Контакт

Книги

Објавен романот „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски

Објавено пред

„Матица македонска“ го објави романот „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски

Најновото прозно дело на познатиот современ македонски писател е лоцирано во време во кое мислиме дака целиот свет е наш, а всушност ништо не е наше, па луѓето повеќе живеат во она што го немаат одошто во она што го имаат. Главниот лик верува дека животот е фронт, а за да се победи мора да се ризикува, да се анализира и да се утврди што ни недостасува, да се промени она што не чини..

„’Фантомско стапало’ е роман што се чита со голема возбуда и естетска радост. Врвна проза на мајстор за поетски слики, животна убедливост и документарност. Впечатливо дело, почнувајќи од лексичка свежина, преку антологиските слики, па сè до начинот на кој се води приказната… Станува збор за голема, оргинална иновација која суверено го брани животот од самото срце на постоењето, онаа апсолутна внатрешна исполнетост и заситеност со живот на која не ѝ треба ништо друго, освен зборот, а со тоа вербата во приказната и прикажувањето. Маестрален роман за постоењето надвор од постоењето“, пишува Маџунков во поговорот на изданието.

Блаже Миневски ( 1961) е автор на романите „Јас, Тито и Мики Маус“ „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“, „Нишан“ „Свирци“, „Црна лисица“, „Мемоарите на една млечка“, „Љубовникот на Ленин“ и „Мрежата на Мамли“, како и на збирките раскази „Пристапната беседа на академик Сисое“, „Во рогот на волот“ и „Сезона на глуварките“.

За своето богато прозно творештво добитник е на наградите: „Стале Попов“, „Роман на годината“, „13 Ноември“ и на „Рациновото признание“. Негови дела се преведени на дваесетина странски јазици, меѓу кои на: англиски, руски, турски, српски, бугарски, италијански, полски, романски, словенечки и др. Застапен е во антологииите на македонската кратка проза, објавени во последниве три децении.

Книги

Промоција на „101 сонет од една чудна пролет“ од Владимир Мартиновски

Објавено пред

Владимир Мартиновски (1974) пишува поезија, проза, есеи и книжевна критика. Автор е на десетина книги поезија, исто толку книжевно-есеистички книги, четири книги куси прози и раскази, како и на две книги за деца. Неговата поезија е преведена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку книжевни награди. Се занимава и со музика. Разговорот со авторот ќе го води Николина Андова-Шопова.

Во поговорот на најновата поетска книга на В. Мартиновски, Оливера Ќорвезироска, меѓу другото, истакува: „’101 сонет од една чудна пролет’ е несекојдневна збирка песни за песните, поезија заседната дома, во поетскиот занает. Преклопувањето на карантинот на луѓето (поетот) со карантинот на поезијата (автореференцијалната песна) се творечкото кредо на оваа збирка. Таа е претворање на врвното непоетско околу нас во врвно поетско за нас и во нас; вистински дар, најубавото лице на долгото седење дома во пролетта 2020 година. Сонетите не се непознати за поетското творештво на Мартиновски, но сепак цела збирка исклучиво со толкав голем и провокативен број сонети е вистински подвиг. Најзабележлива карактеристика на збирката е удвоеноста на песните, спарувањето, дихотомноста. Речиси сите песни имаат свој парник, најчесто контрастен или само огледално обратен, утешителен или ризичен. Независно каков е односот на сонетите во диптисите, сметам дека најважното е тоа што секој сонет сам по себе функционира како грамофонска сингл-плоча со А и Б-страна. Тоа е многу повеќе од поетски (и музички) шарм, тоа е апотеоза на дуалноста, на двете лица на секое нешто, на денот и ноќта, на лошото и доброто…“

Книгата е во издание на „Кликер“. Настанот ќе биде реализиран во согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон нив. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Прикажи повеќе...

Книги

Романот „Ана“ од Николо Аманити добитник на наградата Book Star

Објавено пред

Романот „Ана“ од италијанскиот автор Николо Аманити е добитник на наградата Book Star што ја доделува Фестивалот на европската книжевност Book Star. Наградата се доделува за најчитана книга помеѓу две изданија на фестивалот.

В понеделник (26 октомври) со почеток во 19 часот во Кинотека на Северна Македонија ќе биде промовиран неговиот роман „Ана“, издание на „Антолог“, кој на македонски јазик го приопшти Калина Јанева. Романот беше најпродаваниот наслов на првиот е-саем на книги во организација на „Антолог“, кој се одвиваше во април и мај оваа година, а е објавен со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија. Разговорот со авторот ќе го води книжевничката и универзитетска професорка Анастасија Ѓурчинова.

Главниот лик во романот, девојчето Ана, нејзиниот брат и други деца шетаат низ Сицилија, јадат слатки и конзервирана храна, борејќи се да преживеат. Храната и водата стануваат луксуз. Пожари беснеат низ целата земја. Пред четири години опасен вирус од Брисел ја заразил целата планета и го убил целото возрасно население. Останале само деца.

Организирани како детски орди, изгубените и оставени мали жители изгледаат како да ја започнуваат цивилизацијата од нула.

Поминувајќи низ низа авантури и опасности, спознавајќи ги љубовта и пријателството, Ана расте и созрева. Пред да умре, мајка им ги предупредува дека, кога ќе достигнат одредена зрелост, вирусот ќе ги убие и нив. Но им кажува и дека некој, некаде, ќе има лек.

Во овој извонреден дистописки роман, Аманити фрла остра критика на корпоративниот глобализам што владее со светот и го потсетува човештвото дека наскоро ќе исчезне ако се остави на ова и не се спротивстави.

Иако оригинално објавен пред пет години, романот е неверојатно актуелен во моментов, пред сè поради тематиката што ја обработува, но и поради серијата снимена според него што наскоро ќе почне да се прикажува.

Николо Аманити (роден 1966) е италијански писател. Студирал биологија. Автор е на неколку романи и збирки раскази. Добитник е на највисоките книжевни награди во Италија – „Вијареџо“ и „Стрега“. Голем дел од неговите книги се филмувани од режисери како Габриеле Салваторес и Бернардо Бертолучи. Во 2014 година и Аманити се испробува како филмски режисер.

Прикажи повеќе...

Книги

„Македоника литера“ наскоро со пет книги за деца од Шен Шиси

Објавено пред

„Македоника литера“ од Скопје наскоро ќе објави серија од пет книги за деца и млади од Шен Шиси, најпродаваниот кинески писател за деца и еден од најпродаваните современи писатели за деца во светот.

Само во Кина неговите дела се продадени во повеќе од 60 милиони примероци. Серијата ги содржи најпознатите новели на Шиси, кои повеќето се наградувани и филмувани. Во своите дела тој пишува за животните, а неговите искрени, реалистични и трогателни приказни се подеднакво популарни и кај возрасните читатели.

Шен Шиси (1952) во кинеската литература е познат како „кралот на приказните за животни“. Пишува за хуманите односи меѓу животните и луѓето и за хармоничната врска меѓу човекот и природата. Тој е повеќекратен добитник на највисоките награди за литература за деца во Кина. Негови дела се преведени на повеќе јазици.
„Македоника литера“ оваа серија ја објавува во копродукција со издавачот „Делфин книги“ од Пекинг, Народна Република Кина, со кого веќе заеднички објавија и 13 тома од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“.

Пред неколку месеци „Македоника литера“ објави две ремек-дела“ на Шиси – „Мајката чакал Скарфејс“ (роман) и „Лисицата трговец“ (раскази).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формираше работна група којашто развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија1 час

Стапија на сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет2 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаи, пишува Би-Би-Си....

Македонија2 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија2 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“ со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа12 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија13 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија13 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија14 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет16 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија19 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија20 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија20 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија20 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија21 час

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија21 час

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија22 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет22 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија23 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет24 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Досие