Контакт

Култура

Михаил Ренџов ја доби наградата „Григор Прличев 2009“

Објавено пред

На анонимниот конкурс за наградата „Григор Прличев 2009“, победи поетот Михаил Ренџов за поемата „Предвесница“

На анонимниот конкурс за наградата „Григор Прличев 2009“, победи поетот Михаил Ренџов за поемата „Предвесница“На прес-конференцијата беше соопштено дека наградата „Григор Прличев 2009“ ја доби поетот Михаил Ренџов за поемата „Предвесница“. Поемата „Предвесница“, на анонимниот конкурс била под шифра „Веда“. Конкурсот беше распишан од  издавачката куќа „Детска Радост“ и Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид. На конкурсот пристигнале 22 ракописи, меѓу кои најмногу се издвојувала поемата „Предвесница“. Книгата е издадена од „Детска радост“ со поддршка на Министерството за култура. Поемата има 912 стихoви, колку што има и поемата „Сердарот“ на Прличев. Тематската определба на поемата според жирито кореспондира со архаичните митски слики од традицијата на епското создавање. „Ова е моја трета книга. Иако „Апокалипса“ беше мое второ дело, „Предвесница“ е некоја припрема за „Апокалипсата“.“ рече Ренџов и додаде „во „Предвесница“ се забележува еден негативен поетски дух но, јас мислам дека таква е реалноста во која живееме. Некои ќе ме пофалат, некои ќе ме кудат но, јас сум навикнат и на двете работи.“ изјави поетот Ренџов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Театарската претстава „Кожурец“ вечерва и утре во МКЦ

Објавено пред

Денеска и утре со почеток од 21 часот во МКЦ (сала 25 мај) ќе се изведе новата театарска претстава „Кожурец“, во продукција на независното здружение Артопија.

Работена според вистинска приказна, претставата Кожурец го отвора просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца. Претставата претставува своевиден емотивен пејсаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.

Текстот и драматургијата се на Билјана Радиноска и Верица Недеска. Улогите ги толкуваат Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска, Наташа Петровиќ.

Претставата е во режија на Билјана Радиноска, а продуцент е Филип Николовски.

Настаните ќе бидат организирани согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Билетите по цена од 300 денари се достани на билетарница во МКЦ.

Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Прикажи повеќе...

Култура

Доделени наградите на „Литера“

Објавено пред

Сликовницата „Бел“, по текст на Ника Гавровска и илустрации на Ристо Аврамовски ја доби наградата за најдобро илустрираното дело во изминатата година на Меѓународниот фестивал за литература и илустрации за деца „Литера“ од Скопје. Оваа награда на пиедестал го става визуелното решение на делото. Три награди фестивалот додели за најдобри сликовници или книги за деца, вреднувајќи го текстот во делата. На конкурсот учествуваа нешто помалку од 30 изданија.

За најдобра сликовница за предучилишна возраст е прогласена „Ежето Снеже“ од Неше Рамовиќ, а илустрации на Иванка Нива, во издание на „Art & Art studio Batev“. Во категоријата литература за деца од 6 до 13 години, за најдобра книга е прогласена „Брзоплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ од Катерина Трајановска (илустрации на Калиопи Трпчева) во издание на „Арс ламина“, а во категоријата книги за млади – наградена е авторката Билјана С.Црвенковска за „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ со илустрации на Нита Муча, како книга-нопак (книга што се чита одзади) издание на „Чудна шума“.

Фестивалот „Литера“ прва година доделува награди за најдобрите изданија. Идејата е да се поттикне и да се поддржи литературата и илустрацијата за деца.

За наградата за најдобро илустрирано дело одлучи жирито во состав: Ване Костуранов, Софија Семенпеева-Трајановска и Емилија Ќипроска.

За книжевните награди одлучи жирито во состав: Весна Мојсова-Чепишевска, Александра Јуруковска и Ангела Трајковска.

Во рамките на „Литера“ беше доделена и награда за најдобро дете-автор на 11-годишната Јана Ѓорѓијевска од Скопје.

Третото издание на „Литера“ ќе се одржи на 3 јуни 2021 година. Организатор на фестивалот е Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје известува дека во рамките на Фестивалот на европската литература „BookStar“ в среда (21 октомври) со почеток во 19 часот во Кинотека на Северна Македонија ќе биде промовиран романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски.

„Скриени желби, немирни патувања“ е трет роман на Владимир Јанковски. Во него преку комбинацијата на педесетина приказни за ликови од различни географски меридијани и приказни за четири лика од Скопје, авторот се занимава со прашањата за тоа како луѓето ја гледаат „својата приказна“, колку конструкцијата на тоа што сме или што сакаме да бидеме е виртуелна имагинација, каков може да биде индивидуалниот одговор на притисокот да се биде успешен, како понекогаш потрагата по себеси и бегството од себе се поклопуваат, кој е нашиот дел, парче, фрагмент во големото шаренило на светот…

„Скриени желби, немирни патувања“ истовремено е и роман за патувањата низ надворешните и внатрешните простори, роман што ги истражува разликите, пресекувањата и поклопувањата на овие навидум различни територии. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување го создава необичниот тон на книгата, кој е еден од најважните аспекти на книгата.

Промоцијата е замислена како разговор со авторот, кој ќе го води писателот Владимир Мартиновски. Во рамките на промоцијата ќе бидат претставени и две видеа со извадоци од романот, направени врз основа на фотографиите на македонскиот фотограф Дејан Колевски.
Владимир Јанковски (Скопје, 1977 година) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во повеќе издавачки куќи. Објавил три романи, две книги фотоесеи во соработка со фотографот Иван Блажев и книга разговори со Влада Урошевиќ. За романот „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“ и бил македонски кандидат за наградата „Балканика“.

Настанот ќе биде организиран во согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан. Гостите се замолуваат да дојдат 15 минути пред почетокот на настанот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Угостителските објекти ќе работат само до 23 часот

Владата на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија2 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија3 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија5 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија7 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија7 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа8 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија8 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија8 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа9 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија10 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија10 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет10 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет11 час

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет11 час

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија1 ден

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет1 ден

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија1 ден

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија1 ден

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Досие