Контакт

Култура

Министерката за култура ја посети Галеријата на икони во Штип

Објавено пред

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и претседателот на Владата Никола Груевски во саботата го посетија Штип, за да се запознаат со дел од резултатите од проектите за кои министерството за култура вложи финансиски средства.

dobivaj vesti na viber

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и претседателот на Владата Никола Груевски во саботата го посетија Штип, за да се запознаат со дел од резултатите од проектите за кои министерството за култура вложи финансиски средства.Придружувани од градоначалникот на Штип, Зоран Алексов тие ја посетија обновената Галерија на икони, лоцирана во црквата „Свети Никола“. Иконите изработени од повеќе познати зографи, кои работеле во црквите и манастирите од источна Македонија во 17 и 18 век  до почетокот на 20 век, се реставрирани и конзервирани и од пред извесен период повторно се изложени пред јавноста.Министерката за култура и претстедателот на Владата се запознаа и со ексклузивните наоди кои се дел од оваа поставка, пронајдени во 2007 година на локалитетот Грнчарица, село Крупиште, скелетот на Славе Македонски кој, според истражувањата направени во Глазгов, Шкотска, е стар 6745 години и печката од ран неолит.Во текот на минатата година Министерството за култура во Штип вложи средства и за санација и реконструкција на зградата на Домот на културата, како и за санација и реконструкција на зградата на Театарот со што, се создадоа подобри услови за развојот на културата во овој град./крај/ин



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Cамостојна изложба на Анита Огњановска

Објавено пред

Изложбата насловена „Во спокој“ е деветта самостојна изложба на Анита Огњановска, чие отворање ќе се одржи на 5 март 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во двата изложбени салони, Империјал 1 и Империјал 2, во Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје.

dobivaj vesti na viber

Огњановска повторно се претставува пред македонската публика со нов циклус дела кои истражуваат теми како личните емоции, секојдневните моменти и симболиката на деталите кои носат длабока значајност. На изложбата ќе бидат претставени околу 40 дела, главно изработени во голем формат, со техники како масло, ладен восок, акрил и комбинирана техника на платно.

Изборот на делата за оваа изложба е направен од професорот Костадин Танчев – Динка, познат графичар, графички дизајнер и сликар. Осврт на творештвото на Анита Огњановска ќе направи професорот Владимир Мартиновски – истакнат поет, есеист и книжевен преведувач. Дополнително, поетесата Ана Бунтеска напиша песна насловена „Во спокој“, инспирирана од сликите кои ќе бидат дел од оваа изложба, и истата ќе биде претставена на отворањето.

Концептот на изложбата „Во спокој“
Огњановска ги претставува своите дела како метафори за животот – навидум едноставен, но исполнет со слоеви комплексни емоции и искуства. Нејзините апстрактни композиции ја истражуваат интеракцијата помеѓу бојата и текстурата, создавајќи хармонија која ги повикува гледачите да откријат скриени значења под површината. Текстурите ја симболизираат слоевитоста на времето и искуствата, додека хоризонтите се прикажани како симбол на надеж и бесконечни можности.

Огњановска вели дека нејзините дела содржат елементи на охрабрување – потсетници дека под хаосот постои ред, а под немирот – спокој. Во нив таа ги истражува љубовта и страста како движечки сили на креативноста, но и теми како надминување лични стравови и пронаоѓање внатрешна храброст.

За Анита Огњановска
Анита Огњановска е ликовен уметник од Скопје со над 15 години искуство. Покрај самостојните изложби во Македонија, Хрватска и Данска, нејзините дела биле дел од групни изложби во Шпанија, Италија, Косово, Грција, Турција, Босна и Херцеговина, Франција, Данска и Австралија. Таа активно учествува на уметнички симпозиуми и колонии низ светот, што придонесува за збогатување на нејзината уметничка визија. Учеството на значајни настани како Salon d’Automne и Salon de Beauxarts во Париз и изложбите KUNST FOR ALLE во Копенхаген и Архус ја потврдуваат нејзината растечка препознатливост во светот на современата уметност. Нејзините дела се застапени во галерии во Данска, Грција и Австралија и се дел од приватни колекции ширум светот.

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков од Будимпешта: Потврдени нови иницијативи за соработка во културата и туризмот меѓу Македонија и Унгарија

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која е во дводневна официјална посета на Будимпешта, Република Унгарија.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на посетата, денеска се одржа втората заедничка седница на двете влади, на која беа разменети идеи и иницијативи за продлабочување на соработката во повеќе области, вклучително и во културата и туризмот.

На средбата меѓу министерот за култура и туризам Зоран Љутков и неговиот унгарски колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, беше потврдена нивната посветеност за унапредување на културните и туристичките врски меѓу двете земји преку реализација на конкретни активности.

„Радува фактот што само неколку месеци по заедничката седница во Охрид, најголемите институции од областа на театарот во двете држави, Македонскиот народен театар и Националниот театар од Будимпешта, склучија Договор за соработка, врз чија основа, во иднина, ќе се реализираат заеднички продукции, ќе се разменуваат претстави и ќе се промовираат културата и уметноста на двете држави“, рече Љутков и изрази уверување дека е ова првиот од низата документи со кои ќе се регулира и ќе се унапреди соработката меѓу националните институции од двете држави. Во тој контекст планирана е и соработка и во областа на оперската, балетската и во филмската уметност, области кои се веќе добро развиени во двете земји.

Љутков информираше дека наскоро, со потпишување на новата Програма за соработка со Министерството за култура и иновации на Унгарија, ќе продолжи успешната соработка која ќе биде основа за нови иницијативи во културниот и туристичкиот сектор.

„Во исто време, остануваме отворени за поддршка на сите иницијативи што ќе придонесат за продлабочување на културните врски и за зацврстување на соработката меѓу двете земји, како и за потпишување Меморандум за соработка во областа на туризмот, кој би вклучувал можност за развој на заеднички туристички рути кои ќе ги истакнат културното наследство и природните убавини на Република Северна Македонија и на Унгарија“, изјави министерот Љутков.

Со оваа средба, двајцата министри ги потврдија своите заложби за континуирано зацврстување на соработката во културата, туризмот и во другите области од општествен интерес, со цел понатамошно збогатување на културната и туристичката размена и афирмирање на заедничките вредности и интереси.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на Солунската филхармонија во Скопје и на Македонската во Солун

Објавено пред

Државниот симфониски оркестар од Солун на 17 мај, со почеток во 19.30 часот, за првпат ќе настапи во салата на Македонската филхармонија. Гостувањето на овој оркестар во Скопје доаѓа по заедничкиот настап на Македонската, Солунската и Софиската Филхармонија во Софија, каде на 17 февруари се реализираше изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Менаџментот на Македонска филхармонија е во финални преговори и за концерт на Македонската филхармонија во Солун.

dobivaj vesti na viber

-На заедничката средба во Солун, во октомври минатата година, со г-дин Најден Тодоров, директор на Софискатата филхармонија и г-дин Симос Папанас, директор на Државниот симфониски оркестар од Солун го договоривме концертот во Софија, и разговаравме овој концерт да се повтори и кај нас и во Грција. Во меѓувреме со г-дин Папанас го договоривме настапот на Солунската филхармонија во Скопје, а во финални преговори сме и за нашиот концерт во Солун, кој треба да се реализира кон крајот на јуни. Во меѓувреме ќе потпишеме и меморандум за соработка помеѓу двете институции. Ова е уште една потврда дека културата руши бариери и создава и гради нови пријателства и можност за идни заеднички соработки – вели Александар Котевски, в.д. директор на Филхармонија.

Како солисти на концертот на Солунската филхармонија ќе настапат нашиот пијанист со блескава интернационална кариера – Симон Трпчески и грчката сопранистка Мирто Папатанасиу. Диригент е Владимирос Симеонидис од Грција, а на програмата се Концертот за пијано и оркестар во Ге-дур од Морис Равел, „Пет народни грчки песни“ во оркестрација на Равел и Розентал, „Ла валс“ од Морис Равел, како и неколку композиции од грчкиот композитор Емил Риадис.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски и Орбан повикаа на постигнување траен мир во Украина: „Европа преку партнерството со САД да заземе поинтензивна улога во процесот“

Заедно да поттикнеме и да поддржиме Европа да заземе поинтензивна улога во процесот на постигнување траен и одржлив мир во...

Свет2 часа

Зеленски: Подготвени сме да го потпишеме договорот за минералите со САД и да седнеме на преговарачката маса што поскоро

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е подготвен да го потпише договорот за минералите и безбедност со САД и да...

Македонија5 часа

Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди бавно

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски истакна дека посетата на македонската владина...

Македонија5 часа

Државата ќе плаќа за кратење желудник на прекумерно дебелите, а операцијата ќе се прави кај нас место во странство

Место во странство, 40 пациенти со прекумерна дебелина ќе може да направат операција за намалување на тежината кај нас, а...

Македонија9 часа

„Вреди“: Ахмети е очаен за политичко внимание, зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот од пораз

Тоа што ДУИ не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очаен...

Македонија9 часа

Сиљановска ја штити и релативизира Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон...

Македонија10 часа

Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди, најави АХВ

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови...

Македонија10 часа

(Видео) Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајни незгоди, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Свет10 часа

Американски експерт за надворешна и безбедносна политика: Она што го прават САД, Путин го толкува како бело знаме

Добро е што САД „разговараат со противникот“, но во моментов звучи како да сакаат мир и договор повеќе од Русија,...

Македонија10 часа

Утрово најстудено во Берово, денеска максималната температура до 16 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -8 степени, -7 било на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови...

Европа11 часа

Би-би-си: Какви опции има Зеленски сега? Јасно е што сака Трамп

„Што може Зеленски да направи за да ја промени ситуацијата? Да му се извини на претседателот Трамп? Да го прифати...

Свет13 часа

(Видео) Венс: Зеленски не е подготвен за мир, тоа е вистинскиот проблем

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека верува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски „на крајот“ ќе се помири со учеството...

Свет13 часа

Трамп ја паузира воената помош за Украина, објави „Ројтерс“

Соединетите држави ја паузираат воената помош за Украина само неколку дена откако сегашниот американски претседател Доналд Трамп се судри со...

Македонија1 ден

Средба Муцунски-Сијарто: Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија

Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта...

Македонија1 ден

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13. Боки 13 во...

Македонија1 ден

Онака сложно како што ги зачуваа патните трошоци, пратениците да изгласаат дополнително покачување на минималната плата од 6.000 денари, побара Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денес, до Владата, до Собранието и до работодавците достави предлог во кој бара дополнително...

Топ1 ден

Вработените во Филхармонијата до Мицкоски и Љутков: За директор треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат

Пред неколку дена, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече дека одлуката кој ќе...

Свет1 ден

Трамп: „Зеленски нема да има друга опција, освен да се предаде“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава во која тврди дека украинскиот претседател Володимир...

Македонија1 ден

Платите да се исплаќаат до петти место до петнаесетти во месецот, предлага Левицата

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во...

Македонија1 ден

За електронски индекс ќе треба една и пол година, месецов почнува дигитализацијата на студентските сервиси на УКИМ, вели ректорката Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат...