Култура
Прв избор на драми на Драго Јанчар на македонски

Прв избор на драми преведени на македонски јазик на словенечкиот писател Драго Јанчар под наслов „Драго Јанчар – Тивко се ниша часовникот“ излезе од печат деновиве во Скопје
Прв избор на драми преведени на македонски јазик на словенечкиот писател Драго Јанчар под наслов „Драго Јанчар – Тивко се ниша часовникот“ излезе од печат деновиве во Скопје.
Приредувач на изданието, во кое се сместени седум драми на Јанчар и тоа: Дисидентот Арнож и неговите, Големиот брилијантен валцер, Падот на Клемент, Дедалус, Демнејќи го Годо, Халштат и насловната Тивко се ниша часовникот, е познатата македонска театарска критичарка, публицистка и новинарка Лилјана Мазова.
Изданието „Драго Јанчар – Тивко се ниша часовникот“, кое е помогнато од министерствата за култура на Македонија и на Словенија, како и од словенечкиот Трубарјев склад, е дел од библиотеката Theantrum Mundi на издавачката куќа Матица Македонска.
Во изминатите 2,5 години на македонски јазик се објавени вкупно 21 драма од словенечки јазик и тоа по седум во изданијата Душан Јовановиќ – Ослободувањето на Скопје, Иван Цанкар – Драми, како и последната Драго Јанчар – Тивко се ниша часовникот. Приредувач на трите изданија, кои се дел од библиотеката Theantrum Mundi, е Лилјана Мазова.
Од творештвото на Јанчар во Македонија досега е изведена само драмата Големиот брилијантен валцер и тоа во 1986 година во Македонскиот народен театар во режија на Бранко Ставрев и четири години подоцна во Народниот театар во Прилеп во режија на Стојан Стојаноски./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Музичка „Бајка“ со виолинистката Анна Кондратенко во Филхармонија

„Бајка“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот на кој како солистка ќе настапи нашата виолинистка Анна Кондратенко, концертмајстор во Македонската филхармонија. На концертот, Анна Кондратренко ќе настапи како солистка и воедно ќе го води оркестарот во изведбата на композициите „Come in!“ („Чукни и влези“) од Владимир Мартинов и „Писма до пријателите“ од Гија Канчели.
Врвната виолинистка Анна Кондратенко, на овој концерт, покрај како солистка на виолина, ќе се претстави и како диригентка со Камерниот оркестар составен од членовина Македонската филхармонија. Родена е во Новосибирск, Русија, каде што почнува да свири виолина на четиригодишна возраст. Своето музичко образование го започнува во Специјалната музичка школа во класите на О. Марченко и А. Гвоздев, а продолжува во класата на проф. В. Третјаков на Високата музичка школа во Келн, каде што дипломира во 2004 година.
Како солист и концерт-мајстор настапува со Младинскиот симфониски оркестар (Новосибирск), Симфонискиот оркестар на Филхармонија (Новосибирск), Интернационалниот симфониски оркестар (Мичиген, САД), Klassische Philharmonie Bonn (Германија), Philarmonie der Nationen и други во Русија, Украина, Унгарија, Германија, Шпанија, Франција, Бразил, Америка, Малезија, Кина, Либан и Јапонија. Исто така, учествува на различни мастер-курсеви (кај Z. Bron, D. Zigmondi) и фестивали, меѓу кои: Mozarteum (Австрија), Holzhausen Musiktagen (Германија) и др.
Таа е победник на многубројни серуски и меѓународни натпревари, меѓу кои и Ерденко и Мравински во Русија и Ј. Ниман во Германија. Пред две години, Кондратенко го основа квартетот „Филхармонија“ составен од членови на оркестарот на Македонската филхармонија, со кој остварува настапи на домашни и на меѓународни фестивали. Моментно работи како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонската филхармонија и како концертмајстор и солист на оркестар на „F.A.M.E.S Project“ во Скопје.
Култура
Осум романи ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.
Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи.
Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, која годинава ќе се одржи на 14 март.
Култура
Хит-комедијата „Вечерва сме сами“ на 26 април во Националната опера и Балет

Хит комедијата „Вечерва сме сами“, во која Семир Гичиќ и Наташа Аксентијевиќ со својата маестрална игра освојуваат публика низ целиот регион, доаѓа во Скопје! На 26 април, љубителите на добриот хумор ќе имаат можност да ја гледаат оваа урнебесна претстава во „Националната опера и балет“.
Ова е динамична и духовита комедија која на забавен, но истовремено и длабок начин, ја прикажува комплексноста на љубовните односи. Преку препознатливи животни ситуации, неочекувани пресврти и духовити дијалози, публиката ќе ужива во приказна што ќе ја насмее, но и ќе ја натера на размислување.
„Вечерва сме сами“ го доловува балканскиот менталитет, каде човек често прифаќа сè она што, декларативно, никогаш не би прифатил. Специфичноста на ова тло е што и прифаќањето и неприфаќањето се подеднакво погрешни. А најтешко е да се убедиш самиот себе дека твојот живот навистина се случува, а не е туѓа лоша шега. Кога човек мисли дека нешто завршило, тоа дури тогаш почнува. Кога поверува дека разбрал, токму тогаш е изигран – по којзнае кој пат!
Оваа претстава носи приказна за љубовниот живот на двајца луѓе чии односи се нишаат помеѓу страсна љубов и немилосрдни судири. Преку одличната игра на Гичиќ и Аксентијевиќ, гледачите ќе се препознаат во комичните, но и реални сцени, кои ќе ги потсетат дека животот секогаш носи неочекувани пресврти.