Контакт

Култура

„Златна петорка“ избран за најдобар странски филм на филмскиот фестивал во Велс

Објавено пред

„Златна петорка“, во режија на Горан Тренчовски, ја доби наградата за најдобар странски филм на реномираниот филмски фестивал во Велс, Cardiff International Film Festival.

Филмот е награден во конкуренција од над 2.000 апликанти. Со над триесет фестивали и единаесет награди, филмот „Златна жпеторка“ е еден од најуспешните македонски филмови во последната деценија.

Филмот веќе трета сезона патува на фестивали и досега е прикажан на сите континенти, а го виделе над 80.000 гледачи. Сценариото за овој македонски филм е инспирирано по вистинит настан и е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски.

Директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.

Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др. Продуцент е Дејан Милошевски („Револушн“ – Скопје).

Изложби

Изложба на илустрации на големиот ликовен уметник Димитар Кондовски во „Мала станица“

Објавено пред

Во рамките на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, ќе биде отворена изложба на илустрации на големиот ликовен уметник Димитар Кондовски, еден од доајените на македонското сликарство.

Изложбата ќе биде отворена на 14 октомври во Национална галерија на Република Северна Македонија, објект „Мала станица“.

Изложбата ќе биде организирана под посебен протокол во однос на заштитните мерки против Ковид-19. За време на настанот ќе бидат организирани повеќе работилници на кои деца на различна возраст ќе имаат можност да се едуцираат, како и да ги запознаат и истражуваат делата на Кондовски. Тие ќе креираат и свои приказни инспирирајќи се од делата на великанот на македонската илустрација.

Организаторот на фестивалот „Литера“, агенцијата „Ефектива“ најавува интересно патување за сите посетители и поддржувачи на фестивалот.

Димитар Кондовски (1927-1993) во својата грандиозна творечка кариера како сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, е една од најзначајните фигури за развојот на македонското современо сликарство во 60-тите години на минатиот век, а изложбата на илустрации е соодветен вовед кон ретроспективната изложба на Кондовски што ја подготвува оваа установа.

Прикажи повеќе...

концерти

Композиторката Ана Пандевска со светска премиера во Германија

Објавено пред

Новата композиција под наслов „Carousel“ на композиторката Ана Пандевска, ќе има светска премиера на програмата на Фестивалот за современа музика во Демолд – Германија, во изведба на пијанистката Хајди Елзесер.

На 3 октомври, Елзесер ќе одржи соло-рецитал на фестивалот насловен„Бизарни светови“, а во склоп на рециталот се најде во тесниот избор на дела и Пандевска со композиција за пијано и трака, која го отсликува карактерот со кој е насловен и самиот овогодишен фестивал. На програмата се наоѓаат и дела од Карло Џезуалдо да Веноса, Мориц Егерт, Костадин Делиниколов, Михаило Трандафиловски.

Пијанистката Хајди Елзесер, која живее и твори во Германија, редовно го промовира македонското творештво на странските сцени.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Филхармонија во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“

Објавено пред

Филхармонија в четврток во 20 часот ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“.

Концертот е насловен „Гравитациски бранови“, а ќе прозвучат дела од Ристо Аврмовски -Lamento per Macedonia, Панде Шахов – циклус за гудачки оркестар „Езера“, Тома Прошев – Темпера 4, Горан Начевски -Aurora Musis Amica Est и Михаило Трандафиловски – циклус за гудачки оркестар „Акварел“. Делата на Шахов и на Трандафиловски ќе ја доживеат својата праизведба.

Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира маестро Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи Горан Начевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија4 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија4 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет5 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа6 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт7 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија7 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија7 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет8 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија8 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија8 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија10 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија19 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет1 ден

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија1 ден

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија1 ден

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија1 ден

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Досие