Контакт

Книги

Излезе од печат книгата „Публицистичката и раскажувачката проза на Коста Шахов“

Објавено пред

Во издание на „Македоника литера“ од Скопје неодамна излезе од печат книгата „Публицистичката и раскажувачката проза на Коста Шахов“ од Силвана Костадинова Спасова.

dobivaj vesti na viber

Коста Шахов e еден од основоположниците на македонското новинарство – и како основач и издавач на десетина македонски весници кои излегувале во Бугарија кон крајот на XIX век, но и како уредник и новинар. Тој зад себе оставил значаен публицистички, но не помалку значаен и книжевен опус. Оваа студија ја проучува токму публицистичката и литературната, односно раскажувачката проза на Коста Шахов. Книгата не го одредува само неговото место во македонското новинарство, туку и во македонската литература.

Оваа книга на Спасова претставува прва обемна и детална студија која го обработува раскажувачкиот опус на Шахов, и претставува верзија на докторската тема на авторката, изработена под менторство на проф. д-р Науме Радически.

Литературно дело на Коста Шахов ја опфаќа неговата раскажу¬вач¬ка проза – расказите. Таа е еден значаен сегмент од раскажу¬вачката проза не само на авторите што твореле во доцниот деветнаесетти век, туку и на целата македонска литература. Како доследен реалист, не нарушувајќи го започнатиот континуитет на македонските реалисти во деветнаесеттиот век, Шахов во раска¬зите во целост опфаќа теми од народниот живот на Македонците. Неговите дела потврдуваат истакнат македонски деец, револуционер, публицист и писател, од крајот на XIX и од почетокот на XX век. Тој е прв претседател на Младата македонска книжoвна дружина.

Роден во Охрид (14. IV 1862), рано го напуштил својот роден град и заминал за Софија, каде што и дипломирал на тамошниот правен факултет. Шахов во Бугарија се вклучил во движењето на маке¬дон¬ските интелектуалци кои се бореле за афирмација на маке-донската национална посебност. Се развива во еден од духовните двигатели на македонското национално чувство, деец кој успеал да го наметне своето влијание и да се афирмира во процесот на националното освестување кај македонската емиграција во Буга¬ри¬ја во последните децении на XIX како и во почетната деценија од XX век. Не само што бил првиот претседател на Младата маке¬донска книжовна дружина (1891-1892), од редовите на многу¬бројната македонска емиграција, туку учествувал во испол¬нувањето и во редактирањето на списанието „Лоза“ (1892-1894). Токму поради овој печатен орган, сите негови учесници и заста¬пувачи на идеите на македонското националното движење беа именувани како лозари. /крај/со/ст

Книги

Единаесет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Единаесет романи останаа во конкуренција за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

dobivaj vesti na viber

Жири комисијата во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), во втората селекција ги одбраа 11-те романи што остануваат во трката за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа 46 романи. Во првата селекција беа одбрани 22 наслова.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 13 март што ќе се одржи во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Минатата година наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.

Прикажи повеќе...

Книги

„Матица“ ја заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ со голема донација за Македонците во Албанија

Објавено пред

Со голема донација од книги за Македонците во Албанија, издавачката куќа „Матица македонска“ денеска ќе ја заокружи иницијативата „Подари книга, подари свет“ по повод Меѓународниот ден на дарувањето книги и во рамките на чествувањето на 35-годишнината од нејзиното основање.

dobivaj vesti na viber

-Клучни книги за македонската историја, студии за македонскиот јазик, избрани дела од дел од најзначајните македонски поети и прозаисти, дела од и за македонската книжевна историја, монографски изданија за македонската култура и антологии се само дел од донацијата на „Матица македонска“ за Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Друштвото е формирано во 2009 година со цел да се заштити македонското национално малцинство во Република Албанија и е првото друштво на Македонци надвор од матичната држава што е рамноправен член со право на глас во Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Донацијата од „Матица македонска“ е најголемиот и највреден дар од книги на македонски јазик што досега е даден за Македонците во Албанија, соопшти „Матица“.

Издавачката куќа информира дека Македонско друштво „Илинден“ – Тирана упатува искрена благодарност за вредната донација со македонска литература.

-Оваа значајна иницијатива претставува силна поддршка и дополнителен поттик за зачувување, негување и афирмација на македонскиот јазик, култура и идентитет меѓу Македонците во Република Албанија. Со вакви дела на солидарност и соработка се зацврстуваат културните врски и се создаваат нови можности за понатамошна поддршка и заеднички активности. Гестот и заложбата на првата издавачка куќа во самостојна Македонија, Македонците од Албанија, вклучително и младите генерации да имаат можност да читаат и да се едуцираат на македонски јазик од вредни дела, притоа осознавајќи многу за македонскиот идентитет, е од суштинско значење за нас и за остварување на нашата цел, истакнува претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Во соопштението е наведено дека донацијата од „Матица македонска“ содржи изданија што ќе можат да ги опфатат сите предели каде што живее македонското национално малцинство во Албанија и каде што Македонкото друштво „Илинден“ има активности, вклучително и преку органокот во Голо Брдо.

-Оваа акција на првата издавачка куќа во самостојна Македонија се случува во клучен период на предизвици за македонското национално малцинство во Албанија, а непосредно откако Македонското друштво „Илинден“, на 6 февруари, одбележа 17 години постоење, соопшти издавачката куќа.

Во текот на изминатите недели, во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, „Матица македонска“ донираше книги и за Друштвото на иселениците од Македонија „Егемакгоч“ во Измир, Турција,  за училиште во Света Недела, Хрватска, каде што се изучува македонскиот јазик, како и за Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

-Во ова Друштво, покрај иселеници Турци, кои иако отселени во 1957 година сѐ уште со гордост го зборуваат македонскиот јазик, членуваат и нивните потомци – до најмладите генерации родени таму во 21 век, коишто имаат желба да го научат и да зборуваат, читаат и пишуваат на јазикот на земјата од којашто потекнуваат – македонскиот, и љубовта кон него и кон Македонија да се пренесува од генерација на генерација. Само еден ден откако беше објавено дека во уште едно училиште во Хрватска, во градот Света Недела во близина на Самобор, ќе се изучуваат македонскиот јазик и култура, веќе се случи првата донација од Македонија за училиштето. „Матица македонска“ испрати голема донација од книги во Хрватска, за учениците што ќе го учат предметот Македонски јазик и култура во Света Недела. На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, заедно со „Алкалоид“, „Матица македонска’ донираше капитални дела за македонистиката на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана – првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија. Во пресрет на јубилејот 65 години од отворањето на првиот лекторат по македонски јазик во светот, оваа донација е и првата поддршка во ваков формат упатена од Македонија до љубљанската македонистичка катедра по овој повод, соопшти „Матица македонска“.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија3 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет5 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет6 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет11 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет14 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет15 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет15 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет16 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет16 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет16 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија17 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет17 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет17 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет20 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија21 час

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет22 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...