Контакт

Книги

Со читање на приказните од едицијата „Бајки од Македонија“ одбележан Светскиот ден на раскажувањето

Објавено пред

Светскиот ден на раскажување приказни се одбележа со читање на приказните од едицијата „Бајки од Македонија“ пред првачињата од основното училиште „Коле Неделковски“ во градската библиотека „Браќа Миладиновци.

Наратори на приказните од македонското народно творештво беа младите актери Теоман Максут и Миа Кантарџиева, кои на уметнички начин, со фолклорни елементи, им ги доближија македонските народни приказни на најмладите.

„Со овој настан наша цел е кај најмладите да ја поттикнеме навиката за читање и да ја разбудиме нивната фантазија, како основа за правилен мислечки и креативен процес. Читањето приказни во детството во голема мера придонесува за зголемување на интересот за читање книги и во детската возраст, но и подоцна во животот“, истакна Жаклина Угриновска, раководител во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје.

Едицијата „Бајки од Македонија“ е проект реализиран од Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“. Еден од главните приоритети на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ е да создава нови модерни производи инспирирани од македонската традиција, а во нивната креативна изработка да им даде шанса на млади талентирани луѓе од Македонија, како што беше случај и со оваа едиција. Илустрациите на приказните во едицијата „Бајки од Македонија“ ги изработи младата дизајнерка Катерина Николовска, која беше избрана на јавен конкурс.

„Традицијата што ја поседува Македонија во различни сегменти е огромен извор на идеи. Дел од нив се по малку заборавени или не се атрактивни за современиот човек. Но, наша цел е од овие идеи да создадеме нов модерен производ со современ печат, а во процесот на нивно креирање да им дадеме можност на младите талентирани луѓе. Едицијата ’Бајки од Македонија‘ многу скоро по своето излегување беше одлично прифатена од сите генерации, а што е најважно, овој проект помогна во создавањето на читачки навики кај најмладите, за што многу придонесе и современиот дизајн“, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четирите бајки – „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и 12-те месеци“ и претставува модернизирана и адаптирана форма на приказни од македонското народно творештво собрани од Марко Цепенков и од Танас Вражиновски. Во изборот на бајките учествуваше и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

За да го дадат свој придонес кон збогатување на книжевниот фонд во библиотеките и да ги направат достапни за поголем број читатели, приказните од едицијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, во чиешто издание е едицијата, на градските библиотеки во Македонија им донираа 40 комплети.

„Детската литература е еден од нашите фундаменти на којшто сериозно му е посветен цел тим професионалци од различни области. Создавање на нова читачка публика е многу важно за нас, но истовремено читањето и желбата за нови знаења е важно и за општеството како целина, бидејќи така се создава основа за иден развој на сите полиња. Едицијата ’Бајки од Македонија‘ е токму одраз на овие наши заложби. Оваа едиција е една од најбараните во нашите продажни места, а доживеа и неколку реизданија за краток временски период, што е вистински показател за огромната прифатеност од читателската публика“, истакна Бранка Бугариска, раководител на издаваштво во „Арс Ламина“.

Едицијата „Бајки од Македонија“ беше претставена на еден од најголемите светски саеми на книгата, на Саемот во Франкфурт, со превод на англиски јазик, со што станува достапна за широката читателска публика на светскиот пазар. /крај/со/ст

Најново

Македонија28 секунди

Муцунски во Вашингтон: Кога насилството се користи за замолчување на политичкиот говор и заплашување избрани функционери станува збор за организирано политичко насилство

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...

Црна хроника6 минути

Кривична против вработена во Министерството за здравство: не извршила контрола во фирма за производство на медицински канабис

НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно...

Спорт14 минути

ФИФА пред финалето дополнително го „американизираше“ Светското првенство

ФИФА воведе уште една новина инспирирана од американската спортска традиција, бидејќи победникот на Светското првенство во 2026 година, покрај пехарите...

Македонија42 минути

„До 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години, креирање нови работни места главен приоритет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни...

Спорт45 минути

Гвардиола за СП, иднината, враќањето во Сити и најголемиот ривал

Пеп Гвардиола, кој е без клуб, откако по 10 години си замина од Манчестер Сити, зборуваше за финалето на Светското...

Забава47 минути

(Фото) Навивачите брутално ја нападнаа девојката на Мбапе: Ѕвездата на Нетфликс е виновникот

Француската репрезентација беше еден од фаворитите на ова Светско првенство, но сепак, беа сопрени во полуфиналето, губејќи од Шпанија. Многу...

Спорт57 минути

Јувентус го потпиша Зеки Челик

Јувентус официјално го потврди првото засилување за претстојната сезона. Турскиот репрезентативец Зеки Челик е новиот десен бек на клубот од...

Забава1 час

(Видео) Мет Дејмон ги покажа својата сопруга и ќерка: сите велат исто – не се знае која е поубава

Актерот Мет Дејмон неодамна присуствуваше на уште една премиера на филмот „Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан. Овој пат настанот...

Спорт1 час

Гризман: Сонував да дојдам во МЛС уште од мои 18 години

Антоан Гризман потпиша за Орландо Сити и со тоа ја исполни својата долгогодишна желба да игра во американската МЛС лига....