Контакт

Култура

Почина драмскиот писател Миле Попоски

Објавено пред

Драмскиот писател Миле Попоски, автор на сценаријата за комедиите Солунски патрдии и Викенд на мртовци, почина денеска во Скопје.

Драмскиот писател Миле Попоски, автор на сценаријата за комедиите Солунски патрдии и Викенд на мртовци, почина денеска во Скопје.

Поповски, роден 1922 година, беше дипломиран филолог, просветен работник, новинар, и автор на театарски, филмски и сценарија за тв серии. Негови најпознати дела се комедијата Солунски патрдии, драма која е рекордер по бројот на претстави одржани во македонските театри со над 350 постановки, Викенд на мртовци и Македонија може.

Во својот богат опус Попоски се појавува и како драматург на десетина театарски комедии играни во професионални театри низ Македонија. Автор е и на пет книги хумористича литература од коишто една е на словенечки јазик, потоа на многубројни радио драми и хуморески објавувани во многу земји.

Попоски во 1950 година дипломира на Филозофскиот факултет на групата Југословенска литература и македонски јазик.

Од 1960 година работи во НИП „Нова Македонија” како уредник на хумористичната страна на весникот. По извесен период минат во Белград, се враќа во Скопје и работи во Радио Скопје како уредник, а потоа  во Телевизија Скопје, каде што останува се до своето пензионирање како одговорен уредник на секторот за образование и наука./крај/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Вечерва на Охридско лето концерт на дуото „СолиПс“

Објавено пред

Во рамките на фестивалот Охридско лето, вечерва ќе настапи дуото „СолиПс“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Ова дуо формирано во 2011 година го сочинуваат македонско-француската флејтистка Елена Стојческа и францускиот гитарист Роман Петио. Тие настапуваат на сцени и на фестивали во Франција, Белгија, Чешка, Италија, Русија и во Босна и Херцеговина. Од нивните настапи се издвојуваат : „Маскфест“ во Сан Марино, „Форфест“ во Кромериц, интернационалниот фестивал „Сараевска зима“, настапот во Музејот на Скрјабин во Москва, настапот на Неделата на класичната музика во Лавоар, во Музејот за уметности во Брисел…

Флејтиската Елена Стојческа е добитничка на прва награда на меѓународниот натпревар „Ауди Моцарт“ во Роверето, Италија, како и на многубројни награди од државните натпревари за флејта и камерна музика во Северна Македонија, како и на натправарите „Буфет-Крампон“ и „Гастон Крунел“ во Франција.

Настапувала како солист со Македонската филхармонија, оркестарот „Хајдн“ од Болцано и Тренто, оркестарот „Пoл Кунц“, симфонискиот оркестар „Бакау“, како и со оркестарот „Француски флејти“. Како рецитален уметник и камерен музичар настапувала во Франција, Италија, Велика Британија, Турција, Луксембург, Холандија, РС Македонија на многубројни фестивали. Членка е на ансамблот флејти „Бонсаи“ и на престижниот оркестар „Француски флејти“.

Стојческа е добитничка на повеќе стипендии од „Отворено општество“ – Македонија, Фондацијата „Албер Русел“, како и од владите на РС Македонија и Франција. Студирала во РС Македонија, Франција и Италија кај реномирани професори, како: Пјер-Ив Арто, Петер Лукаш Граф, Винсент Лукас, Аурел Николет, Ирена Графенауер и Бети Станковска. Професор е на Конзерваториумот „Ливри-Гарган“, како и на Парискиот централен конзерваториум – ЦМА „В.А. Моцарт“.

Францускиот гитарист Роман Петио е победник на повеќе натпревари, како „Гитарманија“ во Алмада, Португалија, и „Гитар-фест“ во Белград, а финалист бил и на натпреварот „Роберт Видал“ во Франција. Како рецитален и камерен музичар настапувал на повеќе значајни фестивали во: Франција, Италија, Чешка, Португалија, Русија, Босна и Херцеговина и во Шпанија.

Премиерно изведува и снима дела за соло гитара од композиторите Лоренс Шер, Венсан Еро и Масимилијано Месиери. Дипломирал со највисоки оцени на Школата за музика „Алфред Корто“ и се стекнува со магистерска од областа на педагогијата од Парискиот конзерваториум. Студирал со Алберто Понсе и Јудикаел Перој, а се усовршувал на мајсторски курсеви кај Дејвид Расел, Зоран Дукиќ, Лоренцо Микели, Павел Стајдл и Карло Маркионе… Роман е роден 1987 година, живее и работи во Париз, каде што предава на регионалниот конзерваториумот во Л’ај Ле Роз.

Прикажи повеќе...

Култура

Улуџан: Заглавени сме во тешки времиња, но музиката мора да продолжи и да се споделува меѓу луѓето

Објавено пред

Спој на младост и виртуозност, како и разнолика програма на реперотарот на фестивалот Охридско лето, приредија вчеравечер турските уметници, виолинистот Озџан Улуџан и пијанистката Бирсен Улуџан.

Во амбиентот на акустичната „Света Софија“ ужуваа и самите уметници, кои првпат се во Македонија.

Пијанистката Бирсен раскажа дека поминале низа турбулентни мигови на незивесност пред да настапат на Охридско лето и се изненадени што се првите уметници кои во екот на пандемијата на ковид-19 ја напуштиле Турција за да настапат пред македонската публика во Охрид.

„Концертот беше полн со изненадувања бидејќи првпат доаѓаме во Македонија и многупати ни ги променија авионските билети, потоа ни се откажаа летовите, па менувавме летови и време, но сепак стигнавме. Сѐ беше многу добро организирано за настапот. Мислам дека ние сме првите уметници што излегоа од Турција за време на оваа пандемија за да настапат на фестивал“, рече Бирсен.

Турските уметници доловија дела од разни композитори.

„Свиревме разни стилови, многу разновидна презентација. Почнавме со Соната за виолина и пијано е-мол од Моцарт, ја донесовме Свитата за виолина и пијано ‘Демет’ од турскиот композитор А. Аднан Сајгун, преку дело на Дебиси за да завршиме со Соната за виолина и пијано од Штраус, чии дела се големи и многу театрални, како опера“, додаде пијанистката.

Двата биса на вечерта младите уметници го посветија на големиот македонски композитор Томислав Зографски изведувајќи ја неговата Свита за виолина и пијано, а потоа и „Полонеза“ од Виењавски.

„Заглавени сме во тешки времиња, но музиката мора да продолжи и да се споделува меѓу луѓето. Поради актуелната здравствена ситуација, повеќето концерти се одржуваат од дома и се емитуваат на малите екрани, но Охридско лето е еден од ретките фестивали во светот што годинава и покрај наметнатата здравствена криза, успешно ја продолжи својата долгогодишна традиција. Задоволен сум и од организаторите и од публиката“, изјави виолинистот Озџан Улуџан.

Двајцата турски уметници, кои инаку се родени во Бугарија, иако млади, зад себе имаат богата музичка кариера настапувајќи со најреномираните европски камерни оркестри, како и со звучни имиња од светот на класичната музика. Освен како солисти и камерни музичари, братот и сестрата Улуџан се истакнати педагози.

Прикажи повеќе...

Култура

Концертот на турските уметници на Охридско лето се префрла во црквата „Света Софија“

Објавено пред

Поради временските непогоди и врнежите што се очекуваат во вечерните часови, концертот на Озџан Улуџан – виолина и Бирсен Улуџан – пијано, од Турција, кој во рамките на фестивалската програма на Охридско лето требаше да се одржи во предворјето на црквата „Света Софија“ се префрла внатре во црквата „Света Софија“.

„Според дозволата и насоките добиени од Комисијата за заразни болести, протоколот за вечерашниот концерт предвидува гледалиште од 30 места во согласност со просторот за раздалеченост од два метра, како и строго почитување на сите мерки за заштита, носење маска, дезинфекција на рацете и одржување физичка дистанца за време на влез и излез од црквата. Исто така, препораките добиени од Комисијата за заразни болести предвидуваат концертот на турските уметници да се одржи со отворени врати на црквата Света Софија“, соопштија организаторите.

Почетокот на концертот е во 21 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Казнети 378 лица за неносење маска

Полицијата казнила 378 лица за неносење заштитна маска во текот на изминатиот ден. „Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година)...

Свет32 минути

Во последните 24 часа во светот над 270.000 нови случаи на коронавирус

Во светот во последните 24 часа се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на коронавирус, а починале 6.815 лица, објави Светската...

Свет45 минути

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Јапонија

Во Јапонија во изминатите 24 часа се потврдени најголем број случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата на коронавирус....

Македонија1 час

Деветнаесет години од нападот кај Карпалак во кој беа убиени 10 војници

Денеска се одбележуваат деветнаесет години од нападот врз конвојот на АРМ во кој беа убиени десет воени резервисти кај месноста...

Свет14 часа

(Видео) Најмалку 16 лица загинаа, а 123 се повредени во авионот кој се преполови во Индија

Најмалку 16 лица загинаа, а 123 повредени во авионската несреќа на „Ер Индија експрес“ што излета од пистата и се...

Свет14 часа

Седумгодишно момче почина од вирусот во САД – немало други болести

Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава...

Свет15 часа

Сè повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува...

Свет16 часа

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Топ18 часа

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Македонија20 часа

Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување, ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и...

Свет20 часа

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут велејќи...

Свет21 час

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува...

Македонија21 час

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка, која полагала возачки испит, пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија22 часа

Хелсиншкиот комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, кои ги донесе Владата, e ослободувањето од работни...

Македонија22 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет23 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет23 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет24 часа

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Свет1 ден

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет1 ден

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Досие