Култура
Гуано Ејпс и Кирил Џајковски на Бум таксират фестивалот

Германскиот рок бенд Гуано Ејпс и македонскиот музичар Кирил Џајковски ќе настапат на последниот ден од Бум таксират фестивалот кој ќе се одржи на повеќе локации во Скопје. „Гуано Ејпс“, рок бендот од Германија ќе настапи на последниот ден од Бум Таксират фестивалот заедно
Германскиот рок бенд Гуано Ејпс и македонскиот музичар Кирил Џајковски ќе настапат на последниот ден од Бум таксират фестивалот кој ќе се одржи на повеќе локации во Скопје.„Гуано Ејпс“, рок бендот од Германија ќе настапи на последниот ден од Бум Таксират фестивалот заедно со Џулиет Луис, „Мунспел“, „Елементал“ и „Хладно пиво“ во Метрополис арената на петти декемвриГрупата Гуано Ејпс е основана во 1994 година а ја сочинуваат: Сандра Насиќ-вокал, Хенинг Руменап-гитара, Стефан Уде-бас, Денис Пошвата-тапани.Кирил Џајковски исто така ќе настапи на последната вечер од Таксират Бум Фестивалот на петти декември. Џајковски ја започна својата кариера како член на групата „Бастион“, а до сега има настапувано на повеќе фестивали ширум Европа. Неговиот настап на Егзит фестивалот во Нови Сад 2006 година беше прогласен за најдобар настап на фестивалот. /крај/ сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Хит-комедијата „Вечерва сме сами“ на 26 април во Националната опера и Балет

Хит комедијата „Вечерва сме сами“, во која Семир Гичиќ и Наташа Аксентијевиќ со својата маестрална игра освојуваат публика низ целиот регион, доаѓа во Скопје! На 26 април, љубителите на добриот хумор ќе имаат можност да ја гледаат оваа урнебесна претстава во „Националната опера и балет“.
Ова е динамична и духовита комедија која на забавен, но истовремено и длабок начин, ја прикажува комплексноста на љубовните односи. Преку препознатливи животни ситуации, неочекувани пресврти и духовити дијалози, публиката ќе ужива во приказна што ќе ја насмее, но и ќе ја натера на размислување.
„Вечерва сме сами“ го доловува балканскиот менталитет, каде човек често прифаќа сè она што, декларативно, никогаш не би прифатил. Специфичноста на ова тло е што и прифаќањето и неприфаќањето се подеднакво погрешни. А најтешко е да се убедиш самиот себе дека твојот живот навистина се случува, а не е туѓа лоша шега. Кога човек мисли дека нешто завршило, тоа дури тогаш почнува. Кога поверува дека разбрал, токму тогаш е изигран – по којзнае кој пат!
Оваа претстава носи приказна за љубовниот живот на двајца луѓе чии односи се нишаат помеѓу страсна љубов и немилосрдни судири. Преку одличната игра на Гичиќ и Аксентијевиќ, гледачите ќе се препознаат во комичните, но и реални сцени, кои ќе ги потсетат дека животот секогаш носи неочекувани пресврти.
Култура
Кинотеката на Македонија со зголемен буџет од 𝟣,𝟧 милион за 𝟤𝟢𝟤𝟧 година

Н.У. Кинотека на РС Македонија во 2025 година влегува со буџет од 7,5 милиони денари со кои ќе реализираат програмски активности од областа на заштитата на аудиовизуелните добра, проекти од меѓународна дејност и евроинтеграции, како и од издавачка дејност. Буџетот на единствената институција во државава што се грижи за националното аудиовизуелно наследство е зголемен за повеќе од 1,5 милиони денари во однос на минатата година.
Најголемиот дел од вкупната сума, односно 6,5 милиони денари, ќе бидат потрошени на тековни и нови проекти во областа на заштитата, како што се прибирање филмови и филмски материјали, документација и музејски ескпонати, обработка и каталогизација на прибрана граѓа, но и на годишната филмска програма во Кинотеката, преку која се обезбедуваат проекци на актуелни и култни филмски остварувања во една од најпосетените киносали во државата.
Годинава ќе се работи и на дигитална реставрација на уште едно класично дело од македонската кинематографија – играниот филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА (1967) на режисерот Трајче Попов, како и на дигитална реставрација на 25 анимирани филмови од македонската школа на анимиран филм, школа која беше активна во ‘70-те и ‘80-те години на 20. век (Д. Марковиќ, Б.Пејчинов, Д. Михајловски, итн.). Играниот филм МИС СТОН (1958) на режисерот Ж. Митровиќ што минатата година беше дигитално реставриран, а оваа 2025 година ќе го добие и своето блу-реј издание.
Во соработка со македонските културно-информативни центри во регионот, Кинотеката ќе организира и презентација на македонската кинематографија преку програма насловена како „Денови на македонски филм“, а на полето на издавачката дејност, покрај новиот број на Кинопис, се подготвува да излезе од печат и монографијата „70 Години македонски филмски плакат“.
Култура
Почина Наташа Маневска, драматург во штипскиот театар

Со огромна тага ја споделуваме веста за смртта на нашата колешка Наташа Маневска, драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, соопшти штипскиот театар.
Маневска беше член на нивниот колектив од 2011 година и во периодот од 2011 до 2015 година беше на чело на институцијата како директор.
Од 2016 година беше на работното место драматург.
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Штип в четврток, 27.2.2025, од 13 до 14 часот.
Комеморација во нејзина чест ќе се одржи во Театар „Штип“ в петок, 28.2.2025 во 12 часот.