Култура
Викенд културна понуда
ДРАМСКИ ТЕАТАРПеток”Ветер низ тополите” режија Коле Ангеловски – 20ч
ДРАМСКИ ТЕАТАР
Петок
“Ветер низ тополите” режија Коле Ангеловски – 20ч
Сабота„Како да ја убиеш сопругата и зошто” проект на Катерина Коцевска- Хаџивасилева и Ѓокица Лукаревски-20ч
Изложби
МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТПејсажот -изложба на Кирил Гогески МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА„Кинеска култура“ изложба на носии, слики, фотографии;НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈАОбјект ДАУТ ПАШИН АМАМИзложба за 150 години од раѓањето на Димитар Андонов- Папрадишки;Национална поставка од 13 до 21 век;Објект ЧИФТЕ АМАМИзложба на слики на Глигор Васков;Изложба на Наташа Андреска;Објект МАЛА СТАНИЦАРетроспективна изложба на групата Зеро;Изложба на Кристина Божурска;МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕИзложба на Никола Иванов Балтон;„Траги“ – изложба за 60 години Музеј на град Скопје;Изложба- Скопската тврдина (археолошки наоди од ископувањата на Кале);Галерија Белогаски: Поставка по повод 15 години од смртта на Љубомир Белогаски;
КИЦ
Цртежи на Никола Мартиновски;
КИНА
КИНО РАМСТОРСала 1„Мачорот во чизми“ – 13, 15 ч.„Духовите на Сараево“ – 17 ч.„2012“ – 19, 22 ч.Сала 2„Филм за пчелата“ – 12, 14 ч.„Аватар“ – 16, 19, 22 ч.КИНО МИЛЕНИУМ„Дали чувте за Морганови“ – 18, 20.30 ч.
КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА – КИНО УТРОСабота:„101 Далматинец“ – 11 ч.„Гарфилд“ – 13 ч./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Почина пејачката Бади Бекир
Денеска во Скопје почина пејачката на народна музика Небахат Бади Бекир.
Нејзиниот колега музичар Горан Алачки објави дека погребот ќе се одржи утре на градските гробишта „Бутел“.
Небахат Бади Бекир беше македонска пејачка на народна музика. Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Бади беа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска. Нарекувана е македонската Весна Змијанац.
Првите чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорна група изучувајќи го во исто време и македонскиот и турскиот фолклор. Како дебитант на музичката сцена се појавува во 1985 година на фестивал на забавни мелодии. Паралелно пее на турски, албански и македонски јазик. Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посветува на македонската фолк песна. Следат настапи на македонските фестивали, соработка со бројни автори и турнеја во австралија во 2002 година. Во 2004 година станува една од Грациите. Во 2006 година прославува 20 години постоење на естрадата.
Култура
„Емпатија во светлина“ – фотографска изложба на Милорад Милиќевиќ во Галерија „Рудиќ“
На 22 ноември (сабота) во 19 часот, во Галерија Рудиќ ќе биде отворена изложбата „Емпатија во светлина“ на фотографот Милиќевиќ. Портретите на Милиќевиќ не се студиски аранжирани кадри, туку сведоштва за луѓе вкоренети во својот простор, време и културна традиција на која ѝ припаѓаат.
Милиќевиќ не документира само лица – тој бележи приказни, традиција, верување, моменти на искреност кои не можат да се инсценираат. Неговите субјекти се спонтани, опуштени, прикажани во животни услови што ги дефинираат.
Портрет може да направи секој. Но добар портрет — оној што останува, што нè погодува таму каде што не сме очекувале — може да направи само оној што има вистинска емпатија кон другиот човек. Тоа не е прашање на занает, туку на карактер. Тоа или го носите во себе, или не. Милиќевиќ го носи. И го споделува со нас.
Изложбата „Емпатија во светлина“ ја опишува суштината на фотографскиот пристап на Милиќевиќ — тивка, но длабока присутност, каде светлината не е само визуелен елемент, туку медиум преку кој се открива човечноста, традицијата и искреноста на неговите субјекти.
Култура
Концертот „Од барок до современи македонски композитори“ во Даутпашиниот амам
Во петок, 21 ноември 2025 година, со почеток во 19:30 часот, во Даут-пашин амам ќе се одржи концертот „Од барок до современи македонски композитори“, кој низ внимателно конципирана програма го следи развојот на музичката форма и израз – од барокната прецизност до современиот македонски звук.
Концертот ќе ги обедини делата на Купрен, Хендл, Марчело/Бах и Силоти, a во центарот на програмата се дуетите на Бах од мисите и кантатите (BWV 232, 236, 124, 91) – пример за суптилен контрапункт и дијалог меѓу два вокални гласа.
Вечерта продолжува со избор од современата македонска продукција: композиции на Димитрије Бужаровски, Горан Начевски и Томислав Зографски, чија „Суита за пијано“, оп. 27 го заокружува програмскиот лак од барокната структура до модерниот национален израз.
Изведувачи се Мимоза Ќека (пијано), Марија Ташевска (сопран) и Мариана Бошковска (алт).
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Влезот е слободен.

