Култура
Боб Дилан по две седмици се огласи во врска со Нобеловата награда
Американскиот поет, кантавтор и композитор Боб Дилан првпат по две седмици откако беше објавено дека е добитник на годинешната престижна Нобелова награда за литература се огласи дека објавата од 13-ти октомври го „оставила без зборови“, и потврдил дека ќе ја прими награда.
Боб Дилан, инаку е првиот музичар кој ја примил оваа престижна награда. А изборот на Нобеловиот комитет за доделување на наградите предизвика контроверзии во литературните кругови во светот, и многумина се јавно се изјаснија дека наградата треба да му припадне на писател на книги, а не на песни.
Молчењето на Дилан за добивањето на најпрестижното светско признание, исто така, беше силно критикувано, а членовите на Шведската академија го нарекоа „арогантен“. Академијата порача дека, откако пет дена по објавувањето на името на лауреатот безуспешно се обидувале да стапат во контакт со него, за лично да го известат дека ја добил наградата – се откажале.
Но Дилан претходно седмицава ѝ се јавил на постојаната секретарка на Шведската академија, Сара Даниус, објави во петокот Академијата.
„Дали е ќе примам награда? Секако. Веста за добивањето на Нобеловата награда ме остави без зборови. Многу сум почествуван од наградата“, ја цитира изјавата на Дилан, фондацијата за доделување на овие признанија.
Нобеловата фондација, меѓутоа, сé уште не наведе дали е решено дека Боб Дилан ќе присуствува на церемонијата на доделување на наградите во декември во шведската престолнина Стокхолм.
Веста за конечниот прекин на молкот по доделувањето на наградата дојде истовремено со објавувањето на интервјуто на Дилан за британскиот весник The Telegraph. Во разговорот тој потврдува дека „апсолутно“ ќе присуствува на свеченото доделување „доколку тоа биде можно“.
Славниот уметник вели во разговорот со новинарката Една Гандерсон дека е „вџашувачки, неверојатно“ да се прими оваа чесна награда. „Кој воопшто би сонувал за тоа?!“, вели Дилан.
Условно се согласува тврдењето на Шведската академија дека неговото дело е книжевност која ѝ припаѓа на усната и пејачката традиција на древните поети како Хомер или Сафо. „Претпоставувам, на некој начин“, вели наведувајќи некои од своите песни како примери „Blind Willie“, „A Hard Rain“ и „Hurricane“.
„Меѓутоа, другите треба да го одредат значењето“ на неговите песни, вели. „Тоа би требало да го знаат академиците. За тоа не сум квалификуван“, изјави Дилан./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Новогодишен концерт на Зарина Првасевда, „Кадифено“, во Македонската филхармонија
На 20 декември со почеток во 19 и 30 часот во Македонската филхармонија концерт ќе одржи македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда.
На денешната прес-конференција беа споделени детали за концертот „Кадифено“, кој претставува уникатно музичко патување што ги спојува традицијата, современиот звук и светската музичка виртуозност.
Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде интимниот и длабоко емотивен израз се испреплетуваат со македонската и ориенталната традиција, добивајќи современа звучна форма низ импровизација и модерен сензибилитет.
„Овој концерт за мене е многу личен процес и еден вид враќање кон корените, но и нивно преосмислување. Материјалот што ќе го изведам произлегува од македонската и ориенталната музичка традиција, но е создаван низ слобода, импровизација и современ звучен јазик. Сакав публиката да го почувствува овој концерт како интимен простор – како заедничко доживување во кое музиката не е само изведба, туку разговор, емоција и трансцедентност“, изјави Евгенија Здравевска, позната под својот уметнички псевдоним Зарина Првасевда.
Гостите од Турција, Џенк Еродоган, светски познатиот виртуоз на фретлес гитара и Греми награден уметник како и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, беа оправдано отсутни поради доцнење на нивниот лет за Скопје од повеќе од два часа, предизвикано од густата магла над Скопје, изјавија организаторите.
Џенк Ердоган е Греми награден композитор и еден од највлијателните фретлес-гитаристи во светот. Како дипломец со First Class Honours и предавач на Berklee College of Music, тој е врвно интернационално име. Добитник е на Yeşilçam награда за Најдобар саундтрак, настапувал со светски музичари како светски познатиот индиски перкусионист Трилок Гурту и американскиот џез фјужн тапанар Дејв Врекл како и турнеи низ Европа и САД.
Ахмет Алан е турски перкусионист кој свири традиционални инструменти како бендир. Гордо го комбинира богатството на турската фолклорна музика со современи ритми, давајќи му свеж, жив звук на традиционалниот перкутерски израз. Неговите настапи често се мешавина од енергија, игра и ритам — што ги прави привлечни и за публиката што ја обожава класичната етно-музика, и за оние кои бараат модерни звучни искуства. Со тоа, Алан е мост помеѓу минатото и сегашноста во светот на турската перкусиона музика.
„Кадифено“ е концерт кој ќе понуди искрена емоција, длабока музичка нарација и редок спој на домашна и меѓународна уметничка енергија – вистинско предновогодишно културно доживување.
Билетите за концертот се достапни на веб страната другастрана.мк.
фото/Кристијан Арсовски
Култура
Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија
Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.
Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.
Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.
При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:
„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“
Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

