува и со фактот дека Владата, од Буџетот издвои средства и за поддршка на иницијативата на Македонската радио-телевизија да снима игран филм, документарен филм и ТВ-серија во неколку продолженија за животот, делото и мисијата на нашата најголема музичка поп-ѕвезда”.
Според Љутков споменот на Тоше, кој ги обединуваше луѓето со својата музика продолжува да инспирира нови генерации, и преку неговите песни, засекогаш живее во нашите срца.
Македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.